ФудбалМенаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за негоМенаџерот на бразилската фудбалска ѕвезда, Винисиус Жуниор објави фотографија пред неговиот лет за Лондон За Винисиус Жуниор во Реал Мадрид пристигна момент на одлука, пренесува „Ас“. Бразилецот треба да се сретне со Жозе Мурињо и со претставници на клубот за да разговараат за неговата иднина. Доколку не се постигне договор за нов договор, станува сè поверојатно дека тој би можел да го напушти клубот ова лето. Според овие информации, Реал Мадрид нема намера да ја подобри својата понуда за продолжување на договорот и очекува брза и јасна одлука од Винисиус. Во меѓувреме, Арсенал продолжува да ја следи ситуацијата и е подготвен да преземе чекори за ангажирање на бразилскиот напаѓач. Колку би платил Арсенал за Винисиус? Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја презеде контролата врз „операцијата Винисиус“. Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Арсенал е подготвен да плати 150 милиони евра за Винисиус. Ова би бил најголемиот дојдовен трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Рекордот моментално го држи Деклан Рајс, кого Арсенал го ангажираше за 116 милиони евра.Тагови: Арсенал Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќескаДесет пожари се’ уште се активни на територијата на Македонија. Критично е во мариовско Бонче каде на пладне еден крак повторно се разгоре откако синоќа пожарот ставен под контрола. Попладнево поради силен ветер пламните јазици повторно се разгореа, се активираше огнена точка и огнот се прошири на уште еден крак. Екипи на ЦУК заедно со битолските доброволци пожарникри и локани доброволци, се на терен и како што оценува Ангелов селото не е загрозено и очекуваат во текот на денот и овој пожар да биде ставен под контрола. Состојбата во село Палиград е стабилна, таму утринава интервенираат три „ертрактори“, бидејќи огнот се приближил на стотина метри од последните куќи во селото. Меѓу време се разгоре пожар во селотот Бигла, каде неодговорно лице палело гуми во својот дом, и од невнимани огнот се проширил во блиската борова шума. Противпожрните единици од Дечлево се не терен, таму се упатени трите ер-трктори и еден политиски хелоктоптр. Инаку доброволните пожарникари од Битола и Кочани сведочеа од терен за тешката битка со пламените јазици кај Бонче, а според сведоштвата од терен, нивната интервенција била пресудна селото да биде спасено од огнената стихија. Во Бонче исто така екипи на итната помош интервенирале на терен, едно лице вдишало чад справувајќи се со огнената стихија.. Во моментот на територија на МАакедонија има 10 Активни пожари, два се ставени под контрола, 1 пожар е изгаснат. Покрај активниот пожар во Бонче, се уште гори кај Палиград и Цветово во општините Зелениково и Студеничани. Активни пожари има и во општините Делчево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Кичево и Желино. Пожарите во општините Маврово, Ростуше и Врапчиште, се ставени под контрола, Пожарот во општина Теарце е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе избегнува „Табановце“, се повеќе се користи граничниоот премин Пелинце - Прохор ПчинскиВоведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија.На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат колони возила на вториот граничен премин Пелинце – Прохор Пчински, кој има само една лента и е далеку од коридорот 10, во обид да ги избегнат гужвите на Табановце и евентуалните казни што ги чекаат. Но, според информациите од МВР, наскоро на сите гранични премини ќе се издаваат платните налози. За 6 месеци од стартот на Сејф сити, пола од вкупно направените прекршоци, или околу 180.000 ги сториле странски возачи, а само на 19 и 20 август над 5.500, во најголем дел за пречекорување на дозволената брзина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтринава се пукало во Арачиново – ранети се двајца во „Шкода“Се пукало во Арачиново утринава, повредени се двајца во „Шкода“.МВР соопшти дека во 5:45 минути во СВР Скопје било пријавено дека на ул„18“ во селото се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од полициското одделение Арачиново и единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле 34 годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. се преземаат мерки за расчистување на настанот. – сооошти МВР.Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter