Меѓународна средба на книжевните преведувачи - Канал 5

Меѓународна средба на книжевните преведувачи

Околу 40 преведувачи од Македонија и од странство ќе учествуваат на 44. Меѓународна средба на книжевните преведувачи, што денеска и утре ќе се одржува во Лешочкиот манастир.

Меѓународна средба на книжевните преведувачи
Темата на симпозиумот е „Книжевниот превод-заеднички јазик на Европската унија“. Воведно излагање на симпозиумот ќе има преведувачот од Турска Република Северен Кипар Мехмет Кансу.

Референти на симпозиумот се Олга Панкина од Русија, Љерка Тот Наумова од Хрватска, Марија Леонтиќ, Даринка Маролова, Здравко Божиновски, Ташко Ширилов и Стефан Симовски од Македонија.

На средбата, традиционално ќе бидат промовирани и новопреведени книги.

На 1 септември симпозиумот ќе продолжи со работа во Скопје. Преведувачките награди за 2015 година, согласно препораките на ФИТ (Светска федерација на преведувачите) и УНЕСКО, ќе бидат врачени на 30 септември во Скопје, на свечен собир по повод Светскиот ден на преведувачот. /МИА



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Магационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета

Суд во Холандија донесе пресуда во случајот на привремен работник во магацин вработен во Темпо-Тим, на кого ќе му бидат исплатени вкупно 12.710 евра отштета откако судот утврди дека бил отпуштен без основана причина.

Магационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета

Компанијата го отпуштила поради наводна кражба на два пара боксерки „Келвин Клајн“ од магацинот каде што работел, објави „NL Times“.

Фотографија како доказ

Работникот тврдел дека долната облека ја купил неколку месеци претходно на распродажба на примероци и дека ја имал во чантата бидејќи одел во теретана по работа.

Тој доставил фотографија од јануари како доказ на која носи една од боксерките, објаснувајќи дека се продавале во пакувања од по три.

Темпо-Тим тврдел дека вработениот го прекршил правилото на клиентот дека вработените не смеат да носат или поседуваат облека од „Келвин Клајн“ или „Томи Хилфигер“ на работа.

Компанијата изјавила дека работникот не докажал дека легално ја стекнал долната облека.

Отпуштањето било незаконско

Сепак, судот утврди дека дури и евентуалното кршење на правилата за носење брендирана облека не претставува доволен доказ дека работникот имал намера да украде долна облека од магацинот.

Судот изјави дека Темпо-Тим не дала доволно причини за таков заклучок и утврди дека отпуштањето е незаконско.

На компанијата ѝ беше наложено да му исплати на работникот 6.000 евра за изгубена заработка, 1.550 евра надомест за промена на работното место и 3.000 евра за неоправдано отпуштање, плус повеќе од 2.150 евра за наплата и судски трошоци, како и камата во случај на доцнење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложуваме

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост .

Директорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложуваме

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високите долгови и војните на Блискиот Исток и Украина.

- Не можеме повеќе да ги одложуваме неопходните мерки - ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите - рече Георгиева во говорот во Сингапур, во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, пренесе АП.

Таа предупреди дека прекумерниот долг е се поголем товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои треба да изберат помеѓу инвестирање во јавната благосостојба и отплата на долгот во услови со високи каматни стапки.

Георгиева укажа и на ризиците поврзани со брзиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција (АИ) и изградбата на центри за податоци.

Според неа, инвестициите во вештачката интелигенција би можеле да го надминат релативниот обем на трошоци за железници, електрични мрежи и телекомуникациски системи.

Георгиева ги повика земјите да влијаат на јавната потрошувачка и, доколку е потребно, да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја контролираат инфлацијата, притоа да ги заштитат најранливите.

Таа укажа и на потребата од регулирање на вештачката интелигенција, обука на работници, пофлексибилен пазар на трудот, поттикнување на претприемништвото и зајакнување на енергетската безбедност.

Според неа, брзиот развој на вештачката интелигенција особено им користи на земјите со силни технолошки сектори, притоа заобиколувајќи многу други земји и со тоа дополнително ја продлабочува економската нееднаквост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зоран Доревски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју гостува д-р Зоран Доревски, автор на книгата "Скопски атентат".

Зоран Доревски во „Само интервју“

31 година од неуспешното убиство на Претседателот Глигоров, зошто по 3 децении не е обелоденета целосната вистина?

Книгата дава индиции и анализа на податоци - се знаат ли мотивите, нарачателот и извршителите?

Можеа ли службите да го превенираат настанот?

Што се случува во пост-атентаторска Македонија?

Утре интригантно Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Доревски веднаш по централните вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер