МакедонијаМеѓународен форум за енергија за одржлив развој во Скопје од 28 до 30 октомври, најавени над 600 учесници од 70 државиНад 150 експерти ќе дебатираат на 35 панелски сесии.Скопје ќе биде домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) од 28 до 30 октомври, на кој се очекува учество на над 600 лица, владини и претставници на меѓународни организации и банки, академската заедница, приватниот сектор и граѓански организации од 70 држави. Над 150 експерти ќе дебатираат на 35 панелски сесии. Целта е да се понуди сеопфатна перспектива за глобалната енергетска транзиција преку споделување национални и регионални стратегии за забрзување на чиста енергија, претставување на иновативни технологии и решенија од меѓународни организации, приватниот сектор и академијата. Ќе бидат промовирани механизми за финансирање и партнерства, со обезбедување инклузивно учество на младите, жените и граѓанското општество. Домаќин на форумот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA и ESCWS). Министерката за енергетика, рударство и минирелани суровини Сања Божиновска изјави дека форумот е многу значаен и оти со УНДП на неговата подготовка работеле една година. -Обезбедивме над 150 експерти кои ќе учествуваат како панелисти, а ќе имаме 35 панел сесии. Тоа ќе биде од исклучителна важност за целиот регион и на светско ниво, бидејќи учествуваат сите пет региони, има и од Африка, Латинска Америка, Азија. Скопје и Македонија се ставени не само на европската туку на светската мапа. За учеството имавме интерес од над 1000, имавме селекција, и ќе има околу 600 до 700 лица. Ќе има многу интересни панели кои се поврзани и важни и за Македонија - праведната транзиција, млади во енергетиката. Ќе ни ги кажат искуствата кои се применуваат на светско ниво и ќе се запознаат со работата на Министерството. Очекуваме претставници од над 70 држави, изјави Божиновска, по денешниот брифинг во МЕРМС посветен на организацијата на форумот. Таа најави дека на последниот форумски ден ќе биде потпишана Декларација Скопје која, потенцираше, ќе остане запаметена на ниво на ОН, што значи дека Скопје ќе биде на таа мапа. Постојаниот претставник на УНДП Армен Грегоријан оцени дека темата „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ е повеќе од слоган бидејќи ја одразува итноста која сите ја чувствуваме. - Енергетската сигурност и климатската отпорност се две страни од истата паричка бидејќи светот се соочува со зголемени ризици во однос на климатските промени, поплави, топлински бранови, пожари и сето она што предизвикува стрес во однос на инфраструктурата и економиите. Одржливата енергија претставува клучна двигателна сила за одрживоста во иднинатата, така што на глобално ниво УНДП завршува голема работа на оваа тема. Заедно со енергетскиот акциски план на ОН, Стратешкот план на УНДП сака да постигне трансформативна енергетска цел, а тоа е да имаме уште дополнителни 500 милиони луѓе кои ќе имаат пристап до одржлива, достапна и веродостојна енергетика. За да се постигне оваа визија, потребно е сите заеднички да делуваме и нема подобро место за дискутирање на такви теми од овој форум на кој ќе имаме претставници од многу земји, меѓународни организации, бизнис заедници, финансиски институции, рече Грегоријан. Тој порача дека децентрализраните енергетски системи веќе не се опција, туку стратешки пристап. - Сите сме свесни дека во Северна Макоднја генерирањето на еектричната енергија доаѓа од термоелектраните, но исто така сме и сведоци на трансформативните промени. Децентрализираните енергетски системи не се веќе нешто што е опционано, тие се веќе нешто што е стратешко, а децентралзацијата значи и отпорност и пониски трошоци и енергетска независност. исто така ги поддржува целите на Владата, а тоа значи да се постигнат сите цели според патоказот за праведна транзиција, рече Грегоријан. Укажувајќи дека финансите мора да ги следат амбициите посочи дека на овој форум ќе се покажат различни механизми коишто ќе обезбедат да се спојат и јавниот и приватниот капитал за да се модернизраат и мрежите, за да се овозможи употреба на обновлива енергија и да се направи содветното прилагодување. Форумот IFEСD-14 во Скопје ќе се надоврзе на резултатите од минатогодишното издание, што се одржа во Бангкок, а со цел да да обезбеди платформа за конкретни акции и политики кои ќе ја забрзаат праведната и инклузивна енергртска транзиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook