Меѓународен натпревар по механотроника „Балкан јуниор 2019" викендов во Охрид - Канал 5

Меѓународен натпревар по механотроника „Балкан јуниор 2019" викендов во Охрид

 Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски" е домаќин на седмиот по ред Меѓународен натпревар од областа на електротехниката и механотрониката што викедов ќе се одржува во Охрид.

Меѓународен натпревар по механотроника „Балкан јуниор 2019" викендов во Охрид

На натпреварот „Балкан јуниор 2019" учествуваат екипи со уеници и ментори на технички училишта од сите држави на поранешната заедничка југословенска заедница, како и од Турција и од Романија.

Директорот на ЕМУЦ „Св Наум Охридски" Сашо Недески за МИА појасни дека самото натпреварување ќе биде од областа на механотрониката, а ќе се состои од два дела – демонстрација на знаења и вештини во практичен и теоретски дел.

– Учениците во теоретскиот дел ќе одговараат на 30 случајно одбрани прашања од областа, додека практичниот дел се состои во изработка на гравирана плочка за подвижна врата. Учениците ќе треба да ја изработат подвижната врата, а ќе се оценува брзината, како и прецизноста на изработката на самата гравура, рече Недески.

Резултатите од двете категории се сумираат по што ќе бидат прогласени победниците.

Самото натпреварување „Балкан јуниор" е осмислено со цел поврзување на стручните училишта од областа на машинството и електротехниката од регионот, преку размена на искуства, промовирање на меѓукултурна соработка и запознавање со образовните искуства и животот во државите од соседството. Имепративи на проектот се унапредувањето на знаењето, подигнување на нивото на знаења и компетенции на учениците и наставниците во средните стручни школи, како и потикнување на нивната креативност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новото ажурирање на „Windows 11“ предизвикува хаос на компјутерите

Компанијата со седиште во Редмонд започна истрага за да идентификува и поправи проблем со неодамнешното ажурирање.

Новото ажурирање на „Windows 11“ предизвикува хаос на компјутерите

Според извештајот на „Windows Latest“, неодамнешното ажурирање на „Windows 11“ се чини дека предизвикува сериозни проблеми на некои компјутери. Ажурирањето предизвикува паѓање на игрите, грешки при најавување, проблеми со прикажување на екранот, паѓање на системот и друго.

Закрпата „KB5121003“ за „Windows 11“ беше задолжително ажурирање објавено на 11 август. Тоа беше главното безбедносно ажурирање на оперативниот систем за август и, како такво, поправи над 400 безбедносни недостатоци. Сепак, се чини дека воведе и голем број нови проблеми.

Ова е особено забележливо во гејмерската заедница. Има нагло зголемување на извештаите за неочекувани паѓања на игрите откако се инсталираше ажурирањето. „ARC Raiders“ и „The Finals“, обете од „Embark Games“, се чини дека се особено погодени. Се чини дека ажурирањето ја наруши компатибилноста со одреден драјвер.

„Embark“ работи на поправка за своите игри, иако не е дадена временска рамка. Во меѓувреме, им советува на корисниците да ја отворат командната линија на „Windows“ и да го оневозможат драјверот. Ова е подетално опишано во извештај од „PC World“. Исто така е можно целосно да се избрише закрпата во поставките за Историја на ажурирања. Сепак, ова би ги изложило корисниците на претходно споменатите безбедносни недостатоци.

„Microsoft“ одговори на проблемот, но сè уште не објави план за негово решавање. Компанијата започна истрага и ги охрабрува корисниците да го контактираат Центарот за повратни информации доколку се соочат со какви било тешкотии.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон.

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на целта стигна 17-годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал.

Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух и посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси.

На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри од Свети Наум до Охридското пристаниште, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од осум држави: 11 во машка и 5 во женска конкуренција, меѓу кои четворица македонски натпреварувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отвори Пандорината кутија“ со напаѓање на руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните сектори на економијата во Украина, објави Ројтерс.

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Украина ги засили нападите со беспилотни летала врз руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и рафинериите за нафта, ова лето, обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата за која вели дека е клучна за војната на Русија. Русија одговори со напаѓање на украинската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и објектите поврзани со украинскиот извоз на жито преку Црното Море.

„Режимот во Киев се обиде да ѝ наштети на нашата економија и со тоа ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор што ќе ги погоди нивните најчувствителни сектори на економијата“, рече Путин во изјава за руската државна телевизија.

„Нема да има недостиг на светскиот пазар“

Тој истакна дека руските напади, кои го загрозија украинскиот земјоделски извоз, нема да предизвикаат недостиг на храна на светскиот пазар бидејќи Русија ќе може да го замени исчезнатиот украински извоз, и покрај тоа што Киев ја напаѓа и руската инфраструктура за извоз на жито.

„Имаме тешкотии со испораката на нашата стока, но ќе ги решиме овие проблеми. Затоа, нема да има недостиг на светскиот пазар“, рече тој.

Русија и Украина претходно се придржуваа до договорот постигнат со посредство на Турција, кој овозможуваше безбеден извоз на жито преку Црното Море, но Русија се повлече од договорот во 2023 година.

Рускиот претседател, исто така, повтори дека Москва е отворена за мировни преговори, но само врз основа на „реалноста на теренот“, а не, како што рече, „егзотични“ предлози што ги изнесува Украина преку медијатори.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер