Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
1Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
МакедонијаМемов: Секој што соработува со нереформираната ДУИ е неприфатливСекој што соработува со нереформираната ДУИ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ЗНАМ.Секој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ За движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ова движење, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Никола Мемов. Коментирајќи ги случувањата во коалицијата ВРЕДИ кои се дел од владината коалиција заедно со ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ, Мемов рече дека превирањата во албанскиот партнер не се закана за владејачкото мнозинство и оти во моментов владината коалиција функционира тековно и без никакви застои. -Владата е стабилна, со самиот став ЗНАМ и коалицијата ВМРО ДПМНЕ обезбедуваат мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратениците во коалицијата ВРЕДИ кои ја поддржуваат Владата, рече Мемов на денешната прес-конференција. Партијата синоќа одржала седница на Извршниот одбор на која ја разгледувала актуелната политичка ситуација во земјата и случувањата во владиниот партнер коалицијата ВРЕДИ за што велат дека се нивно внатрешно прашање. Еден од усвоените заклучоци што го изнесе портпаролот на денешната прес-конференција е дека за Движењето ЗНАМ За наша Македонија не е прифатлива соработка со поранешни актуелни и идни функционери, пратеници и членови од редовите на СДСМ за кои имаа индиции дека учествувале или се дел од организираниот криминал и корупцијата во Репулбика Македонија. Мемов на новинарски прашања дали ќе побараат оставка или разрешување на министерот за здравство Арбен Таравари, кој како дел од АА беше коалицијата ВРЕДИ, не даде конкретен одговор, туку упати на премиерот Христијан Мицковски. -За идните случувања во владината коалиција Движењето ЗНАМ За наша Македонија смета дека тоа прашање е во надлежност на претседателот на Владата господинот Христијан Мицковски, рече Мемов. Мемов исто така посочи дека разговорите и комункацијата како партнери во Владата е континуирана и оти таа не престанала никогаш. Според Мемов сите отворени прашања се дискутираа во рамките на владиното партнерство. Тагови: Движењето ЗНАМ Мемов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 3 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, Крушево, 6 Лазарополе, 8 Берово, 10 Крива Паланка, Прилеп, Тетово, 11 Скопје - Зајчев Рид, Виница, Штип, 12 Скопје - Петровец, Претор, Битола, Кавадарци, 13 Велес, Демир Капија, 14 Охрид, Струмица, 17 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаОпсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно кадеВселенската опсерваторија „Свифт“ на американската вселенска агенција НАСА треба да влезе во атмосферата на Земјата денеска, односно да „падне од небото“. Точното време на повторното влегување сè уште не е познато, но проценките сугерираат дека тоа ќе се случи во наредните часови. Тековната позиција на Свифт може да се следи на веб-страницата N2YO.com. Моментално е на надморска височина од околу 160 километри. Вселенското летало од 1,5 тони помина речиси 22 години набљудувајќи експлозии на гама-зраци. Сега се очекува повторно да влезе во атмосферата на Земјата, создавајќи огнена топка што би можела да биде видлива дури и на дневна светлина. Поголемиот дел од Свифт ќе изгори за време на повторното влегување, но некои од деловите од волфрам и огледало на опсерваторијата може да го преживеат согорувањето. НАСА се обиде да го спаси Свифт. Во јули, „Каталист Спејс“ лансираше роботско вселенско летало наречено LINK за да се сретне со Свифт и да го подигне во повисока орбита. Таа мисија не успеа. Во меѓувреме, сончевата активност ги „разнесе“ горните слоеви на Земјината атмосфера, влечејќи го Свифт надолу многу побрзо од очекуваното.Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00