Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
КултураМеѓународен фестивал за кларинети „Кларифест - Скопје 2025" Здружението за култура и уметност „Артистико“ - Скопје од денеска до 6 април го организира 7. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест - Скопје 2025".Фестивалот ќе биде отворен вечер во 18 часот во КИЦ-Скопје (Салон 19.19) со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државава. Организаторот соопшти дека фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет и дека гости оваа година ќе бидат професори и интернационални солисти на кларинет - Николаи Пфефер од Германија и Габор Варга од Унгарија. Со нив ќе има дводневни семинари за кларинет кои ќе бидат од отворен тип. В недела, 6 април, фестивалот ќе биде затворен со камерен концерт на кој ќе настапат гостите солисти од Германија и Унгарија, во пијано придружба на македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска. Завршниот концерт ќе се одржи во КИЦ-Скопје (Салон 19.19) од 20 часот. Здружението за култура и уметност „Артистико“ информира дека влезот за двата концерта е бесплатен.Тагови: концерт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово – сите екипи остануваат на теренЕкипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а екипите интервенираа и во Буњаковец, како и на други места каде што беа пријавени паднати дрвја, оштетувања и опасности за безбедноста на граѓаните. „Работевме до доцна во ноќта и уште од раните утрински часови повторно сме на терен. Приоритет ни е да ги отстраниме сите опасности и што побрзо да ја нормализираме состојбата. Благодарам на сите служби за нивната пожртвуваност и на граѓаните за разбирањето, трпението и навремените пријави“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар и понатаму ги повикува граѓаните да пријавуваат кризни локации, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата или каква било ситуација што може да ја загрози безбедноста на следните телефонски броеви: 075 219 068 076 350 767 Секоја навремена пријава овозможува побрза реакција на терен. Воедно, апелираме до граѓаните, онаму каде што имаат можност, да помогнат во расчистување на своите дворови и просторот пред своите домови, со цел побрзо нормализирање на состојбата. Екипите на Општина Центар и денес продолжуваат со интензивни активности на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и пристигнатите пријави, сè до целосно санирање на последиците од невремето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
СветИзраел гради ѕид долг повеќе од 23 километри и ја дели Газа на два делаГаза физички се дели на два дела. Израел гради ѕид долг повеќе од 23 километри.Израелската војска во вторникот потврди дека гради голема песочна бариера што го дели Појасот Газа на два дела. Со тоа физички се одвојува областа под нејзина контрола – која опфаќа меѓу 50 и 70 отсто од територијата – од зоните под контрола на Хамас. Потврдата уследи откако компанијата за сателитски снимки „Planet Labs PBC“ регистрираше топографски промени и ги достави снимките до агенцијата „Асошиејтед прес“ (AP); AP прва ја објави веста, пишува „Џерусалим пост“. Сателитските снимки покажуваат дека во текот на изминатите неколку месеци се изградени повеќе од 23 километри од бариерата. Трасата се протега низ Појасот, често минувајќи низ области каде што некогаш се наоѓале палестински населби – населби што израелската војска (IDF) во меѓувреме ги срушила. Со оглед на тоа што Појасот Газа е долг приближно 40 километри, а широк 11 километри на својот најширок дел, песочниот ѕид веќе покрива повеќе од половина од неговата должина. Сè уште не е познато дали Израелските одбранбени сили (IDF) планираат да го изградат ѕидот долж целата должина на Појасот. Исто така, не е јасно дали целта е да се ограничи Хамас и повеќе од двата милиони Палестинци на приближно 30 проценти од територијата – каде што моментално се наоѓаат – или на 47 проценти, односно делот што му останал на Хамас по прекинот на огнот во октомври 2025 година. IDF одбија да му дадат на весникот *The Jerusalem Post* дополнителни детали во врска со димензиите, спецификациите или целите на новиот ѕид. Во последните месеци, IDF постепено – и без поголеми борби – го потиснаа Хамас од линијата што опфаќаше 47 проценти од територијата кон онаа што покрива 30 проценти. Израелската војска наведува дека ова е одговор на фактот што Хамас не го започнал процесот на разоружување, предвиден за почетокот на 2026 година.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ТехнологијаМодели со вештачка интелигенција избегале од изолација и извршиле хакерски напад!?Два модела на вештачка интелигенција од OpenAI независно излегле од изолирана средина и се инфилтрирале во системите на платформата „Hugging Face“ за да направат измама на еден внатрешен тест. OpenAI синоќа го пријави инцидентот, прецизирајќи дека во него биле вклучени комбинација од нивниот најнов јавно достапен модел, GPT-5.6 Sol, и еден уште помоќен модел кој не е достапен за јавноста. Овој настан поттикна дебата за безбедноста и сè поголемите способности на системите со вештачка интелигенција. -Моделите беа дел од внатрешно тестирање чија цел беше да се проценат нивните способности во областа на сајбер-безбедноста. Тестирањето се спроведе без вообичаените безбедносни ограничувања кои инаку би ги спречиле да извршуваат такви операции. Тестот се одвиваше на ExploitGym, јавен систем за евалуација на сајбер-безбедноста, а моделите правилно заклучија дека решенијата за тестот се наоѓаат на серверите на Hugging Face, се наведува во соопштението на OpenAI. „Моделите идентификуваа и искористија повеќе слабости во истражувачкото опкружување на OpenAI и во продукциската инфраструктура на Hugging Face за директно да ги преземат решенијата за тестот од базата на податоци“, соопштија од OpenAI. „Сите докази укажуваат на тоа дека тие беа исклучително фокусирани на наоѓање решение за ExploitGym и презедоа екстремни чекори за да ја постигнат таа конкретна цел“, се додава во соопштението. Од OpenAI изјавија дека инцидентот го сметаат за сајбер-напад од исклучителни размери, кој вклучува најнапредни офанзивни способности забележани досега, и дека нивниот одговор ќе биде соодветен на тоа. Експертите за сајбер-безбедност долго време предупредуваа на можноста за вакви напади. За да се сфати сериозноста на овој инцидент, најпрво треба да се разбере што всушност претставува Hugging Face. Станува збор за американска платформа со седиште во Њујорк, основана во 2016 година, која во заедниците за ИТ и вештачка интелигенција често се нарекува „GitHub за вештачка интелигенција“. Таа служи како глобален центар каде што повеќе од милион експерти, истражувачи и компании разменуваат отворени модели на вештачка интелигенција, збирки на податоци и софтверски алатки. Следствено, пробивот во моделите на OpenAI на нивните сервери не претставуваше само напад врз ИТ-компанија, туку и директен упад во критичен дел од глобалната инфраструктура врз која се потпираат современиот развој и тестирањето на вештачката интелигенција. Извор: Индекс.хрТагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook