Менторот на гостиварецот, кој планираше атентат врз Тејлор Свифт во Виена, треба да биде егзекутиран - Канал 5

Менторот на гостиварецот, кој планираше атентат врз Тејлор Свифт во Виена, треба да биде егзекутиран

Австрискиот државјанин со турско потекло Хасан Е. (21), соучесник на осудениот исламистички терорист Беран А. по потекло од Гостивар, се соочува со смртна казна .

Менторот на гостиварецот, кој планираше атентат врз Тејлор Свифт во Виена, треба да биде егзекутиран

Австрискиот државјанин со турско потекло Хасан Е. (21), соучесник на осудениот исламистички терорист Беран А. по потекло од Гостивар, се соочува со смртна казна во Саудиска Арабија за избодување на пет лица во Мека во 2024 година. Пресудата се очекува денеска, а на младиот човек му се заканува смртна казна, пренесува австриски Heute.

Овој 21-годишник, кого австриските истражители го опишуваат како ментор и школски другар на терористот Беран А. кој го планирал нападот на концертот на Тејлор Свифт во 2024 година, е обвинет дека извршил крвав напад со ладно оружје во центарот на Мека во март 2024 година во име на Исламската држава (ИСИЛ). Нападот на концертот е спречен, а концертот е откажан. На 15 години затвор е осуден Беран А.

Крвави планови во Истанбул, Дубаи и Мека

Целиот случај беше и една од главните теми на неодамнешното судење за тероризам во виенскиот Нов град (Винер Нојштад). Според обвинението, планот бил Беран А. и Арда К. истовремено да извршат напади во Истанбул и Дубаи. Но, двајцата во последен момент се откажале од акцијата, поради што во австриски суд се осудени на 12 и 15 години затвор за соучесништво во обид за убиство.

Во текот на таа судска постапка, обвинетиот сообвинет го опиша Хасан Е. како главна движечка сила и мозокот на целата терористичка операција. За разлика од неговите соработници кои отстапија, Хасан Е. беше единствениот кој го спроведе својот план до крај. Тој купил нож на пазар за овошје и зеленчук во Мека, отишол во големата џамија Ал-Харам и најпрво го избодел чуварот во вратот. После тоа нападнал уште четири лица. Сите пет жртви за среќа го преживеаја нападот.

Во кафез без дневна светлина ја чека одлуката за погубување

Австриецот од моментот на апсењето е зад решетки во Саудиска Арабија, а во јавноста протекуваат многу малку информации за условите во кои се наоѓа. Австриското Министерство за надворешни работи потврди дека амбасадата во Ријад му дава конзуларна помош на својот државјанин и одржува редовен контакт со него.

Меѓутоа, новинарското истражување на Puls24 и Der Standard ги откри условите во саудискиот затвор. За време на посетата на дипломатски претставници, Хасан Е. раскажал дека е во ќелија со уште 13 затвореници, дека има скршена рака и неподнослива забоболка. Се вели дека во собата нема кревет или извор на природна светлина, а му е дозволено да излегува на свеж воздух само пет минути неделно.

Со закана за пукање или обезглавување, младиот човек веќе е законски осуден на отштета на жртвите во износ од 30.000 саудиски риали, што е околу 7.000 евра. Сите претходни обиди на неговите адвокати да го екстрадираат во Австрија, со што би се избегнала сигурна смртна казна, биле категорично одбиени. Презумпцијата на невиност сè уште важи во целиот случај.

Од каде го добил државјанството?

Родителите на Хасан Е. по потекло се од Турција. Австриските медиуми, поради законски одредби, од каде го добил австрискиот пасош, но имајќи предвид дека Австрија не признава државјанство по раѓање на територијата на државата, Хасан можел да добие австриско државјанство само ако барем еден од неговите родители имал австриско државјанство во тоа време или преку долгорочен процес на натурализација на семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Репрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници

 Европските кошаркарски легенди Дејан Бодирога и Жељко Ребрача беа херои на екс Југославија и заедно ја освоија Европа и Светот, но денес се разделени од политиката.

Репрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници

Од заедничкото освојување на светскиот трон во Атина во 1998 година, каде што беа едни од главните членови на репрезентацијата на СР Југославија, патиштата на Дејан Бодирога и Жељко Ребрача денеска се вкрстија на сосема спротивни страни во пратеничките клупи на Народното собрание на Република Србија.

На Светското првенство во Грција, токму тие двајца беа најзаслужни за освојувањето на златниот медал, делејќи ги главните улоги на патот до тронот.

Дејан Бодирога тогаш беше официјално прогласен за најкорисен играч (МВП) на целото првенство, со просек од 14,7 поени, пет скока и 2,2 асистенции по натпревар, а особено се истакна во полуфиналето против домаќинот Грција, кога постигна 31 поен. Од друга страна, Жељко Ребрача блесна токму кога беше најпотребно, одиграјќи го својот најдобар натпревар во финалето против Русија – натпревар што Југославија го доби со резултат 64:62.

Ребрача беше апсолутен херој и најефикасен поединец на натпреварот со 16 поени и 11 скока; тој беше избран во идеалната петорка на турнирот, а неговата клучна блокада и офанзивен скок во последната минута директно го решија исходот на натпреварот.

Нивната спортска соработка успешно продолжи и на клупско ниво, бидејќи во периодот од 1999 до 2001 година заедно го носеа дресот на атински Панатинаикос и, под водство на Жељко Обрадовиќ, ја освоија титулата европски шампион.

Сепак, по завршувањето на нивните блескави играчки кариери, животните патишта и општествениот ангажман ги однесоа на сосема спротивни страни на српската политичка сцена.

По крајот на кариерите на паркетот, Дејан Бодирога се посвети на спортскиот менаџмент и ја презеде функцијата претседател на Евролигата, а Ребрача е сосптвеник на кошарксрка школа.

Бодирога во јавниот и политичкиот живот на Србија влезе преку давање отворена поддршка за студентските протести и иницијативата „ПроГлас“.

На парламентарните избори одржани кон крајот на октомври 2026 година, тој настапи како 24-ти на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, а со полагањето на заклетвата на 17 ноември 2026 година, официјално го започна својот прв пратенички мандат во 15-тиот состав на Собранието.

За разлика од него, Жељко Ребрача, по богатата кариера во Европа и НБА – каде што настапуваше за Детроит, Атланта и Лос Анџелес Клиперс – ја извршуваше функцијата претседател на Кошаркарскиот клуб „Војводина“, а својот политички ангажман го поврза со Српската напредна странка.

Како долгогодишен член на владејачката партија, тој го започна својот прв пратенички мандат во февруари 2024 година, а на изборите во октомври 2026 година, зазеде високо 19-то место на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и со тоа обезбеди нов мандат.

Така, некогашните соиграчи, кои пред речиси три децении ѝ донесоа огромна радост на нацијата на кошаркарскиот терен во Атина, денес станаа политички ривали кои седат на спротивните страни во собраниската сала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Претседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува  фудбалскиот клуб Чукарички.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година.

„Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport.

По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот.

Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот.

„Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“.

Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени.

Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер