Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари - Канал 5

Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари

Од 6 до 13 Октомври Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) ќе спроведе тренинг камп за 18 млади пинг понгари од Mакедонија.

Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари

Кампот се одржува во Пехчево, а Атум и селекторот на македонската репрезентација Милош Миленковиќ го посетија клубот од Берово кој е еден од најмасовните во државата.

Ова е втор тренинг камп со меѓународен тренер за само еден месец. Во септември во Скопје се одржа камп со поддршка на Амбасадата на НР Кина, а во рамки на China Table Tennis College.

Од 11 Октомври нашите најдобри сениори, Кристијан Станојковски и Амелиа Николов, ги очекува нов предизвик - учество на Европското првенство во Словенија.

Со почит,

Пинг понг федерација на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топ десетте најбогати луѓе на светот: Маск, Безос, Пејџ...

Според најновите проценки на „Форбс“, дури седум од десетте најбогати луѓе на светот во текот на последниот месец го смениле својот пласман на листата.

Топ десетте најбогати луѓе на светот: Маск, Безос, Пејџ...

Листата на најбогатите луѓе во светот повторно претрпе значителни промени.Според најновите проценки на „Форбс“, дури седум од десетте најбогати милијардери во текот на последниот месец го смениле својот пласман, а најголемото поместување го направи основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој повторно се искачи на второто место.

Богатството на Безос за само еден месец пораснало за проценети 102 милијарди долари, достигнувајќи околу 370 милијарди долари. Огромниот скок е поврзан со новите проценки на вредноста на неговата вселенска компанија „Blue Origin“, како и на стартапот за индустриска вештачка интелигенција „Prometheus“.

Со ова Безос за првпат од мај 2025 година повторно се најде на второто место на листата на „Форбс“. Од таа позиција го потисна Лери Пејџ, еден од основачите на „Гугл“, кој сега е трет со проценето богатство од околу 286 милијарди долари.

На самиот врв и понатаму убедливо се наоѓа Илон Маск. Неговото проценето богатство достигнува неверојатни 936 милијарди долари, а само во последниот месец пораснало за околу 44 милијарди долари, главно поради зголемената вредност на неговата вселенска компанија „SpaceX“.

Маск сега има повеќе од двојно поголемо богатство од Безос

На четвртото место сега е Мајкл Дел, чие богатство за еден месец се зголемило за околу 28 милијарди долари и достигнало 268 милијарди долари. Причината е силниот раст на акциите на „Dell Technologies“, кои поскапеле за 18 проценти благодарение на зголемената побарувачка за сервери поврзани со вештачката интелигенција.

Основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, падна на петтото место, иако и неговото богатство се зголемило. Брин во последниот месец додал околу 7 милијарди долари, со што неговото богатство достигнало приближно 263 милијарди долари.

На шестото место останува Марк Закерберг, иако неговото богатство забележало еден од најголемите скокови меѓу најбогатите. Основачот на „Мета“ за само еден месец станал побогат за околу 55 милијарди долари, достигнувајќи вкупно 251 милијарда долари, поттикнат од растот на акциите на компанијата.

Од листата, пак, испадна шпанскиот моден магнат Амансио Ортега, основачот на „Зара“. Неговото богатство се намалило за околу 6 милијарди долари, на 141,8 милијарди долари, што било доволно да ја загуби позицијата меѓу десетте најбогати луѓе во светот.

Пад забележал и Лери Елисон, чие богатство се намалило за околу 13 милијарди долари и сега се проценува на 179 милијарди долари. Намалувањето доаѓа по падот на акциите на „Oracle“, компанијата чиј основач е Елисон.

Според „Форбс“, вкупното богатство на десетте најбогати луѓе во светот во октомври достигнало околу 3,1 трилиони долари. Тоа е значителен пораст во однос на претходниот месец, кога нивното заедничко богатство се проценувало на околу 2,8 трилиони долари.

Топ 10 најбогати луѓе во светот во октомври 2026 година:

Илон Маск

Џеф Безос

Лери Пејџ

Мајкл Дел

Сергеј Брин

Марк Закерберг

Џенсен Хуанг

Лери Елисон

Стив Балмер

Ворен Бафет

Сите десетмина на листата се Американци, а дури шестмина од нив имаат проценето богатство од најмалку 200 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖ

Во однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. 

МЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖ

Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава.

Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза.

Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи.

Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции.

Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече „српската Шакира“

„Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.

Фото: Се соблече „српската Шакира“

Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор.

Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план.

Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе.

Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано.

Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер