Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“ - Канал 5

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“

„Италијанската влада со запрепастеност дозна за изјавите на претседателот Трамп дека сојузниците во НАТО биле „оставени позади“ за време на операциите во Авганистан“, напиша Мелони.

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, близок сојузник на Доналд Трамп, вчера ја изрази својата „запрепастеност“ и побара „почитување“ од американскиот претседател по неговите изјави во кои се омаловажува улогата на сојузничките сили на НАТО во Авганистан.

„Италијанската влада со запрепастеност дозна за изјавите на претседателот Трамп дека сојузниците во НАТО биле „оставени позади“ за време на операциите во Авганистан“, напиша Мелони во соопштение.

„Италија и САД се поврзани со силно пријателство (...) кое е уште понеопходно со оглед на бројните предизвици со кои се соочуваме денеска. Но, пријателството бара почит, фундаментален услов за продолжување на гарантирањето на солидарноста што е основа на атлантската Алијанса“, додаде Мелони.

Настапот на Трамп во Давос беше срамен, но исто така покажа дека мегаломанијата и агресијата се само одраз на политичката немоќ.

Во интервју за „Фокс њуз“ во четвртокот, американскиот претседател ја критикуваше улогата на другите земји-членки на НАТО за време на 20-годишниот конфликт, за кои рече дека „останале некако оддалечени од линијата на фронтот“, тврдејќи дека на САД „никогаш не им биле потребни“.

Шефицата на италијанската ултраконзервативна Влада потсети дека „по терористичките напади од 11 септември 2001 година, НАТО го активираше Член 5 за прв и единствен пат во својата историја: вонреден чин на солидарност со САД“. „Италија веднаш реагираше со своите сојузници, распоредувајќи илјадници војници и преземајќи целосна одговорност за Западната регионална команда, една од најважните оперативни области на целата меѓународна мисија“, рече Мелони.

Таа ја нагласи цената што ја плати Италија: „53 италијански војници загинаа во борби, а повеќе од 700 беа ранети учествувајќи во борбени операции, безбедносни мисии и програми за обука на авганистанските сили“.

„Затоа изјавите што го намалуваат придонесот на земјите од НАТО во Авганистан се неприфатливи, особено кога доаѓаат од земја-сојузник“, заклучи Мелони.

Претходно во текот на вчерашниот ден, шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, и министерот за одбрана Гвидо Кросето веќе одговорија на забелешките на американскиот претседател.

„Во врска со посветеноста на Италија, учеството на нејзините вооружени сили во мисиите, нивните вредности, нивните жртви, нивната значајна улога, не можеме и нема да прифатиме површни и погрешни анализи. Од никого“, напиша Кросето на мрежата X

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затвор

Тројца кавадарчани добија по 10 години затвор за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи пред казино во центарот на Кавадарци во август минатата година.

Кавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затвор

Основниот суд Кавадарци ги прогласил за виновни за кривично дело „убиство“

„Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден. Во кривичниот предмет немаше признание на вина, а на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи се прогласени за виновни“, соопшти судот.

Според обвинението, на 27 август 2025 година, пред 5 часот наутро, по вербална расправија во казиното, тројцата излегле надвор, каде физички го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци по телото и главата. Нападот се случил на задниот влез од казиното во центарот на Кавадарци. Жртвата се обидела да се врати во објектот, но изгубила свест и починала од здобиените тешки повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“

Ќе се истражува и можна злоупотреба со кредитот од 1 милијарда евра одобрен за Македонија.

Унгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“

Во Унгарија покрената е истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“.

Премиерот Петар Маѓар, потврдил дека унгарското министерство за економија и енергетика поднело кривични за четири случаи поврзани со Ексимбанката, поради сомнежи за злоупотреби на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, ќе се истражуваат и можни злоупотреби и во однос на кредитот од 1 милијарда што државната ексим банка и го одобри на земјава.

Според Маѓар, кредитот за Македонија бил одобрен со поволна каматна стапка од 3,25 отсто и е целосно обезбеден со државна гаранција..

-„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјавил Маѓар.

Веднаш по доаѓање на власта Маѓар најави борба против корупцијата и работењето на претходната влада на чие чело 16 години беше Виктор Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Необична глетка во Сараево, реката Миљацка пресушила во дел од главниот град на Босјна и Херцеговина. 

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Граѓаните што минувале низ Бентбаша утрово биле пречекани со необична глетка, бидејќи реката Миљацка пресушила.

Во дел од коритото на реката Миљацка во близина на базенот нема вода, видливи се само камења, песок и речни наслаги.

Фоторепортер на „Аваз“ ја забележил неверојатната сцена.

YouTube video

Поголемиот дел од речното корито е покриен со камења. Засега нема официјални информации што објаснуваат зошто Миљацка пресушила на овој дел кај Бентбаша во сараево, ниту пак се знае дали станува збор за привремена појава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер