Мекдоналдс повторно се отвора во Украина, засега само за испорака

Три киевски филијали на синџирот за брза храна Мекдоналдс денеска повторно се отворени за прв пат од почетокот на руската инвазија, што е знак дека животот во украинската престолнина се нормализира по речиси седум месеци војна.

Американскиот синџир ресторани за брза храна претходно објави во соопштение дека по разговорите со украинските власти, повторно ќе ги отвори локациите во Киев, но првично само за испорака.

Новинарите на АФП лично се уверија во точноста на информациите кога видоа редица вработени во компаниите за испорака, како што е Глово, кои чекаат пред ресторанот за да собираат нарачки. „Во октомври овие три ресторани повторно ќе бидат отворени за посетители, а до нив ќе се отворат „McDrive“ и „McDonald's Express““, се вели во соопштението на компанијата.

„Како дел од постепеното повторно отворање на рестораните, се планира да се отворат уште седум во Киев, по што бројот ќе се зголеми во главниот град и во градовите на западот на земјата“, се додава. Мекдоналдс ја прекина работата во Украина на 24 февруари, веднаш по руската инвазија.

Долгоочекуваното повторно отворање на популарниот американски ресторан за брза храна, многу Украинци го гледаат како симболичен знак на поддршка. Во Русија, Мекдоналдс ги затвори своите продажни места, а на почетокот на оваа година ги продаде сите свои руски ресторани на бизнисменот Александар Говор, откако претходно најави целосно повлекување од рускиот пазар. Во објаснувањето, тогаш беше објавено дека продолжувањето на работењето на Мекдоналдс во Русија „веќе не е одржливо или во согласност со вредностите на компанијата“, пренесе Индекс.хр.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

притисни ентер