Меља: Состојбата со Ковид-19 во Дебар не се смирува - Канал 5

Меља: Состојбата со Ковид-19 во Дебар не се смирува

За жал продолжува непочитувањето на мерките и протоколите. 

Меља: Состојбата со Ковид-19 во Дебар не се смирува

Состојбата со Ковид-19 во Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, не се смирува, како што тоа е во други општини, изјави за МИА, Ментор Меља, раководител на Работната единица на Центарот за јавно здравје, која со својата активност ги покрива двете општини.

Додава дека меѓу новозаразените во последните десеттина дена има и лица – печалбари, кои во родниот крај по традиција доаѓаат за божикните и новогодишни празници од западноеропските земји, главно Италија, каде што живеат и работат.

-За жал продолжува непочитувањето на мерките и протоколите. Преполни се кафулињата, маркетите, редиците луѓе пред банките, групирањето по домови, без при тоа да се почитуваат пропишаните мерки за заштита. Апелираме до сите да бидат внимателни и строго да ги почитуваат мерките, зашто само така ќе можеме да се заштитиме, вели Меља, кој е епидемиолог.

Во Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар моментно се хоспитализирани 10 лица сите на кислородна подршка, што е поголема бројка од крајот на декември, кога имаше пет пациенти.

Споредено со крајот на декември, поголем е и бројот на оние кои амбулантски се лекуваат. Дневно во просек дваесеттина паценти добиваат терапија, одмараат кусо и заминуваат во нивните домови.

Битката со опасниот вирус синоќа ја загуби уште еден дебранец, со што бројот на починатите се зголеми на 27, речиси по ист број од двете општини, каде од почетокот на пандемијата опасниот вирус е дијагностициран кај 641лице. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден.

Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието.

Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски.

Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Денеска во Собранието на македонија ќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Зад оваа интерпелација стои целокупна политика во која државниот енергетски систем се задолжува, приватните монополи профитираат, јавните ресурси се оставаат без заштита, а граѓаните ја плаќаат сметката, стои во соопштението

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер