Мекиќ ќе го пропушти натпреварот со Романија - Канал 5

Мекиќ ќе го пропушти натпреварот со Романија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ има болки во коленото, и нема да игра против Романија.

Мекиќ ќе го пропушти натпреварот со Романија

Селекторот Марјан Илиевски се одлучи за две измени во играчкиот ростер, за денешното гостување во Орадеа.

На местото на повредениот Мекиќ во македонскиот национален тим ќе биде Марко Миловановиќ.

Втората измена е Никола Василевски кој ќе го заземе местото на Тома Стојаноски. Василевски за прв пат во својата кариера ќе биде дел од сениорската репрезентација.

Натпреварот во Орадеа почнува во 18 часот и е од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.

Пред 11 дена во Куманово, Романците победија со 80:72.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. 

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината.

„Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв.

На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнење

Кинескиот автомобил „Denza N8“ е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh.

„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнење

Најновите регулаторни документи објавени од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) открија детали за претстојниот модел на BYD, Denza N8, како и за продолжената верзија Denza N8L.

Електричниот Denza N8 сега има максимален досег од 1.003 км. Denza N8 е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh, а моделот N8 нуди опции за досег од 1.003 км, 970 км, 840 км и 800 км.

Во меѓувреме, Denza N8L, користејќи LFP батерија од 130,15 kWh, нуди електричен досег од 960 км според кинескиот систем за мерење (CLTC).

Denza N8 е долг 5.150 мм, додека Denza N8L достигнува должина од 5.200 мм. Верзијата со погон на задните тркала и еден мотор е достапна со две нивоа на моќност: 320 kW (429 КС) и 370 kW (497 КС).

Достапен е и погон на сите тркала со три мотори. Оваа конфигурација се состои од еден преден мотор (270 kW/362 КС) и два задни мотори (секој со 310 kW/416 КС), што резултира со вкупна моќност од 890 kW (1.193 КС), пишува Car News China.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.

Град Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци.

Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.

Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци.

Дезинсекција против ларви:

7 мај – авионска дезинсекција

11 јуни – авионска дезинсекција

26 јуни – теренска дезинсекција

10 јули – авионска дезинсекција

23 јули – теренска дезинсекција

11 август – теренска дезинсекција

Дезинсекција против возрасни форми на комарци:

1 и 2 јуни – авионска дезинсекција

18 и 20 јуни – теренска дезинсекција

27 и 28 јуни – авионска дезинсекција

13 и 15 јули – теренска дезинсекција

30 и 31 јули – авионска дезинсекција

4 и 6 август – теренска дезинсекција

До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика.

Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер