„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
1„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
2Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
МакедонијаМемов: Стабилизацијата на пензискиот систем бара координирана активност на повеќе чинители во државатаДиректорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на меѓународната конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“, во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови на Македонија. Во своето обраќање истакна дека реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но, како што рече, се уште има предизвици. -Еден од најголемите предизвици е дефицитот во буџетот на Фондот, кој се провлекува со години, кој е резултат на повеќе чинители, меѓу кои недоволниот број на осигуреници наспроти се поголемиот број на пензионери, издвојувањата од придонесот за ПИО за вториот столб, како и придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, што паѓа на товар на Фондот, рече Мемов. Посочи дека други предизвици кои имаат и ќе имаат се поголемо влијание во наредниот период се стареењето на населението и намалувањето на работоспособното население поради помалиот наталитет со кој се соочува државата, како и иселувањето, особено на младите лица. Директорот на Фондот на ПИОМ нагласи дека првата и основна мерка за консолидирање на финансиската состојба на пензискиот систем е економскиот раст на земјата и отворање на нови работни места. Тој рече дека е невозможна консолидација на само еден сегмент, т.е само на пензискиот систем и е потребно да се гледа големата слика, зашто системите се поврзани и зависат еден од друг. -Државата почива на неколку основни столбови: политички систем ( правосудство и државна управа, здравствен систем, образование итн.); безбедносен систем ( војска и полиција); економски систем ( приватен, реален сектор, банкарски систем) и пензиски систем ( кој опфаќа скоро половина од приливите во буџетот и 2/3 од населението). Сите овие столбови се меѓусебно поврзани и потребна е нивна взамна консолидација, рече Мемов. Како втора мерка за консолидација тој го посочи обезбедувањето на средства преку реален пасивен приход. Мемов порача дека со реформата и воведувањето на вториот столб се актуелизира овој концепт за пасивен приход на финансирање на пензискиот систем каде што пензиските друштва ја преземаат улогата на инвеститори и оплодувачи на парите, но имаат законски ограничувања, согласно моделот на Светска банка, каде и во колкав процент од средствата можат да инвестираат. -Сметам дека е потребно да се размислува во насока да се направат законски измени со кои пензиските друштва ќе можат да инвестираат до 50 проценти од средствата од вториот столб на странски берзи, но со соодветни заштитни механизми и скалест ризик при инвестирањето. Исто така, како друга варијанта, може да се размислува и во правец на инвестирање на акумулираните средства од страна на државата во акции и удели во компании кои остваруваат реален профит, како што тоа се прави во некои земји во Европа, нагласи Мемов. Тој додаде дека Фондот во изминатиот период до Министерството за социјална политика, демографија и млади достави краткорочни и среднорочни мерки за подобрување на финансиската ситуација, како што се можност за уплата на придонес за ПИО од страна на физички лица кои не се во редовен работен однос, а остваруваат приходи; продолжување на работниот однос на доброволна основа по навршени 64 години живот за сите вработени во приватниот сектор; постепено зголемување на стапката на придонес за ПИО од 0,3 проценти годишно до 2030 година и плаќање на придонесите на ангажираните лица со договор на дело во јавниот сектор. Мемов посочи дека реформата на пензискиот систем придонесе да се подобри наплатата на придонесите со што е оневозможена ситуацијата од деведесеттите, кога за голем број на вработени не се плаќале придонесите за пензиско осигурување и тие денес имаат проблем во остварувањето на правото на пензија и регулирање на стажот, а со воведувањето на вториот столб осигурениците, имаат свои лични средства за пензија кои се оплодуваат, транспарентен увид во нив и поголема сигурност во остварувањето на правото на пензија и нејзината исплата. -Пензискиот систем и денес, после 20 години од реформата, се соочува со предизвици за кои сите заедно треба да најдеме решенија. Со координирана активност на Владата, Министерството за социјална политика, демографија и млади, пензиските друштва, МАПАС, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во периодот што е пред нас можеме да ги направиме дополнителните чекори и да придонесеме во стабилизацијата на пензискиот систем. Треба да се сослушаме и заеднички да дејствуваме за подобро утре на осигурениците и на идните пензионери. Во таа насока Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и понатаму ќе ги анализира состојбите, ќе предлага решенија за остварување на целта редовна исплата и зголемување на пензиите и задоволни осигуреници и пензионери на секој први во месецот, рече Мемов.Тагови: Мемов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Македонија„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста. „Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет. „Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНема нови случаи на заболени со морбили во МакедонијаДенеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните. Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани. На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЃорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална салаПовеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00