Меѓународен фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ од утре до 1 декември - Канал 5

Меѓународен фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ од утре до 1 декември

Фестивалската програма ја сочинуваат македонски, романски, српски и руски филмови, а стартува со објава на интервју со почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, кој се упокои годинава.

Меѓународен фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ од утре до 1 декември

Осмо издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ ќе се одржи од утре до 1 декември, со онлајн проекции на документарни филмови посветени на културното и духовното наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови.

Фестивалската програма ја сочинуваат македонски, романски, српски и руски филмови, а стартува со објава на интервју со почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, кој се упокои годинава. Интервјуто досега не е објавено, посветено е на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена каде што тој лично бил сведок, а ќе се емитува утре во 21 часот на линкот https://youtu.be/YAKAr6XJvwY .

По интервјуто следува свеченото отворање на фестивалот во 21.30 часот со документарно играниот филм посветен на Свети Јаков Тумански, на Coolture- Србија, ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, чиј продуцент е и Милан П. Кићевац.

На вториот ден од фестивалот ќе бидат прикажани портрет на Гордана Драгиќ, д-р по вибрациона медицина „Знаењето е здравје“ и рускиот документарен филм „Оган“ за Благодатниот оган од Ерусалим.

Дел од програмата се и документарните филмови „Приказни од Атос“, „Илјада години историја на Света Гора“ и „Хиландарскиот имот“ на Балкан трип продукција од Србија, што ќе се прикажат на 27 ноември. Следниот ден, на 28 ноември, на програмата се „Манастир Сурпателе“, документарен романски филм за историјата на манастирот, на ТВ Тринитас од Романија и „Ембрион на ренесансата“, документарен филм за фрескоживописот во државава, на Лавиринт, Македонија.

На 29 ноември ќе се емитуваат „Свети Јован Шангајски“, документарен руски филм, портрет на рускиот светител, на Неофит продукција, и „Мајка Храброст - Живот за Никола“, вистинска сторија за болна мајка која го жртвува својот живот за да се роди нејзиното дете Никола, продукција на РТС.

Ќе се емитува и документарниот филм за животот во манастирот Ботош во Романија „Св.апостоли Петар и Павле, Манастир Ботош“ на романски ТВ Тринитас, кој е на програмата на 30 ноември, а по повод националниот празник на Романија.

Фестивалот ќе заврши на 1 декември, во 21.00 часот со рускиот филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање”, најнов документарен филм посветен на режисерот Андреј Тарковски, чие сценарио се состои од необјавениот негов дневник и интервјуа и е илустриран со неговите филмови.

„Богородичен покров“ е единствен фестивал од ваков жанр во државава, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

- Сите филмски проекции и програми се бесплатни. Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност, велат за МИА од Топ Ворлд, продуциската куќа од Скопје, организатор на фестивалот.

Фестивалот е основан 2016. година и досега е поддржан од 12 амбасади во државава и бројни стопански субјекти. Основачи на фестивалот се покојниот Коле Јовановски, монтажер во МРТ и режисер на бројни духовни филмови и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог.

Од годинава, нов почесен претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски, професор на Богословски Факултет „Св.Климент Охридски” во Скопје, автор на многу дела и трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Македонија во Ватикан.

Медиумски покровители на фестивалот се Канал 5, ТВ Сител, МТВ, Алфа ТВ, ТВ Сонце, Вечер, Нова Македонија, МИА и Премин Портал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 18. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 18. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 18. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата сила е во тоа што сте позрели од многумина и што знаете што сакате. Денеска ќе го препознаете тоа без проблем.

Кариера

Ви предлагаат службен пат на кој би можеле да договорите деловна соработка со тим од друга земја. Планирате како тоа да го реализирате.

Здравје и совет

Не треба да брзате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро.

Кариера

Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост.

Кариера

Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста.

Здравје и совет

Здравјето ви е одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку.

Кариера

Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски.

Кариера

На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Ќе бидете весели.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно.

Кариера

Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение.

Здравје и совет

Цврсто стоите на земја.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување.

Кариера

Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци.

Здравје и совет

Успешно се справувате со уморот.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни.

Здравје и совет

Ќе се засили вашата смисла за хумор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво.

Кариера

Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате.

Здравје и совет

Немате смисол за хиерархија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол.

Кариера

Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи.

Здравје и совет

Стабилни сте и цврсти.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе.

Кариера

Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска.

Кариера

Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано.

Здравје и совет

Поминете го слободното време со пријателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Кејти Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа, по критиките за нејзиното прво интервју со новинарите и прашањата за нејзиното прикажување како адвокат, иако не го положила правосудниот испит, објавува „CBS News“.

Службеник изјави за „CBS“ дека Закарија била невообичаено изолирана во текот на неделата и не ги извршувала своите должности како портпаролка на очекуваниот начин.

„Никој не мислеше дека ќе остане доволно долго за да биде вклучена во вистинското донесување одлуки“, рече помошник на Белата куќа.

Закарија, која беше избрана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја замени Каролин Левит, се најде под оган по нејзиниот прв и единствен брифинг во Белата куќа во вторник, за време на кој таа читаше подготвени изјави околу десет минути, а потоа одговараше на прашања од новинари од три медиуми.

Прашањата за нејзините професионални квалификации привлекоа дополнително внимание.

Закарија дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Пепердин, но не го положила правосудниот испит во Калифорнија во 2011 година, тврдење што го изнела.

Таа ги негираше тврдењата дека се претставила како адвокат, велејќи дека никогаш не тврдела дека има лиценца за практикување адвокатура.

Според извори запознаени со дискусиите, се очекува Закарија наскоро да заземе друга позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во петокот, Трамп за нејзината позиција рече дека ја советувал да размисли дали сака да продолжи како прес-секретар во Белата куќа.

„Тие беа толку груби кон неа“, рече Трамп, осврнувајќи се на медиумите, додавајќи дека ѝ рекол да ја преиспита својата одлука, со оглед на нејзиното семејство и притисокот под кој се наоѓаше.

Пократок мандат од Скарамучи

Закарија му се заблагодари на Трамп и ја изрази својата поддршка за американскиот претседател во објава на социјалните мрежи.

„Беше чест да работам за него“, напиша таа.

Белата куќа сè уште не објавила кој ќе ја наследи како прес-секретар во Белата куќа.

Нејзиното заминување потсетуваше на краткиот мандат на Ентони Скарамучи, кој помина само 11 дена како директор за комуникации во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, потсетува американскиот телевизиски канал.

„Рекордите се тука за да се соборат, но јас не уживам во страдањето на другите“, напиша Скарамучи на социјалната мрежа „X“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

Полесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери ​​со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама.

И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени.

„Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите.

Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство.

„Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер