Мелони: Сè уште можам да соработувам со Фон дер Лајен - Канал 5

Мелони: Сè уште можам да соработувам со Фон дер Лајен

Мелони нагласи дека ја поддржува изјавата на Фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Европскиот парламент за потребата од контрола на миграцијата.

Мелони: Сè уште можам да соработувам со Фон дер Лајен

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека сепак ќе може да соработува со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и покрај тоа што нејзината партија Браќа на Италија гласаа против Фон дер Лајен да биде избрана за втор мандат на таа позиција.

Мелони во интервју за „Кориере дела сера“ изјави дека досега соработувала со Фон дер Лајен и ќе продолжи да го прави и во иднина затоа што, како што изјавила, „имаат обврски и се свесни за нивната важност“.

Мелони нагласи дека ја поддржува изјавата на Фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Европскиот парламент за потребата од контрола на миграцијата.

Таа рече дека ќе може да соработува со кој и да биде избран за претседател на САД на изборите во ноември.

-За мене е важна силата на сојузот со САД, истакна Мелони, наведувајќи дека тоа не може да биде засегнато од промената во Белата куќа.

Фон дер Лајен беше избрана во четвртокот во Европскиот парламент (ЕП) за нов петгодишен мандат за претседател на ЕК. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство.

Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност, потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права.

Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот за вршење на полициските работи и Законот за полиција.

Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа

Преку добра соработка со безбедносните служби на Македонија,  спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду .

Грчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа

Преку добра соработка со безбедносните служби на Македонија, спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду за случајот во кој иранска прокси-мрежа се сомничи за подготовка на атентат врз одредено лице или терористички напад во Грција, а беше разоткриена од Агенцијата за национална безбедност и МВР.

Како што потенцираше Димоглиду, истрагата, вклучително и со откриените докази во Македонија, ќе разјасни дали станува збор за атентат или пак планиран терористички чин. Идентитетот на целта на атентатот засега не го откриваат ни грчката Национална разузнавачка служба а ниту АНБ.

Во меѓувреме, грчките медиуми повикувајќи се на свои извори објавуваат претпоставки за кој би можело да станува збор. Сценаријата кои преовладуваат се - грчки бизнисмен со еврејско потекло, Израелец кој работи во компанија од големи размери во Грција, или пак лице кое работело за израелски интереси во Грција.

Како што вчера обелоденија од МВР четворица македонски државјани кои дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово, се уапсени под сомнение за соработка со иранските разузнавачки структури преку врски со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех.

Уште еден осомничен е уапсен во Грција, а по шестиот се трага. Како што пишуваат грчките медиуми, едно од уапсените лица е 30 годишен маж, прогласен за непожелен во Грција по основ на националната безбедност, а кој што со македонски регистарски таблички на крајот на октомври се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција на копнената граница во Еврос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аферата за притисоците на бугарските тајни служби врз Михаилова доби ново продолжение

„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов

Аферата за притисоците на бугарските тајни служби врз Михаилова доби ново продолжение

„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов, како што вели тој, откако го објави аудиото на својот канал каде што, според него, таа кажува дека е под притисоци и уцени од бугарската тајна служба. Во новото видео, како што тврди јутјуберот, таа и нејзината мајка бараат од него да тргне делот од видеото каде што се споменуваат уцените од Државната агенција за национална безбедност и наводите за инструираното интервју со новинарот Мартин Карбоски, оти се загрижени за својот живот. Односно, според аудиото во видеото, тие му посочуваат дека тајната служба „ќе ги исчисти“.

-Ќе не „исчистат“, верувај ми. Говорам секој ден со нив(ДАНС) и ми го кажаа тоа, тоа се условите, да не се споменуваат службите. Единствениот услов е тоа,- Кристина Михаилова – Мајка на Ива Михаилова.

Цанов: Ова не е вештачка интелигенција(AI)

„Ги гледав само првите неколку минути, тоа за Карбовски само ти го знаеш, не треба никаде да се споменува. Ива престани да ми ѕвониш пред да го одгледаш видеото, не се грижи. - „Не, многу сум загрижена“. Причина за загриженост треба да ти биде ако нема таков клип. Имаш причина да си загрижена ако тие третираат како што во моментот те третираат,- Ива Михаилова.

Најгласните во Бугарија против ДАНС не се откажуваат од одговорност на тајната служба. Пратеникот Божидар Божанов од партијата „Да, Бугарија“ кажа дека случајот со Ива Михаилова само ја потврдува потребата од институционална реакција, против долгогодишното незаконско прислушкување, следењето на лица, притисоците и злоупотребите кои ги прави службата. Од партијата веќе го подготвиле текстот со кој од парламентот ќе бараат оформување на комисија.

-Се, се разбира од страна на ДАНС дека ќе постои негирање, затоа што тие се виновниците во овој случај .Конкретниот случај е пример за нешто што е многу систематско во ДАНС и ова е злоупотреба на моќ. Значи Бугарија треба да го реши овој проблем, не само заради случајот со Ива Михаилова, туку бидејќи ова е системски проблем и ние затоа ќе побараме, не само сослушување во парламентот, не само парламентарен прашања, туку привремена комисија која проблемот ќе го разгледа длабински,- Божидар Божанов – Пратеник во парламентот на Бугарија.

Во претходната објава на Цанов, наводно, Михаилова тврди дека била изложена на притисоци и уцени, воедно да возврати на она што Бугарија го сторила за нејзе и да гостува кај Карбовски, оти службите имале целосна контрола врз него и можеле да му кажат што да ја прашува.

По ова се огласија и од ДАНСкои кажаа дека не вршеле влијание врз Михаилова по било која основа и дека агенцијата не треба да биде вовлекувана во политички и медиумски конфронтации. Снимките на јутјуберот ги нарекоа непотврдени, со недокажана веродостојност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер