Мексикански морнар преживеал 16 месеци изгубен по Пацификот!

Хосе Авон бил пронајден во четвртокот кога неговиот брод се доближил до островите на „Ebon Atoll“ во Пацификот. Тој во септември 2012 со својот партнер тргнал од Мексико кон Ел Салвадор. Партнерот не преживеал!

Човекот со долга коса и брада тврди дека бил изгубен 16 месеци и поминал 12 500 километри во океанските води пред да се доближи до островите, далеку од дестинацијата кон која се упатил пред 16 месеци - пишува Индепендент.

- Неговата состојба не е добра но се подобрува, вели антропологот Ола Фјелдстад за Франс прес.

Таа го опишала човекот - со долга коса и брада, во скината долна облека, а неговиот брод бил многу оштетен. Вели дека успеал да го каже само своето име и кусо да наведе како преживеал. Неговиот пртнер починал пред неколку месеци.

- Неговиот брод навистина изгледа како да поминал долго време на отворено море. Човекот зборува шпански. Вели дека тргнал кон Ел Салвадор од Мексико во септември 2012 - вели таа.

Jose Ivan was found washed up on Ebon Atoll (inset) which is part of the Marshall Islands

Хосе преживел јадејќи желки, птици и риби кои ги фаќал со голи раце. Пиел крв од желки кога немало дожд.

Тој бил изнемоштен но можел да се движи со помош. Имал низок крвен притисок но немал живото загрозувачка болест. Фјелдстат додава дека состојбата му се подобрила, особено извесно време откако бил хидриран.


The man is thought to have floated 8,000 miles from Mexico to the other side of the Pacific



Сличен случај имаше во 2006та кога тројца Мексиканци беа пронајдени на сред Пацификот, девет месеци откако тргнале во експедиција за ловење на ајкули.

/ извор:independent.co.uk





Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 
притисни ентер