Мел Гибсон направи селфи на Света Гора: Никогаш не сум бил поблиску до Бога (ФОТО) - Канал 5

Мел Гибсон направи селфи на Света Гора: Никогаш не сум бил поблиску до Бога (ФОТО)

Познатиот холивудски актер Мел Гибсон ги воодушеви сите православни христијани со својата одлука да го помине овој Видовден во најголемото православно светилиште - манастирот Хиландар на Света Гора.

Мел Гибсон направи селфи на Света Гора: Никогаш не сум бил поблиску до Бога (ФОТО)

Гибсон е поздравен од многу Срби и православни христијани во коментарите и на социјалните мрежи за ова, а голема желба на многу луѓе е овој Австралијанец да стане православен, објави Телеграф.

- Никогаш не сум почувствувал таква врска со Бога како на ова место - рече Гибсон кога го почувствува духот на Хиландар, а покрај тоа што се сликаше со монасите, успеа да направи и селфи покрај црквата.

Сите беа воодушевени од изразот на лицето на Мел Гибсон на Света Гора. Не се сеќаваме кога видовме таква искрена среќа, исполнетост и нежност во неговите очи, и насмевка без грижи и сите товари што го придружуваа со децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се сретнат и да постигнат договор за прекин на конфликтот.

Трамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“

Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог.

„Не знам. Мило ми е што можеби ќе разговараат за средба. Мислам дека имаме многу врска со тоа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат - треба да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, според Скај њуз.

Тој потсети дека претходно ја поддржувал идејата за трилатерален состанок, на кој би учествувале тој, Путин и Зеленски.

Претседателот на Украина синоќа испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое вели дека Украина е подготвена за прекин на војната и директни преговори на ниво на лидери, а кратко потоа Кремљ соопшти дека Путин ќе биде информиран за писмото и дека Путин рекол дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва во секое време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот

Европскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, и за вклучување во моделот „роаминг како дома“, односно укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан.

ЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот

Моделот „Роаминг како дома“ ќе им овозможува на корисниците од шесте земји од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет додека патуваат во странство без да плаќаат дополнителни трошоци за роаминг, под истите услови како и дома.по денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори со секоја од шесте земји на Западен Балкан. Пред да се вклучат во зоната „роаминг како дома“ секоја од земјите треба да спроведе законски измени и целосно да се усогласи со европското законодавство во областа на телекомуникациите.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската унија и Западен Балкан зависи од динамиката на унијата, а според оптимистичко сценарио, тоа би можело да се случи на 1 јануари 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија

Пред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан и Молдавија и поедноставување на процесот на преговори..

Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија

Во овој неформален документ, до кој дојде Канал 5 од извори во Брисел, Берлин и Париз ја повикуваат комисијата да презентира предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите-кандидатки на нивниот пат кон пристапување во ЕУ.

Ова според предлогот, треба да вклучува преференцијален пристап до внатрешниот пазар врз основа на нивниот значаен напредок во преговорите и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на донесување одлуки, на пример со доделување статус на набљудувач на земјите-кандидатки на состаноците на институциите на ЕУ под услови што ја почитуваат автономијата на процесот на донесување одлуки на ЕУ. Политиката за проширување има потреба од нов моментум, се вели во нон пејперот, во кој меѓудругото се потенцира дека целта за постепената интеграција не е да го замени полноправното членство во ЕУ, туку да се стимулараат земјите кандидати кон побрз напредок и да се поедностави тековниот процес.. Во документот, меѓудругото се предлагаат заеднички состаноци на Европската комисија и Европскиот парламент со претставници на земјите од Западен Балкан, како и нивно учество на неформалните состаноци на Европскиот совет и Советот на Европската унија како набљудувачи без право на глас..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер