Меѓународен фестивал на тетовскиот театар од 28 септември до 3 октомври - Канал 5

Меѓународен фестивал на тетовскиот театар од 28 септември до 3 октомври

Од понеделник 28 септември до сабота 3 -ти октомври во големата сала на Центарот за култура Иљо Антески Смок ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот фестивал на тетовскиот театар, информираше на денешната прес-конференција директорот на Тетовскиот театар Ваљмир Азири. Пред тетовската публика во шесте фестивалски денови ќе настапат шест театри од земјава и од регионот.

Меѓународен фестивал на тетовскиот театар од 28 септември до 3 октомври
- Отворањето на фестивалот ќе биде со претставата „Доктор Шустер“ во изведба на театарот А.З. Чајупи од Корча, Албанија, на текст од Душан Ковачевиќ, а во режија на Чендрим Ријани. За вторник е предвиден настап на театарот од Враца, Бугарија со претставата „Татко“ на текст од Алан Стриндберг и во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски. Драмата „Буре Барут“ од Дејан Дуковски и во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на театарот Војдан Чернодрински од Прилеп е на програмата во среда додека во четврток театарот Центар Мултимедија од Приштина, Косово, со претставата „Војна во времето на љубовта“ по текст на Јетон Незирај а во режија на Блерта Незирај. Во петок ќе биде изведена претставта „Под маса“ од страна на албанскиот театар од Скопје и во режија на Билге Емин, а фестивалот ќе заврши со настап на домаќините Тетовскиот театар со претставата „Кујнинте“ од авторот Алан Ацукбоурн, а во режија на Илир Бокши, изјави Азири.

Тој посочи дека најдобрата претстава на четвртото издание на Меѓународниот фестивал на тетовскиот театар ќе биде избрана според гласовите на публиката. Селекторот на фестивалот актерот Бајруш Мјаку рече дека програмата е разновидна од светски познати автори како Стриндберг, Ковачевиќ и Дуковски до автори од регионот што веќе се познати и надвор од него како косовецот Незирај. Тој најави дека за следното издание доколку бидат обезбедени соосдветни финасии фестивалот има намера да прерасне во балкански театарски фестивал при што на него би учествувале националните театри од сите балкански земји./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид.

Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување.

Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава.

Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот.

Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција.

Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација.

Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура.

Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие.

Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер