Мелони е против можното повлекување на американските војници од Италија - Канал 5

Мелони е против можното повлекување на американските војници од Италија

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека нема да ја поддржи потенцијалната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските трупи од Италија.

Мелони е против можното повлекување на американските војници од Италија

„Тоа е одлука што не зависи од мене и со која јас лично не би се согласил“, изјави Мелони пред новинарите во ерменскиот главен град, Ереван, на маргините на самитот на Европската политичка заедница.

Американскиот претседател минатата недела беше прашан дали Вашингтон би размислил за повлекување на своите трупи од Италија и Шпанија, а Трамп одговори „веројатно“.

Трамп пак ги напаѓа европските земји

„Италија воопшто не ни помогна, а Шпанија беше ужасна, апсолутно ужасна“, изјави тој пред новинарите во саботата.

Пентагон во петокот објави дека САД ќе го намалат своето воено присуство во Германија, нивната најголема европска база, за 5.000 војници.

Трамп, од друга страна, во саботата изјави дека ќе го намали бројот на војници во Германија за „далеку повеќе“ од 5.000.

Трамп се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија и други европски земји за време на двата негови мандати во Белата куќа, тврдејќи дека сака Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, наместо да зависи од Вашингтон.

Сега се чини дека се обидува да ги казни сојузниците кои не го поддржаа во војната на Блискиот Исток или не придонесоа за мировните сили во клучниот Ормутски теснец, кој иранските сили го затворија, пишува АФП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје ги брои штетите по невремето: Апели за внимателност и оштетени гробишта

Скопјани денеска да не ги паркираат возилата под дрвја и да не се задржуваат во близина на висока вегетација, е најновото предупредување и апел од ЈП Паркови и зеленило. 

Скопје ги брои штетите по невремето: Апели за внимателност и оштетени гробишта

Сепак, од Управата за хидрометеоролошки работи смируваат дека невреме какво што му се случи на Скопје за денеска не се очекува. За во иднина, не можат со сигурност да предвидат дали брзиот ветар кој корнеше се пред себе ќе му се повтори на Скопје.

И додека општините чекаат граѓаните да ја пријават настанатата штета во општинските комисии, за да може потоа комитетот за проценка на штета да интервенира, а владата да ги обештети, на социјалните мрежи се појави фотографии од уништени надгробни плочи, кои граѓаните ќе мораат сами да ги санираат.

ОД А.Д. Бутел велат дека за време на невремето паднале околу дрва, и потврдуваат дека направиле голема штета. Во разговор за Канал 5 од претпријатието велат дека се работи на документирање на на сите случаи, се поднесуваат поднесоци до старателите за настанатата штета, но штетата граѓаните ќе треба да ја санираат сами.

Во меѓувреме, штетата која невремето ја направи врз информатичкиот систем на Македонска пошта, поради што компанијата три дена беше надвор од функција поради дефект на серверската инфраструктура, денеска е санирана, вели диекторот Орхан Куртиши.

Разорното невреме што во вторникот попладне го зафати Скопје, но и други градови во земјава, предизвика значителна материјална штета. Пријавени се многубројни оштетувања на автомобили, покриви на станбени и јавни објекти, како и голем број паднати дрвја и оштетени семафори. Во невремето има и повредени граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра

Фатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко - технички обработени.

Фатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра

Фатен на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко - технички обработени

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и се уште продолжил со побарувањата.

По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко - технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци. Тој бил задржан во полициска станица, а потоа и изведен пред јавен обвинител, каде го признал делото. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

На 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер