Мекларен не ги негираат гласините за Индикар - Канал 5

Мекларен не ги негираат гласините за Индикар

Гласините дека Мекларен ќе се вратат со полна натпреварувачка програма во Индикар стекнуваат на брзина, откако официјални лица од тимот присуствуваа на минатиот круг од автомобилските серии Инди 500.

Мекларен не ги негираат гласините за Индикар

Пилотите на Мекларен во Индикар освоија три победи во Инди 500 и вкупно 28 во сите кругови на Индикард за неговите 10 години таму пред 1979 година.

Последната нивна манифестација беше делумна со тимот на Андрети и двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо пред една година. Тогаш Шпанецот жртвуваше една од најгламурозните трки во Формула 1 - Гран При на Монако, за да се натпреварува на американска земја.

Според „Спортс Бизнис Дејли“ за време на овогодинешното издание на Инди 500, Мекларен разговарале за потенцијално партнерство со две екипи - Андрети Аутоспорт и Рахал Летерман Ланиган. Со оглед на претходното партнерство помеѓу Андрети и Мекларен, ова се очекува да се претвори во нова формација на шампионатот.

- Мислиме дека Мекларен ќе биде вреден партнер во Индикар, нашето партнерство во Инди 500 во 2017 година докажа дека сме успешни заедно и ние би ја поздравиле можноста повторно да соработуваме со нив, откри Андрети.

Тимот од Ф1 одби да коментира на темата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат

Корупцијата во здравството веќе „еволуира“ за да не може да се најде траг преку обележани банкноти, па освен мито во кеш што останува најчеста форма на коруптивен чин, се зголемува бројот на случаи на однапред договорени скапи подароци и ваучери.

ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат

Ваучер наместо пари под рака. Корупцијата во здравството веќе „еволуира“ за да не може да се најде траг преку обележани банкноти, па освен мито во кеш што останува најчеста форма на коруптивен чин, се зголемува бројот на случаи на однапред договорени скапи подароци и ваучери кои можат да се искористат во одредени продавници. Ова се нотира во истражувањето на Здружението за еманцијапција, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, спроведено во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

Извештајот покажува дека и пациентите и лекарите речиси подеднакво иницираат поткуп најчесто за побрз преглед, хоспитализација или операција, поради долгите листи на чекање.

Според истражувањето, со поткуп, во повеќе од 50 отсто од случаите се „купува” породување со царски рез без медицинска индикација, како и избор на конкретен гинеколог или тим за породување. А корупција постои и помеѓу лекарите, некогаш да се прикрие неправилност или лекарска грешка, а понекогаш и со „пари“ се купува напредокот во кариерата. Истражувањето нотира и барања за интимна услуга во замена за здравствена.

Клучниот заклучок од анализата на реакциите на корупцијата кај здравствените работници е дека непријавувањето е правило, а пријавувањето исклучок. Најчеста реакција е игнорирање на случаите (47%) или нивно одбивање без пријавување (34%), додека само 7% формално пријавиле корупција.

Причините се системски и конзистентни: недоверба дека нешто ќе се промени, страв од последици или нарушување на колегијалните односи, недостиг од докази и перцепција дека случајот „не е доволно сериозен“. Овој спој на недоверба, страв и нормализација создава култура на молчење во која личниот интегритет ретко се претвора во институционална акција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дурмиши: Детално ќе се проверуваат 600 до 700 производи, за да се види како растат цените од увоз до маркет

Најавените конторли на околу 700 производи кои се дел од потрошувачката кошничка ќе бидат обемни и детални – ќе се проверува целиот синџир на формирање на цената на секој од нив тргнувајќи од набавната па се до продажната цена .

Дурмиши: Детално ќе се проверуваат 600 до 700 производи, за да се види како растат цените од увоз до маркет

Најавените конторли на околу 700 производи кои се дел од потрошувачката кошничка ќе бидат обемни и детални – ќе се проверува целиот синџир на формирање на цената на секој од нив тргнувајќи од набавната па се до продажната цена вели министерот за економија Бесар Дурмиши. Целта според него е да се идентификуваат фактори кои евенутално доведуваат до нивно зголемување, а доколку анализите покажат неоправдан раст тогаш најави дека ќе се активираат сите законски механизми за заштита на животниот стнадард. Поради обемноста на анализата, ресорниот министер без конкретен одговор кога извештајот на ДПИ би бил готов но се надева дека за 1 месец ќе може да се заврши. По минато неделната средба со трговците, до крајот на неделава, Дурмиши најави нови средби со добавувачите и производителите.

„Кога се врши конторла се гледа бруто профитната маржа каде што ние административно можеме да интервенираме. Ќе направиме детална анализа од производителот продажната цена до дистрибутерот и трговецот и ќе гледаме каде треба да угрираме.... “-- Бесар Дурмиши - министер за економија и труд.

Во пресрет на најавената владина реконструкција, Дурмиши без конретен одговор дали смета дека треба да остане на министерското место. Вели работат во интерес на граѓаните и тие го имаат крајниот збор.

„Подобро ќе се чувствувам кога ќе завршам некоја работа во интерес на граѓаните откалку колку ќе бидам во ресорното место. За две години како што кажав сме направиле многу во интерес на стопаснството, државата, граѓаните сме хармонизирале многу закони со ЕУ директива и така ќе продолжиме понатака. Кој во кое место ќе има смена или ќе има менување во ресорните места ќе разговаараат за тоа коалиционите партенери по што граѓаните ќе го кажат своето...“- Бесар Дурмиши - министер за економија и труд.

Инаку неговата денешна прес конференција беше посветена на сработеното досега, за што тој тече дека како министерството за две години успеале да спроведат реформи кои носат повеќе инвестиции, нови работни места, и подобар животен стандард.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Професорка на универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит

Наместо со 300 евра во џеб за положен испит, професорка од штипскиот универзитет Гоце Делчев заврши со лисици на рацете. 

Професорка на универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит

Како што соопштија од МВР, професорката била уапсена вчера, во моментот кога го примила митото, што претходно го побарала од студент за тој да го положи испитот. Дваесет и шест годишниот студент од Турција, кој поради студиите има привремен престој во Штип, претходно го пријавил случајот во полиција. Во координација со Основното јавно обвинителство му биле предадени три обележани банкноти од по 100 евра, со кои според МВР, професорката била фатена „на дело“. Таа сега се сомничи за кривично дело „примање поткуп“, а против неа ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

-На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026,- Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Од Универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека имаат нулта толеранција за корупција и дека во академската заедница нема место за некој што ја злоупотребува својата позиција. Ректорот Дејан Мираковски вели дека согласно текот на истрагата, професорката најпрво ќе биде суспендирана, а доколку биде правосилно осудена и трајно отстранета од Универзитетот.

-Во нашата академска заедница никој што ја злоупотребува својата позиција и ја изневерува довербата која што е голема и која што им е дадена не заслужува да биде дел од заедницата. За жал нема целосно имуни системи и од поединци кои што ги прекршуваат овие правила и ја нарушуваат довербата која им е укажана и затоа во целост го подржуваме постапувањето на надлежните институции и мислам дека само со професионални, законити и неселективни акции може да се санкционираат и да се отстранат од академската заедница овие неправилности и девијации,- Дејан Mираковски ― ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Канал 5 од свои извори дознава дека станува збор за професорка која пред 6 месеци се стекнала со титулата и ова и е прв работен семестар.

Ректорот Мираковски ги повикува сите студенти кои имаат исти или слични сознанија за корупција од страна на професори или други вработени, веднаш да ги пријават во надлежните институции, потсетувајки дека и самиот универзитет има воспоставени механизми за пријава на вакви случаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер