Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази
2Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази
КошаркаМексиканецот Ајон во Реал Мадрид до 2019 годинаКошаркарскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека мексиканскиот кошаркар Густаво Ајон дресот на „кралскиот клуб“ ќе го носи до 2019 година. Ова значи продолжување на верноста кон клубот каде настапува од 2014 година, а додје од Атланта (НБА лига).Ајон за Реал Мадрид има одиграно 146 натпревари, а го има освоено трофеј во Евролигата, два шампионски пехари во Шпанија и два национални купа. Ајон пред да настапува за Реал Мадрид играше во неколку НБА тимови, како и во екипи од Шпанија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаМетални топки од вселената се појавија на плажа во Австралија- научниците збунети (ФОТО)Шест метални топки за кои експертите веруваат дека најверојатно се делови од вселенска ракета се пронајдени на плажа во австралиската држава Квинсленд.Невообичаените предмети се појавија на брегот, по што властите ја затворија областа и започнаа истрага. Австралиската вселенска агенција соопшти дека обликот, структурата и локацијата на откритието се во согласност со резервоарите под висок притисок што се користат во ракетите. Се верува дека тие се одвоиле од телото на ракетата што на неконтролиран начин влегла во Земјината атмосфера. Метални сфери пронајдени на брегот на Квинсленд Првите предмети ги пронајдоа локалните жители на почетокот на јули на плажата Форест Бич. После тоа, на истрагата се придружија полицијата, пожарникарите, експертите за опасни материјали и Националната агенција за управување со вонредни состојби. Властите поставија заштитен појас околу местото на откривање со дијаметар од 50 метри, додека пожарникарите користеа заштитна опрема за работа со потенцијално опасни материјали. Металните сфери потоа беа ставени во специјални контејнери и испратени на анализа. Подоцна беше потврдено дека не се опасни за граѓаните, но населението беше предупредено дека може да се појават нови делови по должината на брегот. Како деловите од ракета завршуваат на Земјата? Пронајдените сфери најверојатно се резервоари со висок притисок што се користат во системите за гориво и енергија на ракети и вселенски летала. Овие делови се претежно направени од легури на титаниум со висока температура или имаат метална внатрешност зајакната со композитни материјали. Нивната цврста конструкција им овозможува да преживеат екстремни услови за време на нивното минување низ атмосферата. Поради нивниот облик, сферичните структури ја губат брзината побавно за време на нивниот пад од многу други метални делови, така што можат да патуваат на долги растојанија пред да завршат на површината на Земјата. Потеклото на предметите не е лесно да се потврди Иако експертите имаат идеја за потеклото на пронајдените предмети, идентификувањето на одредена ракета може да биде многу комплицирано. За време на неконтролирано повторно влегување од ниската орбита на Земјата, вселенски објект поминува низ различни делови на планетата пред да изгори или падне. Дури и мала промена во висината на распаѓањето може да ја помести очекуваната зона на удар за илјадници километри. Поголемиот дел од вселенскиот отпад завршува во океаните, кои покриваат поголем дел од површината на Земјата. Сепак, празните резервоари од овој тип можат да останат на површина и да бидат носени од океанските струи далеку од оригиналното место на удар. За конечно потврдување на потеклото се потребни податоци за влез во атмосферата, орбитално следење, сериски броеви, карактеристики на конструкцијата и споредба со базите на податоци за лансирање. Вселенскиот отпад станува сè поголем предизвик Откривањето на метални сфери во Австралија уште еднаш покажа дека мисиите во вселената оставаат трага по завршувањето на летот. Со зголемениот број на лансирања на сателити и ракети, количината на вселенски отпад продолжува да расте. Иако овој случај во моментов е проблем само за Австралија, експертите предупредуваат дека слични ситуации би можеле да влијаат на многу повеќе земји во иднина.Тагови: Австралија вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски отвора базен, а Унгарија отвора истрагаВо истиот ден додека Христијан Мицкоски свечено отвора базен, новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави истрага за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски.Маѓар јасно посочи да постои сомнеж дека парите наменети за поддршка на унгарски фирми биле искористени за јакнење на политички сојузник. Истрагата е веќе предадена на полиција. Додека во Унгарија почнуваат да испитуваат каде завршиле парите и зошто Мицкоски добил пари, кај нас премиерот отвора базен. Ова е совршена слика на две години владеење на организираната криминална група ВМРО: • На една страна - истраги, сомнежи за злоупотреба и политички мотивирани кредити. • На друга страна - базени, ленти и фотографии за домашни потреби. Мицкоски и неговите соработници со години се фалеа со „стратешкото партнерство“ со Орбан. ВМРО преку Орбан контролира околу 40% од медиумите во Македонија, а тука е и 4iG како мобилен оператор, чија инфраструктура ќе се користи за дистрибуција на медиумски содржини. Сега, кога Орбан падна, почнуваат истрагите. А тие, наместо одговори, продолжуваат со претстави. Граѓаните треба да знаат: додека тие се дават во економска криза и во загадена вода, Мицкоски отвора базен а во Унгарија веќе проверуваат колку тој базен, и многу други работи, навистина чинеле, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик.Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик, но дека опозициските партии мора да покажат политичка одговорност и да постигнат заеднички став за отворените прашања. Според Стојаноски, платформата врз која се воделе разговорите била коректна, а Владата покажала одговорност со тоа што оставила опозицијата меѓусебно да ги усогласи различните предлози што ги изнесувала во јавноста. „Платформата врз која ние ги поставивме разговорите сметам дека е сосема коректна. Владата беше доволно одговорна и владиното мнозинство да каже дека ќе го прифати сето тоа што опозициските партии ќе го договорат меѓу себе, бидејќи тие беа тие коишто нудеа различни детали во јавноста. Ние кажавме директно и јасно потребно ни е да ги зацртаме реформите 10 од 10, потребни ние си тие средства без разлика дали биле многу или малку, на македонските граѓани им се потребни. Седнете, договорете се за сите разлики коишто ги имате во јавноста, за сите нови услови кои ги поставувате секогаш кога ќе седнеме на масата и ние ќе ви го прифатиме тоа коешто вие ќе го договорите“, рече Стојаноски. Тој нагласи дека не е задача на владејачкото мнозинство да посредува во договорите меѓу опозициските партии, посочувајќи дека СДС, ДУИ, Левица, како и пратениците на Арбен Таравари и Зијадин Села, треба да постигнат заеднички став за отворените прашања. „Ние не можеме место нив да им договараме средба во рамки на Собранието. Нека седнат СДС, ДУИ, Левица пратениците на Таравари и на Села и нека договорат и за заокружувањето и за поплаките и за начинот на кој дијаспората треба да се изјаснува, како и за процентот на финансирање, ние тоа ќе го прифатиме. Одговорноста стои таму да тие треба да имаат иницијатива да седнат и да договорат, а не да смислуваат алиби за наредните изборни порази“, вели Стојаноски. Пратеникот Стојаноски се осврна и на начинот на гласање на македонската дијаспора. Тој истакна дека целта е да се зајакне врската на иселениците со татковината и повтори дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи моделот за кој ќе постигне договор опозицијата. „Зошто сакаме дијаспората да се изјаснува и да се промени системот кој сега е актуелен? Бидејќи нашата интенција е тие луѓе да ги вратиме назад и мораме да ја зајакнуваме врската којашто тие луѓе ќе ја имаат со нивната татковина. Ете на преговорите на кои јас лично учествував, им кажавме дека ако седнЕ опозицијата и ако се договорат тие за моделот на којшто треба дијаспората да се изјаснува, ние тоа модел ќе го прифатиме. Ете беа против електронски, понудивме поштенски модел ете и против тоа се“, истакна Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter