Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
1Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
КултураМеѓународна конференција за културно наследство во ОхридКонференцијата, како што е најавено, свечено ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев. Меѓународна конференција „На крстосницата на културните идеи: Македонија, Балканот, Југоисточна Европа – наследство, менаџмент, ресурси" ќе се одржи од денеска до 26 септември во Охрид, во организација на Филозофскиот факултет – Скопје и Националната галерија. На конференцијата, како што информираат организаторите, ќе учествуваат четириесеттина реномирани истражувачи на културното наследство од земјата и странство, меѓу кои истражувачи од Србија, Словенија, Бугарија, Романија, Германија, Франција, Шпанија и Израел. Конференцијата, како што е најавено, свечено ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаЛефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болницаПо 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО.Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити. Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на една и пол година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница. Да потсетиме, болниците кои биле набавени и поставени како стоки, кои во ниту еден случај не можат да бидат користени како објекти за здравствена дејност, биле направени според техничка спецификација на лице поставено од Венко Филипче. Зошто повторно го споменуваме ова? Затоа што повеќето директори на болници низ целата Македонија се противеле на поставување на модуларни болници, бидејќи немало приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци, да ангажираат фирми итн. Во овој дел, Светска банка барала да види одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастар, со цел за да се покаже одржливост на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, бидејќи не е запазена процедурата и одредбите од Законот за градење. Катастарот одбивал да врши упис на истите, бидејќи се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, за да се запишат, а Катастарот врши упис само на недвижности. Економскиот директор на тетовската болница, каде што се случи пожарот, до последен момент се противел на поставување на модуларните болници, бидејќи не се опремени за да се издава здравствена и медицинска нега ниту пак биле во рамките на законските прописи. Сепак, со одлука на Министерството за здравство и тогашниот министер Венко Филипче, модуларните болници се пуштаат во употреба. Клучен факт е дека во моментот на критичниот настан, модуларната болница во Тетово нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство. Болницата изгорела за неполни две минути, за што има и снимки, листа на документи и докази кои Јавното обвинителство ги криеше. Бараме одговори од Абази, зошто ОЈО ГОКК го заштити Филипче? Зошто обвинетите, поранешни директори на тетовската болница рекоа дека вистинскиот виновник треба да седи до нив на обвинителната клупа, а тоа е Венко Филипче? Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозјеИзјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат. За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што нудат понижувачки откупни цени на грозјето. Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето. Затоа бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог Закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм. Понатаму да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов да ја платат веднаш целата количина на грозје која што ќе ја откупат. Трето да се донесе интервентна мерка затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено целото. Црното грозје коешто ќе им остане на лозарите да биде откупено од страна на државата. И ова е најмалку што заслужуваат нашите лозари ова е најмалку што заслужуваат овие луѓе кои што од сабајле до вечер на ова јако сонце работат да ги прехранат своите семејства луѓето кои што ги извадиле последните заштедени пари во текот на минатата година да купат ѓубриво, да ги платат работниците, да платат гориво, да платат вода, со цел оваа година да има соодветен род. Ова е најмалку што оваа ненародна предавничка власт на Христијан Мицкоски може да направи за овие луѓе. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаНормализиран сообраќајот на Граничниот премин ТабановцеМинистерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце. Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05