Мелони сака да ги забрани бурките и да им нареди на исламските заедници да ги објавуваат финансиите - Канал 5

Мелони сака да ги забрани бурките и да им нареди на исламските заедници да ги објавуваат финансиите

Владејачката партија „Браќа на Италија“ предложи закон со кој ќе се забрани носењето бурка и никаб на јавни места.

Мелони сака да ги забрани бурките и да им нареди на исламските заедници да ги објавуваат финансиите

Овој потег е дел од поширок законодавен предлог насочен кон борба против она што тие го нарекуваат „културен сепаратизам“ поврзан со исламот, објави Ројтерс.

Што носи новиот закон?

Законот, презентиран во парламентот од пратениците од партијата на премиерката Џорџија Мелони, ќе забрани облека што го покрива лицето на сите јавни места, вклучувајќи ги училиштата, универзитетите, продавниците и канцелариите. Бурка е облека што го покрива целото тело на жената, вклучувајќи мрежа преку очите, додека никаб го покрива лицето, оставајќи го непокриен само пределот околу очите.

Прекршителите се соочуваат со казни во износ од 300 до 3.000 евра. Во воведниот текст на законот се наведува дека целта е борба против „религиозната радикализација и религиозно мотивираната омраза“.

Практика во Европа и светот

Во 2011 година, Франција стана првата европска земја што воведе целосна забрана за носење бурка на јавни места. Оттогаш, листата на земји со слични мерки значително се прошири и денес вклучува повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Австрија, Тунис, Турција, Шри Ланка и Швајцарија.

Европскиот суд за човекови права постојано ги поддржува ваквите забрани. На пример, во 2017 година тој ја потврди белгиската забрана, пресудувајќи дека државите можат да го ограничат носењето на таква облека за да го заштитат „заедничкиот живот“ на општеството. Некои региони во Италија, како што е Ломбардија, веќе имаат ограничувања, каде што од крајот на 2015 година е забрането влегување во јавни згради и болници со покриено лице.

Построга контрола на финансирањето и нови казнени одредби

Законот не се однесува само на покривање на лицето, туку воведува и нови барања за финансиска транспарентност на религиозните организации кои немаат формални договори со италијанската држава. Во моментов, ниедна муслиманска организација нема таков договор, што значи дека исламот нема формално признание што го уживаат 13 други религиозни групи.

Според предлогот, непризнаените групи ќе мора да ги откријат сите извори на финансирање, а средствата ќе бидат ограничени на субјекти кои не претставуваат закана за националната безбедност. Предлог-законот, исто така, воведува нови казнени одредби, како што се казни за тестирање на девственост, и ги заострува казните за принудни бракови, додавајќи религиозна принуда како основа за гонење.

Коалицискиот партнер на „Браќата на Италија“, Лигата, претходно оваа година поднесе сличен, но поограничен закон. Сè уште не е познато дали двата предлози ќе бидат споени. Владејачката коалиција има силно мнозинство во парламентот, па се очекува законот да добие поддршка, но не е познато кога ќе се дискутира за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. 

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска.

Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место.

Разликата со најбогатите европски економии останува огромна - Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител.

Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки.

Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала.

Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година.

Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост.

Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

Пари во буџетот нема, но знаеме каде има - кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени милијарди во унгарските шуми, Маѓар со остра реакција

Во Унгарија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имот

Откриени милијарди во унгарските шуми, Маѓар со остра реакција

Во Унграрија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имот.

Пронајдените средства вклучуваат повеќе од 5 милијарди форинти, приближно 2,6 милиони евра и 1,2 милиони долари, вкупна вредност од околу 18,1 милион долари.

Парите биле откриени по дводневна претрага во главниот град Будимпешта и во три унгарски окрузи.

Националната канцеларија за повраток и заштита на имот, неодамна формирана од новата унгарска влада, има истражни и обвинителски овластувања за постапување по предмети што се однесуваат на злоупотреба на јавни средства и сомневања за корупција – појави за кои критичарите на Орбан тврдат дека биле широко распространети за време на неговото 16-годишно владеење.

Заплената е дел од кривична постапка против поранешниот министер за национален развој, Миклош Шестак, кој ја извршуваше таа функција за време на мандатот на Орбан. Шестак е осомничен дека примил повеќе од 37,2 милиони долари во вид на мито и провизии, поврзани со набавка на возила за унгарската државна автобуска компанија, како и преку државни градежни проекти. Тој беше приведен од полицијата кон крајот на септември.

Видеото објавено на Фејсбук од Националната канцеларија за повраток и заштита на имот прикажува истражители кои клечат покрај големи купишта готовина, како со лопати копаат во земјата, ноќе, на локација што наликува на шума.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој вети дека ќе бара одговорност за наводна корупција за време на владеењето на Орбан и дека ќе ги врати проневерените јавни средства, изјави дека 12 вработени во Унгарската државна каса поминале осум часа броејќи ги пронајдените пари, користејќи пет машини за броење готовина.

Тој истакна дека ова откритие „официјално го означува крајот на мафијата на Фидес-КДНП“, мислејќи на поранешната владејачка коалиција на Орбан.

– Од денес, Виктор Орбан е докажан мафијашки бос. Паднат мафијашки бос. А Фидес е криминална организација, напиша Маѓар.

Ова откритие е најновиот развој на настаните во напорите на владата да се справи со наводните злоупотреби извршени за време на мандатот на Орбан.

Во понеделникот беше приведен и братот на Орбан, како дел од истрага за сомневања за трговија со луѓе и тргување со влијание.

И неколку други функционери од ерата на Орбан, вклучително и поранешен гувернер на Централната банка, исто така се наоѓаат во полициски притвор поради сомневања за измама и корупција.

Минатиот месец, Централното истражно обвинителство соопшти дека притворањето на гувернерот на Централната банка, Ѓерѓ Матолчи, е поврзано со наводна злоупотреба на фондација на Централната банка, која располагала со јавни средства во вредност од 288 милијарди форинти (817,8 милиони долари).

Виктор Орбан, чија крајно десничарска партија „Фидес“ загуби од унгарската партија од десниот центар со проевропска ориентација, „ТИСА“, на одлучувачките избори во април, ги осуди истрагите и притворите, нарекувајќи ги форма на политичка „тиранија“ чија цел е тој целосно да се отстрани од политичката сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски се сретна со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет.

Димитровски се сретна со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет

Денес, во рамки на учеството на Министерската конференција на Франкофонијата во Пном Пен, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, во својство на шеф на македонската делегација, оствари средба со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет.

На средбата, заменик министерот Димитровски изрази благодарност за укажаното гостопримство и срдечниот прием, пренесувајќи му честитки од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по повод Денот на независноста на Кралството Камбоџа кој се одбележа на 9 ноември. Тој истакна дека оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји, што претставува значајна можност за нов импулс во нивното натамошно унапредување. Во таа насока, Димитровски ја нагласи важноста од интензивирање на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на развојот на економските и трговските односи, упатувајќи и отворена покана до премиерот Хун Манет да ја посети нашата држава.

Димитровски упати честитки за успешната организација на Министерската конференција и 20. Самит на Франкофонијата во Пном Пен, нагласувајќи дека членството во Меѓународната организација на Франкофонијата, како и соработката во рамките на Обединетите нации и другите мултилатерални форуми, претставуваат значајна основа за продлабочување на односите и зајакнување на меѓусебната поддршка на меѓународен план.

Премиерот Хун Манет се согласи дека постои потенцијал за натамошно продлабочување на билатералната соработка, посочувајќи ја потребата од организирање политички консултации меѓу двете земји, како механизам за идентификување конкретни области и можности за нејзино унапредување.

Притоа, тој ја истакна гордоста на Кралството Камбоџа што е домаќин на 20. Самит на Франкофонијата, кој обединува претставници на повеќе од 90 земји и претставува значаен израз на солидарноста, дијалогот и соработката во рамките на франкофонското семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер