3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
ЗдравјеМехмедовиќ: Го подготвуваме здравствениот систем за евентуална појава на мајмунски сипаници Комисијата е загрижена од ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и од појавените случаи надвор од ендемичните басени во централна и западна Африка. Состојбата внимателно се следи, но не треба да има паника зашто оваа епидемија, од која во светот има стотина случаи, не е идентична и пропорционална со сѐ уште актуелната пандемијата со КОВИД-19, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Соопшти дека на денешниот состанок на Комисијата се разговарало за дефинирање клинички патеки за следење, скрининг и дијагностика на пациентите кои евентуално ќе бидат заболени од мајмунски сипаници со цел здравствениот систем да биде подготвен и, како што рече, колку што е можно подобро да одговори на евентуална епидемија и во нашата земја. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) веќе контактирал со Светската здравствена организација да се набави посебна опрема за дијагностицирање на овој вирус, а со СЗО се разговара и за набавка на потребната терапија. -На состанокот договоривме внимателно да ја следиме ситуацијата и да обезбедиме сѐ што е потребно за навремена дијагностика и третман на евентуални пациенти коишто би биле во нашата држава. Вирусот на мајмунски сипаници иако во светот постои речиси половина век, многу ретко се наоѓаше на овие простори и, практично, дијагностичките и терапевтските процедури коишто се достапни се некако оскудни во овој дел од Европа. Така што сите земји во моментот имаат проблеми за да обезбедат квалитетна дијагностика и третман на своите пациенти. Меѓутоа, Институтот за јавно здравје уште минатата недела стапи во контакт со Светската здравствена организација за да се обезбедат посебни дијагностички китови за ПЦР-тестирање за мајмунските сипаници, рече Мехмедовиќ на прес-конференција. На веб-страницата на ИЈЗ е објавена информација за симптомите на вирусот на мајмунски сипаници (monkeypox), за начинот на кој се пренесува, а за хоспитализирање дополнително ќе биде соопштено откако ќе бидат дефинирани клиничките патеки за кои се разговарало на денешниот состанок на КЗБ. Карактеристичен симптом е промена на кожата во форма на егзем и појава на мали испакнатани и меурчиња, придружено со висока температура од над 38 степени, болки во мускулите, грбот и премаленост. Симптомите не се разликуваат од останатите инфекции поврзани со сипаници и вирусот се потврдува со посебни ПЦР-тестови и опрема што се очекуваат во земјава, а наскоро, рече Мехмедовиќ, ќе биде целосно функционален и системот за справување со евентуална епидемија. -Не би сакале да креваме паника. Загрижени сме, но редовно ја следиме состојбата и доколку има какви било промени навремено ќе интервенираме, додаде портпаролот на Комисијата за заразни болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ТехнологијаРоботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)Јапонската железничка компанија JR East почна да користи хуманоидни роботи опремени со моторни пили за отстранување гранки од дрвја по железничките пруги, со цел подобрување на безбедноста и сигурноста на железничкиот сообраќај.Роботите беа користени во близина на станицата Нобејама во префектурата Нагано на линијата Коуми, каде што беше потребно да се отстранат гранките што растеа над шините и можеа да го попречат движењето на возовите, објавува јапонскиот портал SoraNews24. Машините се монтирани на специјални возила што можат да се движат по железничките пруги, како и по патиштата. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата е опремена со моторна пила за нивно сечење. JR East започна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март оваа година, додека JR West започна да користи слични системи во 2024 година. Досега, работите за одржување на пругите главно се извршуваа ноќе, помеѓу последниот и првиот утрински воз, за да се избегне прекин на патничкиот сообраќај. Сепак, со зголемениот број вработени кои бараат работа во дневна смена, JR East ја разгледува можноста за почесто извршување на работата во текот на денот. Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на некои делници за време на редовното работно време на железницата.Тагови: роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter