3Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
ЗабаваМеланија со селфи ја честита Новата година , не беа заедно со Трамп на дочекот (ФОТО)Првата дама на САД , Меланија Трамп Новата година ја честиташе со чудно селфи.Од фотографијата е исечен нејзиниот син Барон , од кого се гледа едното око и веѓата. View this post on Instagram Wishing everyone a Happy, Healthy, Peaceful and Prosperous New Year! ✨ A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus) on Jan 1, 2019 at 8:25am PST Нејзиниот сопруг , Доналд Трамп исто така ја честиташе Новата година на Твитер , но без слика , туку само со порака. Тој во пораката им ја честиташе 2019 дури и на хејтерите и на медиумите кои објавуваат лажни вести. HAPPY NEW YEAR TO EVERYONE, INCLUDING THE HATERS AND THE FAKE NEWS MEDIA! 2019 WILL BE A FANTASTIC YEAR FOR THOSE NOT SUFFERING FROM TRUMP DERANGEMENT SYNDROME. JUST CALM DOWN AND ENJOY THE RIDE, GREAT THINGS ARE HAPPENING FOR OUR COUNTRY! — Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 1, 2019 Инаку , првата брачна двојка на САД одвоено ја дочекаа Новата година. Меланија Трамп на Новата година организира бал во Мар-а Лаго на Флорида , додека претседателот Трамп остана во Белата куќа. View this post on Instagram POTUS absence was truly missed, all friends & family respected POTUS unconditional commitment tor AMERICA A post shared by AMB PAOLO ZAMPOLLI (@ambassadorzampolli) on Jan 1, 2019 at 6:59am PST На балот Меланија е фотографирана во друштво со новиот амбасадор во ОН , Пол Замполи и неговата сопруга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаКовачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска. На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери. Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации. Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија. Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ФудбалСкандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА. Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат. Полицијата ги прегледува снимките Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот. Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно. Steward at the Club Brugge match was injured because RC Lens fans lit flares and was then helped by other fans. 🎥 e.steenkiste https://t.co/MWoDV0crH8 — Football Fans Stuff (@officialffsnews) October 22, 2026 Ленс веќе е на условна казна За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар. Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.Тагови: Лигата на шампионите факели Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развојОдржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter