Менсур Пајазити кој ја прегази 22 годишната тетовчанка Теодора не се појави на рочиштето - Канал 5

Менсур Пајазити кој ја прегази 22 годишната тетовчанка Теодора не се појави на рочиштето

Менсур Пајазити, кој пред три години на пешачки премин смртно ја прегази 22 годишната тетовчанка Теодора Ристовска, не се појави на првото рочиште од повтореното судење по негово барање.

Менсур Пајазити кој ја прегази 22 годишната тетовчанка Теодора не се појави на рочиштето

Менсур Пајазити, кој пред три години на пешачки премин смртно ја прегази 22 годишната тетовчанка Теодора Ристовска, не се појави на првото рочиште од повтореното судење по негово барање, а прифатено од Врховниот суд оти бил хоспитализиран... Во основниот суд во Тетово, по речиси три години повторно се појави само семејството на Теодора, чија сестра низ солзи и трепер развлекувањето на процесот го нарече хорор и болка.. Таа побара правда и да се стави конечен крај на дополнителната агонија што на семејството му ја предизвикува судењето..

-По 2 и пол години повторно се наоѓаме пред Основен суд, повторно не враќаат во болка, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години, студент кој се бореше за своите соништа, беше човек со огромна душа. Не ми е јасно, уште колку треба да поминуваме низ истиот пекол за нешто што е очигледно, уште колку солзи треба да пролееме,- -Ева Ристовска – Сестра на Теодора Ристовска.

За отсуството на Пајазити, како што кажа судијата Елведин Ферати, до судот вчера од страна на неговата сопруга, бил доставен медицински извештај од Клиничка болница дека бил задржан како пациент на интерно одделение, па главната расправа ќе се одржи на 27 март.

Семејството пак смета дека станува збор за одолговлекување и бараат максимална казна за Пајазити. Тој досега не одлежа ниту еден ден за стореното, за што првично доби 3 години и 6 месеци затвор. Но, по неговата жалба и барање на условна, казната од страна на Апелација му беше намалена на две години за што првично обвинителството се противело, а потоа и самите сугерирале да има ублажување на истата. На крајот, обвинетиот се жалел и на Врховен, кој одлучил да го врати судењето на почеток.

-Обвинетиот го признава делото, тоа го направи во завршните зборови, прво степениот суд го осуди на три години и шест месеци затвор, од каде тој се упатува до апелационен суд во Гостивар и се жали на казната во Вишото јавно обвинителство во Гостивар и се согласува со неговата жалба. Зошто? Зошто Виши јавен обвинител? -Ева Ристовска – Сестра на Теодора Ристовска.

Тогаш 49 годишниот Пајазити, од Голема Речица, ја прегази Теодора на 15 август 2022 година на пешачки премин во Тетово, а таа три дена подоцна им подлегна на повредите на Клиника во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. 

Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион

Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот со што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија-ЈЕТРО.

“Во однос на глобалната криза, се обидуваме да ги задржиме добрите економски показатели и со гордост можеме да кажеме дека во целиот реигон на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек од околу 3 %, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релавантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги корегираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од 3,8 % на БДП. ​Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен” – исaтка Николоски

Тој додаде дека Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ.

“ Зeмјата е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки. Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Труција, Унгарија и САД. Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналениот данок на доход изнесува 10 %, данокот на добивка е исто 10 % која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование” – додаде вицепремиерот Николоски.

На средбата истакна дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка.

ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот

Познатата ТВ водителка и членка на жири на познато светско шоу,  Аманда Холден повторно ги воодушеви фановите со своето секси издание на хуманитарен настан. 

Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот

Да, Аманда се појави речиси гола на црвениот тепих и ги засени сите .Во шестата деценија од животот, атрактивната водителка е позната по тоа што секогаш привлекува погледи со своите модни изданија на црвениот тепих.

Аманда Холден го привлече вниманието на сите присутни на хуманитарниот настан „Make Some Noise“, организиран од медиумската компанија „Global“, кој се одржа во Лондон.

Иако во текот на летото редовно нè „честеше“ со провокативни изданија во бикини, таа сега покажа дека може да биде исто толку провокативна и во елегантни креации.

Водителката (55) се појави во исклучително смел црн фустан изработен од проѕирен материјал, со детали од тантела и прекрасни ракави украсени со пердуви.

Креацијата ја откриваше нејзината фигура, но и облеката што ја носеше под неа, со што Аманда уште еднаш покажа дека нема проблем со модните ризици и дека не се плаши да ги помести границите на добриот вкус.

Во провокативен фустан, кој истовремено носеше шарм на холивудски гламур, таа зрачеше со самодоверба и ја покажа својата затегната фигура. Во шестата деценија од животот, таа изгледа подобро од кога било, а се чини дека, кога станува збор за модните избори, годините за неа се само бројка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заедничко соопштение на Си, Трамп и Путин по трилатералната средба - четири точки се клучни

Заедничка изјава на Си, Трамп и Путин од трилатералната средба во Шенжен .

Заедничко соопштение на Си, Трамп и Путин по трилатералната средба - четири точки се клучни

Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка изјава по нивниот историски трилатерален самит.

Тројцата лидери наведуваат дека се посветени на залагањето за реформа на Обединетите нации, со цел организацијата „поефективно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата основна мисија – зачувување на меѓународниот мир и безбедност“.

Тие, исто така, се договорија да го зголемат производството на преработени нафтени деривати „за добробит на сите нации“, и покрај меѓународните санкции насочени против продажбата на руска нафта.

Дополнително, во изјавата се потврдува „почитувањето на имунитетот на државните функционери“ и се упатува повик до Меѓународниот кривичен суд да не ја „злоупотребува“ својата надлежност.

Ова меѓународно тело издаде налог за апсење на Владимир Путин поради неговата наводна одговорност за воени злосторства во руската војна во Украина.

Лидерите, исто така, потврдија дека „не смее да се води нуклеарна војна“ и ветија дека ќе „воспостават дијалог“ за нуклеарните ризици и пролиферацијата, откако Трамп се залагаше за денуклеаризација во своето воведно обраќање и коментари пред самитот.

Општи заклучоци:

Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи во корист на сите нации. Тие уште еднаш ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови.

Како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина, Русија и Соединетите Американски Држави се посветени на промовирање на реформата на Обединетите нации за да можат поефикасно да одговорат на глобалните предизвици и да ја исполнат својата основна мисија за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

Тројцата шефови на држави оценија дека принципот на национална согласност и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од најголема важност, и се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и други слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност.

Трамп, Путин и Си повторија дека нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води. Трите земји ќе започнат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер