Кинезите ги тренираат роботите за домашни работи и плата од 900 долари- перат садови и редат алишта (ВИДЕО)
2Кинезите ги тренираат роботите за домашни работи и плата од 900 долари- перат садови и редат алишта (ВИДЕО)
Други спортовиМеѓународен фестивал на спортско качување на Демиркаписката клисураВо Демир Капија викендов се одржува меѓународниот фестивал на спортско качување на Демиркаписката клисура. На програмата денеска се рок маратон и презентации.- Качувањето на клисурата во текот на денешниот ден е од изгрејсонце до зајдисонце. Рок маратонот всушност претставува искачување на што повеќе насоки „во водство”. Се бодуваат само искачени насоки без пад. Доколку имаат пад во некоја насока тогаш качувачот се симнува и повторно се качува како по прв пат. Само така се признава како искачена насока и само еднаш се добиваат поени за неа, рече претседателот на Македонската спортско качувачка федерација, Владимир Трповски. Бодовите се добиваат индивидуално и во двојки. - Се прогласуваат качувач победник и пар победници. Победник е тој качувач кој има поединечно искачено повеќе насоки, а победници парови се оние кои имаат заеднички искачено насоки. Паровите можат да бидат мешани, машко-женско, додаде Трповски. Организатор на фестивалот е спортско качувачкиот клуб „Астибо“ од Штип при Македонската спортско качувачка федерација, со поддршка на демиркаписката локална самоуправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПолицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот Жена (54) е уапсена во Солун бидејќи во својот дом чувала повеќе од 200 домашни животни и домашни миленици, соопшти грчката полиција.Жената вчера попладне завршила со лисици на рацете, по инцидент што го имала со Алжирка (35), при што ѝ се заканувала, по што на лице место пристигнала полицијата, пренесува Прототема. Во истрагата што следела, полициските службеници од одделот Терме утврдиле дека Гркинката во својот стан чувала околу 120 кучиња, 70 мачки и десетина кози, без да им обезбеди удобно, здраво и соодветно домување, што ја загрозувало благосостојбата на животните. Против неа е поднесена пријава за закани и кршење на законите за животните.Тагови: солун стан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во КрушевоМаратонците денеска пристигнаа во Скопје, а утре ќе бидат во Крушево. Трчаа од Нова Градишка каде на 16. Октомври 2007 година загина нашиот Тоше Проески. „Нашите маратонци пристигнаа на граничниот премин Табановце и се упатија кон градскиот плоштад во Скопје каде што се очекува да пристигнат околу 19 часот. Од таму преку детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче продолжуваат накај Крушево. ЗА ТОШЕ!“, објавија на ФБ од Здружението на граѓани „Игри без граници“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСлавна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра Сликата „Шарен живот“, познато дело на рускиот сликар Василиј Кандински, беше продадено на аукција вчера вечерта за речиси 32 милиони евра, објави лондонската куќа Кристи.Познатото масло на платно висеше во музејот Ленбаххаус во Минхен со децении. Пред три години беше класифицирано како дело украдено од нацистите, па затоа беше вратено на наследниците на еврејското колекционерско семејство Левенштајн. Кит Гил од аукциската куќа Кристи објави пред аукцијата дека сликата го покажува развојот на уметничкиот јазик на Кандински и најавува извонредна промена во стилот во годините што следеа, пишува dpa. Гил, исто така, нагласи дека делото е длабоко поврзано со културното наследство на родната Русија на Кандински. Едно од клучните дела на неговото творештво Сликата прикажува стари руски мотиви и ликови од бајките, а Кандински ја насликал за време на престојот во Париз под влијание на фовизмот, симболизмот и арт нувото. До ден-денес се смета за едно од клучните дела во неговото творештво. Сликата била купена во 1927 година од страна на брачниот пар Левенштајн од Амстердам. По смртта на нејзиниот сопруг, Емануел Алберт Левенштајн, во 1930 година, неговата вдовица, Хедвиг Левенштајн Вајерман, го позајмила делото на Музејот Штеделајк. Откако германските сили ја окупирале Холандија, делото било продадено на аукција во октомври 1940 година. Според „Кристи“, највисокиот понудувач во тоа време бил колекционерот Саломон Б. Слијпер. Неговото семејство ја продало сликата во 1972 година на Баварската државна банка, која ја предала на Музејот Ленбаххаус во 1973 година, пренесува ДПА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter