Мелони: Ниту чекор назад, договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира - Канал 5

Мелони: Ниту чекор назад, договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира

 Договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира, нема да направиме ниту чекор назад, изјавила италијанскиот премиер Џорџа Мелони во интервју за емисијата „4-та Република“ на телевизија „Рете 4“.

Мелони: Ниту чекор назад, договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира

- Договорот со Албанија ќе функционира. Не преземам задачи што не можам да ги исполнам. Не грижете се, ќе најдеме и законски решенија. Мислам дека договорот со Албанија треба да функционира затоа што тој е иновативен договор, изјавила Мелони, пренесуваат албанските медиуми.

Договорот за прифаќање мигранти, на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони, кој предвидуваше сместување на 3 илјади мигранти месечно, односно 36 илјади годишно, кои, по прифаќањето во прифатниот центар во пристанишниот град Шнѓин, во кампот во Ѓадр треба да го чекаат одговорот на барањето за азил.

Со италијанскиот брод „Либра“ во два наврати пристигнаа вкупно 24 мигранти, од Египет и Бангладеш, но и двете групи беа вратени назад, откако судот во Рим одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ, бидејќи оценува дека споменатите две земји не се во групата безбедни земји.

Со втората група заминаа и 80 лица од обезбедувањето а подоцна и други педесетина меѓу кои социјални работници и медицински лица.

Во телевизиското гостување шефицата на италијанската влада, исто така, зборувала за тензиите во нејзината влада каде што се шпекулира за раскол меѓу партијата „Лега Норд“ на Матео Салвини и нејзината партија „Браќа на Италија“.

Мелони изјавила дека како и во „секој однос во политиката има несогласувања за одредени прашања“, но гарантирала дека нејзината влада нема да падне.

- Во нашата влада наутро се караме, а навечер пиеме чаша вино заедно. Ние всушност не се караме, има некои пречки и тоа е природно. Но, знаеме што очекуваат и на што се надеваат Италијанците. Нашата влада нема да падне, вели Мелони.

Таа се фокусирала на добрите работи што заедно со Салвини ги направиле за италијанските граѓани, оценувајќи дека „вакво нешто потврдува дека политичката врска меѓу нив е сè уште многу силна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка.

Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

По повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска  ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Во изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле  вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи,  три се се уште  активни, четири се под контрола, а 24 се изг

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер