Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
2Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
ЖивотМелони и двајца италијански министри тужени пред МКС за соучество во геноцид поради поддршката за ИзраелИталијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа изјави дека таа и уште двајца министри се обвинети од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел.„Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид“, рече таа ноќеска во телевизиска емисија. „Не мислам дека постои друг случај на ваков вид тужба во светот или во историјата“, додаде италијанската премиерка. Леонардо е италијанска група за аеронаутика и одбрана. Тужбата, поднесена на 1 октомври, е изготвена од група која се нарекува „Адвокати и застапници за Палестина“ и потпишана од околу педесет лица, вклучувајќи професори по право, адвокати и неколку јавни личности. „Со својата поддршка на израелската Влада, особено преку снабдување со смртоносно оружје, италијанската Влада стана соучесник во актуелниот геноцид и тешките воени злосторства и злосторства против човештвото извршени против палестинското население“, наведоа авторите на тужбата. Тие бараат од МКС да размисли за започнување формална истрага за нивната жалба.Тагови: Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПромовирани нови 53 офицери на Воената академија Промовирани нови 53 офицери на Воената академија – Нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската Армија и безбедноста на државата.Денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во Армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската Армија и во безбедноста на државата. „Денешниот ден претставува круна на вашата четиригодишна упорност, но и почеток на уште поголеми достигнувања. Од денеска сте офицери – лидери, носители на довербата на државата и чувари на највисоките вредности врз кои почива секоја професионална Армија“, рече Мисајловски. Министерот истакна дека со денешна промоција офицерскиот кор се збогатува со млади, мотивирани и амбициозни луѓе кои во текот на школувањето изградиле меѓусебна доверба, почит и пријателство, вредности, кои ќе им бидат основа за професионалната кариера како и за заедничкото справување со современите безбедносни предизвици. „Да се биде офицер значи да се биде пример за сите. Од денеска, токму вие ќе бидете препознатливи по трудољубивоста, чесноста, интегритетот, по носењето тешки одлуки кога е најпотребно, по преземањето одговорност тогаш кога другите се двоумат и по способноста да ги ставите интересите на својата држава и на своите војници пред сопствените интереси“, потенцира Мисајловски. Деканот на воената академија полковник Ненад Танески во своето обраќање пред присутните нагласи: „Во време на брзи технолошки промени, информатичка револуција, вештачка интелигенција и нови безбедносни предизвици, знаењето, лидерството и способноста за донесување вистински одлуки се најсилното оружје на современиот офицер. Затоа развојот на Воената академија, унапредувањето на наставата, научноистражувачката работа, меѓународната соработка и создавањето современи услови за образование не се само потреба – тие се стратешка инвестиција во иднината на Армијата“. Тој во оваа прилика упати благодарност до припадниците на вооружените сили на Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и нивните семејства. „Ви благодариме за довербата што ни ја укажавте, доверувајќи ни го образованието и професионалниот развој на вашите идни офицери. Тоа е чест за Воената академија и потврда за нејзиниот углед како регионален центар за воено образование“. Поручник Марија Недева прворангирана меѓу питомците, посочи дека како генерација за време студиите научиле дека успехот не е само резултат на индивидуалниот труд туку на тимска работа, дисциплина и посветеност. Денеска во потпоручници беа промовирани 37 питомци од кои 30 за потребите на македонската Армија, 2 од Црна Гора и 5 од Босна и Херцеговина, и 16–поручници, слушатели кои го завршија Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата. На свеченоста присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, министерот за спорт, Борко Ристовски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, како и претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора, претставници од локалната самоуправа и останати високи гости од Министерството и Армијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОд старо јаже до нова шанса – изработени 53 поводници за кучињата во ЈП ЛајкаНа работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на кучињата во ЈП Лајка.ЈП Лајка - Скопје, Europe House и Алпинистички клуб Скопје успешно ја реализираа креативната **upcycling работилница** на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето. На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на кучињата во ЈП Лајка. Настанот претставуваше одличен пример како преку принципите на циркуларната економија може истовремено да се намали отпадот и да се создаде конкретна корист за заедницата и благосостојбата на животните. Алпинистичките јажиња, кои повеќе не се безбедни за нивната првична намена, наместо да завршат како отпад, беа претворени во квалитетни и функционални поводници. ЈП Лајка упатува искрена благодарност до Europe House, Алпинистички клуб Скопје и до сите учесници кои со својот труд и ентузијазам придонесоа оваа иницијатива успешно да се реализира. Оваа активност уште еднаш покажа дека преку партнерства, волонтерство и заедничка работа можат да се создадат одржливи решенија кои имаат вистинско влијание врз локалната заедница и животните за кои се грижиме. ЈП Лајка останува посветена на развојот на вакви иницијативи и продолжување на соработката со организации и институции кои ја препознаваат важноста на одговорното управување со ресурсите и грижата за животните.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаФилипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелацијаНа брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација.-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче. Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани. -Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче. Најавиме и ќе ја поднесеме и интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието. СДСМ ќе продолжи со сите демократски и парламентарни механизми за заштита на достоинството на Собранието и за обезбедување одговорност од носителите на јавни функции. Филипче: Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања -Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме на оркестрирана блокада со маневри со кои беше потрошено времето предвидено за пратенички прашања. Изрежира таму Весна Бендевска проблем. Една пауза па уште една пауза. Очигледно е дека немаат одговори на прашањата што ги поставуваме., рече Филипче. Факт беше дека деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи мхенизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем, додаде Филипче. Тој посочи дека ова е само уште еден показател за континуираното непочитување на Собранието и неговата уставна улога. -Собранието одамна не ја извршува својата функција како што треба. Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење. Филипче нагласи дека најголема штета од ваквото однесување не трпи опозицијата, туку граѓаните, кои остануваат без одговори на прашањата што нивните избрани претставници ги поставуваат во Собранието. -Ние бевме подготвени. Имавме четворица пратеници, подготвени материјали, аргументи и прашања. Но, наместо одговори, власта избра да избега од дебатата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter