Јанчев: Во напредна фаза се активностите на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци
2Јанчев: Во напредна фаза се активностите на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци
3 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
ФормулаМекларен ќе користи мотори на Мерцедес до 2030Осумкратниот светски првак во конкуренција на конструктори во Формула 1, Мекларен, ќе продолжи да го користи моторот на Мерцедес до 2030 година, откако двете страни објавија денеска дека ја продолжиле соработката за уште четири години.Мекларен соработува со Мерцедес од 2021 година, а со новиот договор ќе стане првиот купувач на брендот според новите прописи за погонските единици кои стапуваат на сила во 2026 година. Мекларен и Мерцедес соработуваа од 1993 до 2014 година, по што британскиот тим ги користеше моторите на Хонда од 2015 до 2017, а потоа и на Рено од 2018 до 2021. Мерцедес во Формула 1 ги снабдува со мотори и Вилијамс и Астон Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаПисмена реакција на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“, ја упатуваат следната писмена реакција:Венко Филипче се повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски. Сиот личен бес го истура врз оние кои мислат поинаку од него. Користи крајно примитивен речник, се служи со подмолни конструкции, лично ги навредува и со сите сили се обидува да дискредитира докажани партиски борци кои и во изминатите две години и сега искрено и чесно сакаат да помогнат за посилен СДСМ. Да го трошеше истото време за вистинска борба против Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата и членството немаше да биде во ваква незавидна состојба. Меѓутоа, нам ни се јасни причините за ваквото негово поведение, тој е во паника дека се одмотува клопчето, излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес. Членството на СДСМ после денешната прес конференција на Венко Филипче низ уште еден пример може да се увери во неговиот авторитарен карактер. Тој е дефинитивно залутан во СДСМ и воопшто не припаѓа на партијата која некогаш беше пример за демократска, интелектуална и државничка организација. Партијата која во минатото беше симбол за пристојност, разумност и политичка чест ја сведоа на инструмент на мала секта чија единствена цел е по секоја цена да се вдомат во пратеничките клупи. Предлозите за структурни реформи на партијата Филипче ги одбива на невидено. За него сите се виновни за најслабиот резултат на СДСМ во историјата, само тој не е. За него сите се криминалци само тој е чесен. Апсурд до апсурд! Очекуваме од Венко Филипче, пред било кој друг да обвинува за криминал и корупција, да објасни како обвинителот, кој тој лично обвини дека е предложен и избран од власта, токму него го ослободи од обвинение, како поранешен министер за здравство, за пожар во модуларна болница каде изгореа 14 луѓе? Што се однесува до неговите закани, добронамерно му порачуваме да не се срами на јавна сцена, бидејќи се повеќе личи на лоша копија на неговиот политички гуру и идол. Без разлика на неговите напори по секоја цена да не спречи, ние сепак во архивата на СДСМ ќе ги доставиме нашите предлози за структурни реформи на партија, во интерес на членството и иднината на Македонија. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗаминувањето на Роналдо предизвика драма во Португалија, се вклучи и премиерот Кристијано Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија во Данска во пресрет на натпреварот од Лигата на нации поради судир со новиот селектор Хорхе Жесус. Ситуацијата ескалира толку многу што во целата приказна се вклучи и португалскиот премиер Луис Монтенегро. Се започна по натпреварот од Лигата на нации против Норвешка. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не влезе во игра иако селекторот го повика да се загрева. Тоа беше првпат по 2008 година да не игра на официјален натпревар на португалската репрезентација. 🚨 BREAKING: Portugal Prime Minister Luís Montenegro asked to speak to Jorge Jesus. He wants full clarity on Cristiano Ronaldo. @SICNoticias https://t.co/9epuzUaBA2 — Madrid Xtra (@MadridXtra) October 1, 2026 Што се случило? Хесус по натпреварот објасни дека имал намера да го претстави Роналдо во второто полувреме, но во текот на натпреварот го променил планот. Роналдо по натпреварот веднаш отиде во соблекувалната наместо да ги поздрави навивачите со соиграчите. Неколку дена подоцна ситуацијата дополнително ескалирала. Роналдо пристигна на тренингот на репрезентацијата, разговараше со Хесус, но не тренираше со остатокот од тимот. Португалската федерација соопшти дека тој требало да одработи индивидуален тренинг, по што се вратил во хотелот. Тогаш во приказната се вклучи и претседателот на португалската фудбалска федерација, Педро Проенса. Според португалските медиуми, бил организиран разговор меѓу клучни луѓе за да се обидат да се смират тензиите. Сепак, Роналдо доцна синоќа го напушти хотелот во кој престојуваше репрезентацијата, а потоа од Копенхаген замина за Мадрид. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Селекторот се уште смета на Роналдо кој го контактирал на Инстаграм Сега реагираше и португалскиот премиер. Луис Црна Гора контактирал со челниците на португалскиот фудбал, а според медиумите разговарал и со Хесус и Роналдо и бара целосно расчистување на ситуацијата. И покрај се, Хесус тврди дека се уште смета на Роналдо. По натпреварот со Норвешка, тој ја отфрли можноста капитенот да биде вкрстен и објасни дека одлуката да не влезе во игра е исклучиво поврзана со развојот на играта. Роналдо на Инстаграм порача: „Во догледно време на сите Португалци ќе им ја кажам вистината за причините за моето заминување“.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаЈанчев: Во напредна фаза се активностите на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во КавадарциВо напредна фаза се активностите на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци. Проектот постепено добива своја форма на терен. Новата инвестиција, која се реализира во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“, ќе се простира на површина од 1.000 м² во основа, со подрум, приземје и кат, а ќе содржи: Куглана Сала за гимнастика 7 апартмани за сместување на спортисти Проектот е вреден 118.000.000 денари и целосно е финансиран преку Влада – втор повик. Со оваа инвестиција Кавадарци продолжува да се развива како модерен, активен и спортски ориентиран град!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45