Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар - Канал 5

Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

Третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ќе се одржи денеска и утре во Гостивар.

Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар
На фестивалот, кој свечено ќе биде отворен вечер во 19 часот, ќе се претстават поетите финалисти избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и од повеќе балкански земји. Изборот го направи жири комисијата чиј претседател е истакнатиот македонски поет, есеист и критичар Бранко Цветкоски.

Тоа се поетите: Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китаноска, Валентина Трајкоска, Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова и Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.

Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот по избор на жирито ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.
Наградите на фестивалот - Гран при, прва, втора и трета награда, како и награда за најдобар странски автор и најуспешна млада искра ќе бидат доделени утре напладне на свечена манифестација.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ го организира Центарот за култура АСНОМ од Гостивар во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители. Настанот е поддржан од Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. 

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД.

Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела.

Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

Македонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија.

Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Во Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер