Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
1Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
2Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
3МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници
ЖивотМеѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза" во КумановоКомората на органски производители и здружението „Живот" Куманово по четврти пат го организираа Меѓународниот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза" во Куманово.Своите производи на отворено во Куманово ги изложија 134 излагачи од државата, Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово, БиХ, Унгарија, Албанија и други држави. Пипер, домати, бадеми, слатка, зимница, вина, сокови, млечни и месни продукти, мед, органска козметика, семиња, презентираа индивидуалните производители, но и фирми, задруги, сојузи. Граѓаните се свесни за предностите од консумација на органски производи, кои, иако поскапи, се вложување во здравјето. Помладата популација се чини дека е посвесна за придобивките, за врската помеѓу исхраната и здравствената состојба на човекот, подготвени се да купат здрави производи и, секако, да платат повисока цена. Горан Балески од Валандово, како претставник на задруга вели дека органските производи имаат сè поголем број консументи. Во задругата има 14 субјекти што произведуваат органска храна и продукти, меѓу нив органски бадем, мед, јапонско јаболко, вишна, калинка, маслинка, јаболко, компир, пиперка, тиква на површина од околу 50 хектари. Во задругата членуваат производители од Валандово, Дојран, Богданци, Куманово, Охрид, Скопје. – Прилично млада задруга сме, но вака заеднички имаме поширока палета на производи, може полесно да се влезе на поголем пазар, вели Балески чие семејство одгледува органски бадем. Континуирано расте бројот на излагачи, производители и компании што се презентираат на саемот, велат организаторите, и оценуваат дека тоа говори за сè поголемиот број производители, но и консументи на органски здрави продукти. – Саемот има цел да им помогне на производителите да ги презентираат производите, да ги прошират контактите во регионот и да ги согледаат предизвиците со кои се соочуваат и да почнат да се вмрежуваат. Размената на искуства е клучна за овој саем, важно е да се вмрежат производителите, да најдат контакти, да се консултираат со институциите, да настапат заеднички на пазарот, изјави претседателот на Комората, Драган Цветковиќ. Меѓу излагачите беше и Весна Јаневска, производител, индивидуален земјоделец од Росоман, која од суровините прави готов производ, македонска традиционална зимница, ајвар, малиџано, лутеница. Таа има и овоштарник од кој произведува слатка и џемови. На саемот понуди и слатка од диви капинки. – Сè што имаме од плантажите, сè што ќе набереме, произведуваме. Имаме наши два хектари, доволно е за едно семејство. Особено сега во екот на зимниците, потрошувачката е одлична. Зимницата и слатката, џемовите се рачно изработени, немам некои огромни количини, но задоволни се и потрошувачите, моите долгогодишни клиенти. Опстојувам 17 години, на почетокот беше тешко, имавме конкуренција, пробивањето беше предизвик, луѓето не сакаа да купуваат од непознати, тој проблем сега го немаме, имаме раширена мрежа, за нас е важно да си го задржиме квалитетот, побарувачка има, но во последно време недостига работна рака, тоа ни е главен проблем, вели Јаневска. Органското производство е тренд, се согласува и Радан Цимбаљевиќ од Беране, Црна Гора. Тој произведува органски житни култури, брашно од овес, јачмен, спелта, 'рж, хељда, пченица, жолта и бела пченка. – Станува збор за автохтони сорти што се чуваат во банката во Подгорица. Органското производство бара многу вложувања, одрекувања. Во моментов актуелни се здружувањата на органските производители, тренд во балканските земји, особено по пандемијата, која некако ги натера граѓаните да размислуваат и да се преориентираат кон здрава храна, вели Цимбаљевиќ. Софија Шутова, претставничка на компанијата „Сид оф лајф", која произведува сирови крекери, произведени од семки, јатки и зачини, вели дека во последниве години расте интересот за консумација на органски продукти. – Семките, јатките се сушат на минимална тенепратура од 46 степени за да останат витамините, бидејќи ако се печат, се губат хранливите нутриенти. Суровините делумно се од извоз, делумно се од наше поднебје, има домашни сертифицирани производи со европски сертификат, вели Шутова. Јатките се од Валандово, семињата како сончоглед се од Мустафино и зачините како рузмарин, лаванда, маточина, нане се од македонско тло. Шутова вели дека влегле во овој бизнис, сметајќи дека има голема количина органски сертифицирани производители, но бирократијата за да се стане сертифициран производител е скапа. – Според мене, добро е да се понудат субвенции за сертификацијата, која е доста скапа и треба да се најде соодветно земјиште за органско производство. Често се случува да нема достапност до вода, нивите се расцепкани, граничат со лозја каде што користат пестиците. Потребна е поддршка на производителите, изјави Шутова. Покрај операторите со храна, на саемот учествуваа и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехранбените производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство и механизација. Претседателката на здружението „Живот", Благица Гавриловска Цветковиќ, рече дека последниве години индивидуалните земјоделци почнуваат да се вмрежуваат и постигнуваат поголеми успеси. На годинешниов саем учествуваа и земјоделски задруги, стручни училишта, комори од земјава и од соседните држави. – Производството на органска храна е еден од стратегиските интереси на двете држави, бидејќи и двете земји имаат добри услови за производство. Веќе подолго време работиме да изградиме систем на соработка, тоа беше и посебна тема на мешовитиот меѓудржавен совет. Многу ни е драго што трета година по ред присуствува здружението на Унгарци и ги презентираме унгарските специјалитети, рече амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс. На саемот се презентираа агенции, асоцијации, федерации, здруженија, владини и невладини организации, стопански комори, издавачки куќи, портали, нутриционисти и дипломатски претставништва и амбасади. Експерти за рурален и земјоделски развој, како и претставници од секторот за развој на руралниот туризам, ја презентираа моменталната состојба на теренот, иницираат дискусија. Претставници од средни земјоделски училишта и факултети, институти се фокусираа на образованието и ширењето на знаењето поврзано со успешниот агробизнис. Органското производство е клучно за државата, од кое добивка имаат самите производители, потрошувачите, целиот систем. Државата има услови за одгледување и производство на органска храна, но потребни се суштински вложувања, сметаат излагачите на саемот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАкадемија 8 со злато на турнирот „Идни ѕвезди 2026“Младите фудбалери на Академија 8, генерација 2018, го освоија првото место на турнирот „Идни Ѕвезди 2026“, кој се одржа на 31 октомври на стадионот на ФК Лепенец во Бардовци.За екипата Академија 8 (1) настапија осум фудбалери: Стеван Видов, Давид Богојески, Иван Иљоски, Јаков Стефановски, Константин Ристески, Јован Јанковиќ, Адни Кадри и Матеј Богдановски. Со борбена игра, тимска поврзаност и посветеност, младите фудбалери стигнаа до заслуженото прво место. Тимот го предводи тренерот Павел Ристов, заедно со тренерите Боби и Пане, со поддршка од родителите, кои беа нивна верна публика во текот на турнирот. Уште еден убав спортски успех за Академија 8 и осумте млади фудбалери кои со својот настап го заслужија златото. Фото: АФТТагови: фудбалери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички заканиТошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор. Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година. „Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски. Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор. Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани. „Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот. Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“. На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети. Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем. „На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЈапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чајАмбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик. Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај. 3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области. Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата. Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook