Шоу бизМел Гибсон - холивудски заводник и бестрашен акционен херој, а зад камерата посветен татко на девет децаПо долгогодишниот брак актерот влезе во неколку нови врски, семејниот живот на Гибсон е еднакво богат и разновиден како и неговата кариера.Еден од највлијателните актери и режисери во современата филмска индустрија, Мел Гибсон, често е во фокусот на јавноста поради својата кариера, но и поради богатиот и комплициран семеен живот. Иако наскоро ќе направи 70 години, тој и понатаму работи активно, патува, а пред сè е посветен на своето големо семејство кое брои 9 деца од три различни врски. Мел Гибсон неодамна беше фотографиран на улиците во Рим со своето деветто дете, синот Ларс (8). Првата љубов и најголемиот дел од семејството Поголем дел од децата на Гибсон се од неговиот долгогодишен брак со Робин Мур, со која беше повеќе од две децении. Заедно имаат седум деца, една ќерка и шест сина. Иако повеќето од нив избраа живот далеку од рефлекторите, познато е дека тие растеа во стабилна семејна атмосфера далеку од холивудскиот гламур. Најстарата ќерка Хана(45), со години беше присутна на филмските сетови, работејќи зад камерите и повремено соработувајќи со својот татко. Некои од синовите се обидоа во филмската индустрија, било како актери, било како продукциски соработници, додека други избраа сосема мирни професионални патишта. Заедничко им е што ретко се експонираат јавно, па и покрај славата на својот татко, тие го избегнуваат медиумскиот живот. Врската со Оксана Григориева и уште една ќерка По разводот од Робин, Мел започна врска со музичарката Оксана Григориева со која ја доби ќерката Луција. Оваа врска заврши бурно и прерасна во еден од најдраматичните скандали на Холивуд. Имено, по разводот следеа обвиненија и судски спорови, кои со месеци ги полнеа таблоидите, но Мел Гибсон и покрај сè, остана посветен татко на својата ќерка, која денес расте со мајката и повремено се појавува во јавноста. За Луција е познато дека покажува талент и креативност, особини кои можеби ги наследила од родителите. Новата љубов и најмладиот наследник Гибсон денес живее мирен живот со својата партнерка, младата сценаристка и поранешна спортистка, Росалинда Рос. Парот го доби синот Ларс Џерард, кој е најмлад член на семејството на Гибсон. Актерот повеќепати истакна дека Ларс го подмладува и мотивира, и дека му годи што повторно станал татко на позрела возраст. Росалинд и Мел често патуваат заедно, а неодамна привлекоа внимание кога се појавија во Рим со малиот Ларс. Семејството како најголемо поглавје Иако Мел Гибсон имаше турбулентен живот, бурни врски и повремени скандали, факт е дека сиот свој живот го помина опкружен со своите деца. Неговото семејство е разнолико и бројно, а актерот, како што изјави, настојува да биде присутен во животот на своите деца, без оглед дали се работи за возрасни личности или за седумгодишно дете кое го шета низ улиците на Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter