Меѓународната заедница со остри осуди на терористичките напади во Кабул

НАТО ги осуди експлозиите во Кабул, кои ги нарече ужасен терористички напад, додека лидерите на Европската унија предупредија дека нестабилноста во Авганистан не смее да влијае на растот на тероризмот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди „страшниот терористички напад“ во близина на аеродромот во Кабул. „Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно поскоро“, напиша Столтенберг на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пак, истакна дека „обезбедувањето безбеден премин до аеродромот останува клучно“.

„Треба да се осигураме дека сегашната нестабилност не може да доведе до оживување на тероризмот“, рече Мишел.

Нападот го осуди и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

И НАТО и ЕУ повикаа на продолжување на евакуацијата од Кабул, и покрај нападите.

Западот ги спроведува најновите операции за евакуација во Авганистан, за кои се смета дека се опасни по преземањето на власта на Талибанците, пред крајниот рок за повлекување на 31 август.

ЕУ во вторникот ги повика САД да продолжат да го обезбедуваат аеродромот „по потреба“ и по крајниот рок, со цел што е можно повеќе луѓе да бидат евакуирани, но Вашингтон одбил какво било продолжување.

Добро информиран извор изјавил дека нема индикации од Белата куќа дека претседателот Џо Бајден може да го промени планот за крајниот рок за повлекување по експлозијата во Кабул.

Американските власти изјавија дека силно веруваат дека Исламската држава стои зад нападот.

Во експлозија на аеродромот во Кабул загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои и едно дете, а се ранети многу талибански чувари, изјави талибански претставник за Ројтерс.

Причината за експлозијата, која се случува во време на напорите за евакуација, се чини дека е бомбаш -самоубиец, изјави американски претставник, повикувајќи се на првичните извештаи, со предупредување дека извештаите може да се променат.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

притисни ентер