Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
1Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
СветМеланија откри каде ќе живее по инаугурацијата на Трамп- не во Белата куќа (ВИДЕО)Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, го потврди она што долго време се шпекулира.Во интервју за Фокс њуз, таа рече дека нема трајно да се пресели во Белата куќа за време на вториот мандат на Трамп. Кога ја прашале каде ќе го поминува поголемиот дел од своето време, таа одговорила: „Ќе бидам во Белата куќа. Кога ќе треба да бидам во Њујорк, ќе бидам во Њујорк. Кога ќе треба да бидам во Палм Бич, ќе бидам во Палм Бич“. „Мојот приоритет е да бидам мајка, прва дама, сопруга“, додаде таа. Таа се осврна и на нејзиниот син Барон, кој моментално живее во Њујорк каде што оди во колеџ, и рече дека верува дека Барон ќе ја посети Белата куќа. „Секогаш го почитувам „да“ или „не“ на Барон, што сака да прави, каде би сакал да биде“, истакна таа. Уште во септември минатата година, Меланија рече дека Барон одлучил да живее во Трамп Тауер, семејната резиденција на Менхетен, додека е на колеџ. И покрај тоа, има подготвена соба за него во Белата куќа во која може да остане кога ќе одлучи да го посети семејството. За потсетување, една од нејзините први официјални одлуки беше да не одржи традиционална и симболична средба со првата дама во заминување Џил Бајден во Белата куќа. Поранешниот претседател Џо Бајден потоа беше домаќин на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Овалната соба. Откако ја напушти Белата куќа во 2021 година, таа поминуваше време помеѓу Палм Бич и Њујорк додека нејзиниот сопруг се соочи со низа правни проблеми и се подготвуваше за својата трета претседателска кампања. Иако другите членови на семејството Трамп редовно му се придружуваа на поранешниот претседател на суд и во кампањата, Меланија главно се повлече од јавниот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓанитеОпштина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот. Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во СкопјеНоќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници. Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина АеродромСе уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување. Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05