КултураМеѓународна научна конференција „Популарната култура: поглед одоздола“- Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Културолошките студии во книжевноста при таа установа на 3 и 4 ноември, годинава во Скопје ќе организираат меѓународна научна конференција „Популарната култура: поглед одоздола“.Конференцијата е посветена на заокружувањето на јубилејните 50 години од основањето на Центарот за современи културолошки студии на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија (1964-2014) како повод за различни теоретски и апликативни артикулации на современиот културен контекст, подеднакво во локални и глобални рамки. Како што наведуваат организаторите, темата на собирот има цел да ја преиспита популарната култура како поле на односи на сили кои вклучуваат центри и периферија, статусна хиерархија, врски со нормите кои наметнуваат репресија или маргинализација, но и да ја анализира и критикува културната продукција и да создава нови врски меѓу различните културни форми во секојдневниот живот. - Културата не се перципира како единствена, туку таа е елитна и популарна, висока и ниска, што упатува на динамиката на општествената моќ и на нејзиниот различен распоред, па така, на конференцијата се очекуваат дебати за прашањето на вредноста во културата, автентичноста на популарната култура наспроти индустријата и профитот, популарната култура како култура на масовното општество, конзумеризмот и производството на забава, културата како пазарна стока за масовна потрошувачка, идеологијата на мас-културата, хибридните облици и начини на отпор низ ритуали (субкултура), мас-медиумите и дигиталната/сајбер култура; културните индустрии, популарната култура и феминизмот, постмодернизмот, новиот елитизам, како и популарната култура наспроти политичките и идеолошките концепти итн, се наведува во соопштението. Конференцијата е интердисциплинарна и отворена за проучувачи на феномените на популарната култура од сите области. Рокот за пријавување е до 15 април 2014 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во БелградНачалникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти. Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометПрво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. ПелистерВечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата. Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл. Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер. Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМиланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на 10. коло од Серија А.„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро. Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook