КошаркаМејси и Лалиќ нови имиња во редовите на шампионот МЗТ Скопје АеродромМакедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона ќе има уште двајца нови играчи во својот состав – Џеремаја Мејси и Јуре Лалиќ.Двата трансфера беа објавени на интернет страницата на клубот. Американецот со македонски пасош Мејси (34) кој има 202 сантиметри официјално стави потпис на едногодишниот договор со актуелниот првак. Игра позиција крило. Мејси е поранешен репрезентативец на Македонија, играше во квалификациите за Европското првенство 2009 и на шампионатот што се одржа во Полска 2009 година. Одигра вкупно 12 натпревара во македонскиот дрес имаше просек од 12,7 поени по натпревар и 5,4 скокови. Европската „епизода“ ја почна во 2005 година во дресот на грчка Лариса, а првиот забележителен настап го имаше во тимот на Арис, каде што играше во периодот од 2006 до 2008 година. Двете учества на грчкиот олстар-меч и МВП-признанието на овој ревијален меч освоено во 2008 година на Мејси му донесе и трансфер во големиот Реал Мадрид, чиј член беше во следната една ипол сезона, по што мина неколку месеци во шпанскиот тим Обраидо. Руските тимови Локомотив Кубан и Красние крила се неговите следни екипи, а настапуваше и за бундеслигашот Бросе баскет. Настапуваше и во Либан, а пред МЗТ Скопје го носеше дресот на аргентинскиот прволигаш Депортиво либертад. Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром ќе настапува како Македонец што нема да биде од посебна важност во АБА-лигата и во Еврокупот, каде што нема ограничувања, но ќе биде значајно во домашните натпреварување во кои нема да влезе во квотата предвидена за странски засилувања. Покрај Мејси, ново име е и хрватскиот интернационалец Јуре Лалиќ (30) кој е висок 211 сантиметри. Игра на позицијата центар, а лани го носеше дресот на словенечката екипа Крка. Претходно има играно и за Задар, белгиска Шарлоа, Унион Олимпија, Цибона, бугарски Лукоил Академик и полска Зиелена гора. Претходно во редовите на шампионот беа ангажирани: Американецот Џош Скот, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ како и македонскиот репрезентативец Марко Симоновски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младитеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата. Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани. Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем. Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа. Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици. Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства. Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителитеВо тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗакони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во СобраниетоЧетири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook