Мемфис Депај ја продолжува кариерата во Коринтијанс - Канал 5

Мемфис Депај ја продолжува кариерата во Коринтијанс

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај кариерата ќе ја продолжи во бразилски Коринтијанс, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.

Мемфис Депај ја продолжува кариерата во Коринтијанс

Депај (30) ги помина медицинските прегледи во Ајндховен пред да замине во Сао Паоло и ќе потпише двегодишен договор со бразилскиот клуб, до лето 2026 година.

Холандскиот фудбалски репрезентативец минатата сезона настапуваше за Атлетико Мадрид, кој го напушти летото.

Во сезоната 2023/24 во Ла Лига, Депај одигра 23 натпревари, на кои постигна пет голови и додаде една асистенција./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните ја спасија Унгарија од колапс

 Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека граѓаните на Унгарија ја спасиле земјата од колапс благодарение на нивното дисциплинирано однесување во изминатите неколку дена.

Граѓаните ја спасија Унгарија од колапс

Токму затоа, како што додаде тој, Работната група за одбрана одлучи дека засега нема потреба да се воведуваат задолжителни ограничувања на потрошувачката на енергија за компаниите.

Маѓар во најновата видео-порака на Фејсбук изјави дека станува збор само за моментална проценка и дека владата може да интервенира во секое време, пренесува „Маѓар немзет“.

Според него, граѓаните, компаниите, локалните самоуправи и институциите во неделата заштедиле 700 мегавати електрична енергија – што одговара на производството на еден и пол блок од нуклеарната централа „Пакш“ – а тоа привремено довело до благо покачување на нивото на водата поради намаленото пумпање.

„Владата, заедно со експерти за енергетика и води, ги разгледа податоците за очекуваната потрошувачка за оваа недела, расположливите капацитети на домашните електрани, како и можностите за увоз и трговија. Не може да се воведе задолжително ограничување на потрошувачката за домаќинствата. Им благодарам на граѓаните за нивната солидарност. Владата очекува дека стотици големи компании-потрошувачи ќе се придржуваат кон доброволното намалување на потрошувачката“, изјави тој.

Тој повторно упати апел до граѓаните да се обидат што е можно повеќе да ја намалат или прераспределат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 17:00 до 22:00 часот.

Исто така, изјави дека постојано се бара решение за да се избегне целосно исклучување на електраната и дека во моментов се испитува можноста за задржување на водата надвор од електраната, но дека доколку нивото на водата се спушти за уште пет сантиметри, ќе мора да се исклучи и последната турбина.

„Земјата доби уште еден или два дена, што би можело малку да ѝ помогне на електроенергетската мрежа во деновите на најголема потрошувачка. Ќе биде многу тешко, но заедно ќе го надминеме тоа“, рече Маџар и нагласи дека снабдувањето на населението со електрична енергија ќе се ограничува само во краен случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

РЕАКЦИЈА НА СДС

За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност

СДС наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата.

Тоа што СДС не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив.

За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните.

За разлика од едни минати времиња на власт на СДС, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат.

Оттука, разликите во пристапот се евидентни и на СДС и порачуваме ако сакаат некој да им поверува дека се грижат за здравјето на граѓаните, а не само за политички поени, нека го повикаат на одговорност и нека побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани, кој тие го поддржаа за да станат дел од локалната власт во Гостивар.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите.

Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење.

Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии.

Ова е скандалозно.

Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење.

Високото ниво на хлор предизвикува иритација на кожата, очите и дишните патишта.

Особено е опасно при топол туш.

А што најавуваа досега?

Мицкоски најави дека водата ќе биде технички исправна и врз основа на таа изјава граѓаните ја користат водата за капење.

Министерот Клековски најави дека до крајот на минатата недела водата ќе биде безбедна за пиење.

Пред два дена Мицкоски повторно изјави дека „за првпат по многу години“ водата ќе биде бактериолошки исправна.

Во исто време, додека министерот најавуваше вода за пиење, Мицкоски рече дека не може - затоа што се појавила нова бактерија.

Ова се случува кога нестручни лица даваат објаснувања.

Секој ден различни упатства.

Граѓаните се збунети, а последиците по здравјето можат да бидат катастрофални.

Сѐ што прават е за политички поени. Резултати нема - само медиумска пропаганда.

Сѐ уште не знаеме кој потпишал дека водата е технички исправна и безбедна за капење.

Ако некој го потпишал тоа, а сега се докаже дека водата не била ни технички исправна, тој мора кривично да одговара.

Тоа што Владата деновиве не го покажува официјалниот документ, наведува на сомнеж дека документ воопшто нема.

Сѐ се работи по налог на Мицкоски, во служба на неговата кампања, а на штета на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Не можете да си играте со здравјето на граѓаните.

Сите ќе одговарате!

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер