Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотМеланија Трамп бара Џими Кимел да биде отпуштен- Кимел одговориВодителот на мегапопуларното ток-шоу, Џими Кимел, ја бранеше својата шега во која ја нарече Меланија Трамп „идна вдовица“, шега направена само неколку дена пред пукањето на вечерата на дописниците од Белата куќа. Првата дама на САД го опиша скечот на Кимел како „полн со омраза и насилство“, а Белата куќа ја повика неговата мрежа ABC да го отпушти. Ова доаѓа три дена откако вооружен човек отвори оган на вечера во Вашингтон на која присуствуваа Доналд и Меланија Трамп, објави BBC. „Нашата прва дама Меланија е тука. Погледнете ја, толку е убава. Госпоѓо Трамп, блескате како идна вдовица“, рече Кимел за време на неговиот скеч минатиот четврток. Во својот прв монолог во „Џими Кимел во живо!“ по пукањето, комичарот рече дека шегата била „многу невина шега за фактот дека претседателот Трамп има речиси 80 години, а таа е помлада од мене“. „Ова во никој случај не беше повик за атентат, а тие го знаат тоа. Со години сум многу гласна за насилството со оружје. Се согласувам дека треба да ја отфрлиме реториката на омраза и насилство. Мислам дека одлично место за почеток е да разговарате со вашиот сопруг за тоа“, ѝ рече Кимел на првата дама. Вчера, Меланија Трамп напиша на социјалните мрежи дека „на луѓе како Кимел не треба да им се дозволува да влегуваат во нашите домови секоја вечер за да шират омраза“. „Неговиот монолог за моето семејство не е комедија, неговите зборови се каустични и ја продлабочуваат политичката болест во Америка... Уште колку пати раководството на ABC ќе дозволи одвратното однесување на Кимел да му наштети на нашата заедница“, праша таа. Претседателот Трамп, исто така, вчера попладне на „Truth Social“ изјави дека го цени тоа што многу луѓе се „згрозени“ од забелешките на Кимел, тврдејќи дека тие се „повик на насилство“. „Ова е далеку од прифатливо. Дизни и Еј-Би-Си треба веднаш да го отпуштат Џими Кимел“, додаде тој.Тагови: Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter