Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори - Канал 5

Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори

Прес-конференција на Никола Мемов од Движењето ЗНАМ.

Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори

Во продолжение интегралниот текст од прес-конференцијата:

„Дозволете ми да изразам големо задоволство од резултатите на локалните избори, кои ги освои Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, со освоени речиси 40.000 гласови.

Воедно сакаме да се заблагодариме на сите граѓани, членови, симпатизери и подржувачи на ЗНАМ, кои го искористија своето право на глас и ја потврдија довербата во нашето делување.

Вашиот глас е нашата најголема поддршка и мотив да продолжиме понатаму.

Овие избори ја потврдија стабилизацијата на нашето гласачко тело во однос на минатите парламентарни избори и покажаа дека владините политики кои ги водиме се во вистинска насока.

Јасно е дека граѓаните го препознаваат нашето чесно и одговорно делување.

Нашиот концепт на чесна, директна и народна политика наидува на сè поголема поддршка низ целата држава – и тоа е клучната порака од овие локални избори.

Истакнуваме дека за прв пат освоивме советнички места во повеќе од 50 општини низ Македонија, како и во Градот Скопје.

Тоа е доказ дека ЗНАМ станува релевантна политичка сила која носи вистински промени и влијание на локално ниво.

Во куманово имаме убедливото водство во првиот круг, каде што нашиот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски оствари предност од над 11.000 гласа.

Кандидатот на СДСМ не успеа ниту да се пласира во вториот круг, што јасно ја покажува реалната поддршка на граѓаните за ЗНАМ и разликата меѓу политиките и празните ветувања на СДСМ.

Едновремено, се гледа агонијата на СДСМ и на државно ниво, со освоени само околу 120.000 гласови е јасен сигнал дека граѓаните ја изгубија довербата во нивните политики.

Во општина Центар влегуваме во вториот круг, ја продолжуваме борбата за промена и крај на владеењето на старите политички структури.

Убедени сме дека Мирослав Лабудовиќ ќе победи во Центар, носејќи обнова, транспарентност и правда.

Овие избори покажаа дека значителен број гласови добија и независните кандидати, што е позитивен сигнал за демократијата и поголемо учество на граѓанските иницијативи во локалните самоуправи.

ЗНАМ продолжува понатаму - обединети, со нова енергија, јасна визија и конкретни решенија за промени.“

Центар за комуникации и аналитика

Движење ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Василевски петти ден штрајкува со глад пред Медицинскиот факултет

Петти ден само со вода и електролити и без како што самиот посочува, ниту „залак“, доктор Дарко Василевски го продолжува штрајкот со глад на во паркот пред деканатот на Медицинскиот факултет. 

Д-р Василевски петти ден штрајкува со глад пред Медицинскиот факултет

Вели исцрпен е, но се чувствува добро, и физички и психички. Досега од итна медицинска помош потреба немал, а првите, евентуални потешкотии и можна опасност по здравјето очекува по седмиот ден. Најтешки моменти, кога е сам во шаторот, му се недостасувањето на семејството, особено на 14 годишниот внук, и студот кој го облева во зори.

-Мислам дека некаде после седмиот ден би можел да почувствувам изнемоштеност, слабост, срце биење, малаксалост, сепак и покрај тоа што внесувам течности, електролити, сепак организмот си бара и храна. Колку може да биде опасност за вас? Може. Кој е најзагрижен? Мислам дека внук ми, нему му е од една страна интересно, чичо спие во шатор, а од друга страна го чувстувам по гласот дека мисли дека нешто лошо ќе ми се случи. 13 – 14 години има. Он ми недостасува најмногу. Синоќа беше не сакам да доаѓа премногу често, малечок и би влијаело тоа на него. А, на вас? Мислам дека уште повеќе,- - д-р Дарко Василевски.

Добар дел од неговите пријатели во клиничкиот центар го посетуваат и му даваат совети како да го одржи организмот во кондиција, но најгласен, вели, е советот да си оди дома и да си го чува здравјето. Но, дециден е, ништо нема да го одврати од замисленото и покрај, според него, молкот од институциите. Оптимист е и очекува совеста, како што вели, на крајот да проработи кај надлежните...

-Се надевам дека на крајот ќе проработи разумот, дека ќе престане игнорантскиот однос и дека имаат шанса некои да станат херои од целата оваа ситуација. Од нив зависи дали ќе станат херои или ќе останат запаметени по некои други работи. Се надевам, јас сум оптимист и секогаш ги барам позитивните и добри страни во секој еден човек, така да се надевам дека и овде ќе проработи нечија свест и совет,- - Д-р Дарко Василевски.

Василевски очекува да му се објасни зошто не е избран на конкурсот за вработување на медицинскиот факултет, и да се објавават критериумите и ранг-листите според кои биле избрани двајцата кандидати пред него. Воедно очекува да се преиспита дали бил дискриминират поради возраста, оти има 45 години, наместо да се земат предвид стручноста, искуството и знаењето.

Од Медицинскиот факултет пак кажаа дека постапката била објективна и транспарентна, без Василевски да биде поставен во подредена положба, туку едноставно дека избраните кандидати биле подобро рангирани според формалното образование и интервјуто. Според податоците од деканатот, Василевски бил со просек од 8,20, а кандидатите кои биле вработени, со 9,29, односно 9,21.

МОН во меѓувреме го повика да поднесе претставка за да се провери законитоста на постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер