3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
ЕвропаМеланшон; „Бастилја повторно освоена“ по големиот студентски митинг во ПаризЖан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, изјави дека бастилја е „повторно освоена“, откако студентите организираа демонстрации низ целата земја - вклучително и голем митинг на озлогласениот плоштад Бастилја воВо меѓувреме, подоцна истиот ден, францускиот министер за образование, Едуар Жефри, објави дека 3.000 заменски наставници ќе бидат распоредени во училиштата што се соочуваат со недостиг на кадри. Главните протести во четвртокот беа дел од движењето предводено од студентите кое започна на 17 септември во предградијата на Париз, пред постепено да се развие во поширока кампања за решавање на проблеми, вклучувајќи ги долгите училишни денови, преполните училишта и отсуствата на наставниците.лидерот на „Непокорна Франција“ и неговите сојузници беа обвинети од нивните противници за поттикнување немири и манипулирање со младите луѓе за политичка корист. Меланшон ги отфрли овие критики, нагласувајќи дека и покрај фактот дека неговата партија ги поддржува протестите, тие беа независно започнати од студенти. Коалицијата на студенти и професионални синдикати повика на уште еден ден протести и штрајкови на 13 октомври, а понатамошна голема мобилизација е планирана за 17 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Хајди Клум повторно провоцира во тангаЛегендарниот тип модел 53 годишната Хајди Клум повторно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија во танга и без горниот дел од костимот за капење.Хајди сподели фотографија на Инстаграм на која позира во топлес издание, на воодушевување на фановите.. На фотографијата, објавена во четвртокот, таа лежи на стомак, носејќи само црни гаќички од бикини. Објавата ја пропрати со едноставен опис: „Жешко е во ЛА“, а следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите. Фотографијата се појави само неколку дена откако Клум престојуваше во Париз со својата 16-годишна ќерка Лу. Манекенката има три помлади деца – Хенри, Јохан и Лу – со поранешниот сопруг Сил, додека најстарата ќерка, Лени, ја доби со бизнисменот Флавио Бриаторе. Инаку, атрактивната Хајди редовно ги провоцира фановите со фотки на кои во преден план се нејзините природни облини. Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАларм низ училиштата низ Србија- сите ученици се евакуирани Во училиштата ширум Србија денеска стигнаа извештаи за поставени бомби. Била алармирана полиција, а учениците биле евакуирани. Утринава се евакуирани ученици од пет основни училишта и едно средно училиште во Лесковац поради дојава за бомба. Пријавите, како што беше речено, стигнале на училишната електронска пошта, како и досега, за Југмедија потврдуваат во ПУ Лесковац. Станува збор, меѓу другото, за Музичкото училиште во Лесковац, ОУ „Свеозар Марковиќ“ во Вучје. Исто така, од утринава дојава за бомби има во повеќе основни и средни училишта на територијата на Јужнобачкиот регион. Преку е-маил адреси на училишни институции пристигнале пријави дека во училишните простории биле поставени експлозивни направи. Да потсетиме, утринава поради дојава за бомба беше евакуирано и основното училиште „Вук Караџиќ“ во Нови Сад, а работата беше прекината во многу училишта во Белград. Причината е иста - дојава за бомба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ФудбалГранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцинаНа капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, му е изречена условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради набавка на лажен ковид-сертификат. Одлуката е донесена од Јавното обвинителство во Луцерн, а Џака јавно потврди дека ја прифаќа казната и ја презема одговорноста за своите постапки. Казната е одредена во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со условен период од две години. Тоа значи дека фудбалерот нема да мора да ја плати сумата од 150.000 франци, под услов да не стори друго кривично дело во наредните 24 месеци. Тој веќе ги подмирил судските трошоци. По завршувањето на постапката, швајцарскиот репрезентативец се огласи на социјалните мрежи за да ги потврди деталите од одлуката на обвинителот. „Пред неколку недели лично се огласив овде и изјавив дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Стојам зад тоа. Откако дадов целосен исказ пред јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука“, изјави Џака. Потоа ја објасни казната што му беше изречена. „Со казнен налог, бев осуден за прибавување лажна потврда и добив условна парична казна во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со двегодишен пробен период. Тоа значи дека казната нема да се изврши освен ако не сторам ново кривично дело во тој период. Веќе ги платив процедуралните трошоци. Ја прифаќам одлуката и ја преземам одговорноста“, рече фудбалерот. Тој исто така им се заблагодари на сите што го поддржуваа во изминатите неколку недели. „Ви благодарам за бројните пораки за поддршка во последните неколку недели. Тие многу ми значат“, додаде тој. Скандалот излезе на виделина во средината на септември, кога швајцарскиот весник „Блик“ (Blick) објави дека е покрената истрага против Џака. Неколку дена подоцна, фудбалерот призна дека во 2022 година прибавил лажна ковид-потврда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook