Мемеди: Поединци водат кампања против мене и Клиниката за детски болести - Канал 5

Мемеди: Поединци водат кампања против мене и Клиниката за детски болести

Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи, кривично се одговара и затоа, немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажен „Фејсбук“ профил.

Мемеди: Поединци водат кампања против мене и Клиниката за детски болести

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди смета дека периодов имало кампања против Универзитетската клиника за детски болести и лично против него, иницирана од поединци кои имале лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини.

- Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи, кривично се одговара и затоа, немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажен „Фејсбук“ профил. Меѓу другото, имаше тенденција да се прикаже дека за време на моето директорување, што беше само три месеци во октомври, сега четири месеци, има голема стапка на смртност на Детската клиника, но фактите го говорат спротивното, рече Мемеди на денешната прес-конференција.

Во однос на смртноста на Детската клиника, Мемеди рече дека сега има двапати помала стапка на смртност во споредба од пред пет години.

- Од прикажаната табела со податоци од информатичкиот систем на Детската клиника, јасно се забележува дека сега имаме скоро двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години, односно трипати помала смртност во споредба со пред девет или 10 години, кога имало во просек и по девет умирања месечно, т.е. на секој трет ден по еден смртен исход просечно, во време кога други директоруваа со Детската клиника и имаше друга власт во државата, рече Мемеди.

Во четирите месеци откако е директор рече дека наишол на многу наталожени проблеми, нерешени со години. Кујната е во амортизирана состојба, а надвор од употреба е и хидрофорот од кој се напојуваат со вода хидрантите.

- Кујната каде се подготвува храната за децата и за бебињата е во комплетна амортизирана состојба, со инвентар што е над 20 години стар, што е многу тешко да се одржува по стандарди како што треба, со простории што се руинирани. Во вакви простории на Детската клиника, со години се подготвува храната за деца. Ова не е високоризично? Веднаш презел мерки - изготвување решенија и сега сме во фаза на решавање на овој проблем и просторно и во обезбедување комплетно нова опрема и инвентар. Ова е пумтна станица на Детската клиника, што има неколку пумпи за вода што секојдневно прават дефекти, секоја недела имаме проблем и недостаток на вода. Една од тие пумпи е хидрофор што обезбедува висок притисок за хидрантите што ни се по спратови во случај на пожар и тој хидрофор од 2018 година е надвор од употреба. Замислете, денеска да имаме пожар по спратови, ние немаме притисок, односно немаме вода за гасење пожар. Е, ова е високо ризичен момент, одговори тој на новинарско прашање.

Прашан дали се барало одговорност, директорот рече дека за тоа треба да се погрижат надлежните институции.

- Јас барам решенија. Јас немам време да се бавам со истражувања и со работи што не се дел од мојата надлежност. Мојата надлежност и одговорност е да изготвам решение и што побрзо да ги решавам овие проблеми. Јас сум во тек и во тек е изготвувањето на решението и за кратко време, ние ќе обезбедиме комплетно нова пумпна станица со комплет нови пумпи и просторијата во смисла на изолација бидејќи таа станица е комплетно руинирана. Ова е вон функција. Ова треба да обезбеди комплетна функција за гасење пожари. Лифтовите се над 40 години стари, значи и двата лифта се вон функција и пред да дојдам јас на оваа функција. И никој не се нафатил да го решава овој проблем, а нашите пациенти се качуваат по скали. Затоа, јас не сум излегувал со шпекулации цело ова време, бавејќи се со изнаоѓање решенија за овие проблеми што се натрупани 40 години. Сега сум во фаза на проект и ќе монтираме комплетно нови лифтови, двата што се постари, другите два се надевам другата година ќе ги замениме, појасни Мемеди.

Тој кажа дека имало и расходи што над 10 години не се расходувани, „на хартија - да, меѓутоа ние на Детската клиника сме натрупани од сите страни со отпад преку 10-15 години“.

Мемеди информираше дека кога стапил на функцијата, имал десетици барања, немало апарати за мерење тензија, монитори.

- Сега обезбедив монитор, ЕЕГ апарат што е амортизиран комплетно, за среќа јас почнав постапка пред два месеца, сега од другата недела ќе имаме нов ЕЕГ апарат, а стариот за жал оваа недела откажа. И замислете јас да не почнав постапка, сега немаше да имаме ЕЕГ апарат, за среќа брзо реагирав и се надевам идната недела ќе имаме нов ЕЕГ апарат. Имаме нов рендген апарат, донација од Јапонската амбасада, обезбедив во соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување - хормон за раст за сите деца кои со години чекаа на листа за чекање и тој проблем го решивме. Значи, има една низа работи што успеавме за овој краток период да ги решиме, меѓутоа, има доста проекти со кои сме во тек и се надевам дека во скоро време и јавно ќе презентирам што ние сме сработиле и кои проекти сме ги реализирале што се во интерес на децата и на здравјето на сите деца, потенцираше Мемеди.

На прашање дали специјализанти сами се оставаат на дежурство, тој одговори дека специјалистите биле секое време присутни, бидејќи и тие дежурале.

- Недостаток на кадар е системски проблем што се провлекува со години. На нашата клиника, да, дежураат и специјализанти, меѓутоа во секое време тука се достапни специјалистите, кои исто така дежураат. Значи, не дека немаме специјалисти дежурни кои апсолутно дежураат. Меѓутоа, секако дека имаме сериозен недостаток на кадар. Во последните 14-15 години од нашата клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство и се поставува прашањето, зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника? Тоа прашање треба да се анализира. И овој проблем јас сум го наследил. Затоа, ваков гаф во смисла на кадар во институција, особено на Детската клиника, е прашање што треба да се решава во од, тоа не може преку ноќ да се реши, смета Мемеди.

Тој нагласи дека во однос на забелешките од надзорните комисии за трите починати деца изминатиов период, само во едниот случај имало стручни забелешки.

- За кои јас сум презел мерки и ќе има индивидуална одговорност и веќе има. А во вториот случај за новороденото од Струмица, наодот од стручниот надзор тврди дека нема никакви стручни пропусти. За последниот случај, наредната недела ќе има стручен надзор и ги очекуваме официјалните конкретни наоди, информираше директорот.

Околу преземените мерки за двајца лекари за смртта на 14-месечното бебе, директорот појасни дека согласно законските задолженија, тој формирал комисија за утврдување одговорност за дисциплински престап врз основа на извештаи официјални од Комисијата за стручен надзор и постапката е во тек.

- Односно, има законски рок од 60 дена, Комисијата да одлучи за мерките за одговорност за конкретните колешки, додаде Мемеди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нупниу: Македонија со добрата подготвеност може да има брз напредок во кластерите

Македонија е оценета за доброподготвена за членство во Унијата и е меѓу земјите кандидатки со најголема подготвеност во однос на усогласеноста со европското законодавство, посочи заменик .

Нупниу: Македонија со добрата подготвеност може да има брз напредок во кластерите

Македонија е оценета за доброподготвена за членство во Унијата и е меѓу земјите кандидатки со најголема подготвеност во однос на усогласеноста со европското законодавство, посочи заменик – амбасадорор на ЕУ во земјава Бен Нупнау од панел дискусијата посветена на Извештајот од ЕК. Според него земјава фаќа чекор со процесот на преговарање и посочи дека откако ќе се исполнат условите за отворање на кластерите мошне брзо ќе напредува кон членство. Потенцираше дека е остварен значителен напредок во неколку области, како и одреден прогрес во правосудството, но дека се потребни подобри резултати во борбата против корупцијата.

„Ова година е остварен одреден напредок, особено Извештајот покажува дека има добар степен на подготвеност во надворешната и бебзбедносната политика, како и во областа на образованието и науката, дигиталната трансформација е една од областите со добар степен на подготвеност и имаме извесно до умерно ниво во сферата на владењето на правото што е од сусштинска важност за почеток на преговорите. Со оглед на добрата подготвеност и тоа што земјата фаќа чекор со процесот на преговарање, се уште е можно тоа да се вклучи. Уверени сме дека откако условите за отворање на преговорите и на кластерот еден ќе се остварат ќе можеме да оствариме многу брз напредок во различните кластери “- Бен Нупнау, заменик-амбасадор на ЕУ во Македонија.

Споредбено со земјите кандидатки подобра подготвеност за членство во Унијата бележат Црна Гора и Албанија кои во кластерот Фундамнети се оценти со добро ниво на подготвеност, покажуваат графичките прикази објавени од Институтот за европска политика. Од графиконите може да се види дека Македонија во однос на фундаментите во дел од секторите бележи извесен нaпредок, а во дел ограничен, додека дел од земјите бележат и одредени назадувања. Од ЕПИ оценуваат дека нивото на поготвеност на земјава е умерено и дека подобрувањето се должи пред се на донесените реформски закони.

„Она што може да се забележи како позитивно придвижување за разлика од минатата година во поглавјето 23 кое се однесува на правосудство и на темелни права минатата година немаше напредок, а годинава има ограничен напредок како што имаше во 2024. Во оваа насока се забележува подготовката на патоказот за владеење на правото кој претставува заложба за спроведување на реформите во оваа област за следните години. Од друга страна нивото на услогласеност останува непроментот од од 2019 година, односно и во овој Извештај Македонија има одредено ниво, односно умерено напреднато ниво на подготвеност. А во правосудство конретно има одреден напредок“- Беба Жагар, Институт за европска политика.

Извештајот за напредокот беше објавен завчера, а вчера му беше предаден и на премеирот Христијан Мицкоски кој го оцени како подобар од минатогодишниот, без уназадувања во ниту една област.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки

По еврокомесарката Кос, и македонскиот министер за надворешни работи Муцунски потврдува дека Европската Унија прави напори во дијалогот Скопје-Софија, но детали ниту тој не открива. 

Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки

За неговите очекувања колку брзо ќе има резултати од тој дијалог со европска асистенција, Муцунски во дипломатски одговор кажа само дека разговорите од македонска страна ги водат врз база на утврдените позиции.

„ Мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставници на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки. Ќе повторам дека нашите позиции се јасни, принципиелни и сите разговори што ги водиме во моментов, како и оние што сме ги воделе во последните повеќе од две години, се базирани на позиции што прилично јасно ги имаме претставено на нашата јавност. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија.

И премиерот Мицкоски очекува позитивен исход од тој дијалог. Го повтори неговиот став дека претходната влада е виновна за ветото на евроинтеграциите поради прифатениот политички услов за уставни измени. Од реформски аспект додаде дека земјава има многу преземени чекори кои не влегле во извештајниот период на ЕК.

„ Иако во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, предупредувавме да не влегуваат во такви авантури, за жал тоа не го послушаа и сега ние можеби сме единствениот пример кој покрај оние суштински услови кои треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Но, тоа е што е, ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед и се надевам дека тој дијалог ќе вроди со плод. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

За дијалог со Македонија „под радарот“ беше прашана и министерката за надворешни работи на Бугарија Чамова во тамошното Собрание на пратенички прашања. Таа негира дека имала комуникација со Муцунски надвор од досегашните две средби.

„ Изјавите на претставниците на Владата на Македонија за тоа дека се води дијалог и дека е неопходно да има посредници во тој дијалог ги сметам за неосновани, и благо кажано, е невообичаено да има посредници меѓу земја кандидатка и земја членка под услови кои не се двострани, туку се на европско ниво. / Она што е важно е да видиме од другата страна подготвеност за политички наратив кој не е антибугарски. / Додека тоа не се случи, според мене, дијалог каков и да биде, ќе се одвива многу тешко. “-Велислава Петрова Чамова – министерка за надворешни работи на Бугарија.

Дека има „тивка дипломатија“ за надминување на отворените прашања меѓу Скопје и Софија, европкомесарката Марта Кос откри на новинарско прашање при презентацијата на Пакетот за проширување.. Таа нагласи дека комисијата презема многу чекори за односите меѓу двете земји, но за тоа не споделуваат во јавноста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија

Стотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД

Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија

Стотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција..

Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност, објави Би-Би-Си.

Индексот „Стандард и пурс 500“ на „Волстрит падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од април лани, кога претседателот Доналд Трамп ги потресе светските пазари со воведувањето царини во рамки на програмата „Ден на ослободувањето“.

Технолошкиот индекс насдак падна за 5,52 проценти и изгуби до 2,5 трилиони долари од пазарната вредност.. Инвеститорите стравуваат дека новото демократско мнозинство во американскиот Конгрес ќе воведе построги правила за изградба на центри за податоци, што би можело да ги забави инвестициите во секторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер