ЖивотМеланија Трамп претстави нова колекција на божикни украси, цените предизвикаа јавно негодување (ФОТО)Првата дама Меланија Трамп (55) веќе е подготвена за празничната сезона, а овој четврток ја претстави својата нова колекција божиќни украси за 2025 година.На нејзината веб-страница, таа лансираше линија наречена „Celebrating America“, која се состои од „ограничено издание, рачно изработени божиќни украси“, пишува Дејли меил. Предметите од колекцијата, чии цени се движат од 75 до 90 долари, се „дизајнирани да ја прослават Америка и нејзината претстојна 250-годишнина“. Колекцијата вклучува украси со мотиви од Емпајр Стејт Билдинг, Статуата на слободата и планината Рашмор, како и ѕвезда, американско знаме и натпис „САД“ со мотив од ѕвезди и ленти. Секој предмет е гравиран со потписот на Меланија, а купувањето вклучува и „специјален 3Д анимиран дигитален колекционерски предмет“. Цените предизвикаа јавно негодување Иако многумина го пофалија изгледот на украсите, цената предизвика лавина од негативни коментари. Многумина ја критикуваа првата дама за претераните цени, повикувајќи ја да издаде попристапна линија за „обичните луѓе“. Украсите може да се купат на usamemorabilia.com, а цените се движат од 75 до 90 долари. „Ја сакам Меланија, но овие цени се недостапни за повеќето работници... намирниците се толку скапи! Можеби објавете поевтина група за нас! И ние сме патриоти!“, напиша еден обожавател. „75 до 90 долари... Не можеме да си дозволиме да купуваме намирници, а вие сакате да ги купиме?“, праша друг корисник. Критиките продолжија да се појавуваат: „Ова е одлично, но надвор од ценовниот опсег на повеќето Американци. Штета“, се пожали трет корисник, додека четвртиот додаде: „Премногу е скапо за нас обичните луѓе!“ Имаше поостри коментари: „О, погледнете, кој се обидува повторно да извлече пари“, обвини еден корисник, додека друг заклучи: „Воа. Да имав 75+ долари за божиќен украс... Каде е колекцијата за обичните луѓе?“ Во изјава споделена со The Hill, Меланија рече: „Возбудена сум што ќе ја продолжам оваа годишна празнична традиција со колекцијата украси „Прославување на Америка“. Оваа година, најдов инспирација во претстојниот 250-ти роденден на нашата нација и сите празнични благослови што ги уживаме како Американци“. The 250 Collection 2025 Limited Edition Ornament Collection Available at https://t.co/ZSxDgBwvFR pic.twitter.com/IWl3Os6gGm — USAmemorabilia (@USAmemorabilia) September 25, 2025 Потсетник за контроверзните декорации Ова не е прв пат Меланија да се соочи со критики за божиќните теми. Минатата година, таа беше цел на исмејување откако ја претстави својата колекција за 2024 година. Многумина сè уште се сеќаваат на нејзините декорации на Белата куќа. Во 2017 година, таа ја украси со елки од кои висеа ледени бели дрвја, што многумина на социјалните мрежи го оценија како морничаво и ладно. Една година подоцна, во 2018 година, таа ја наполни источната колонада со 40 светло црвени дрвја, а 14.000 црвени украси висеа низ целата Бела куќа. Иако нејзината канцеларија објасни дека црвената боја симболизира „храброст и смелост“, декорациите брзо го добија прекарот „убијци на дрвја“. Јавноста се сеќава и на видео од 2018 година во кое Меланија го изрази своето разочарување од украсувањето, велејќи: „Знаете, кого го интересираат божиќните работи и украси?“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook