Меѓународен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“ во кочанско Оризари - Канал 5

Меѓународен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“ во кочанско Оризари

Во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ и Месната заедница,во населбата Оризари кај Кочани, од утре до 4. мај ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“.

Меѓународен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“ во кочанско Оризари
На фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли и групи од Македонија, Бугарија и Србија.

- Фестивалот има задача да ги сочува народните обичаи, песни и ора поврзани со верскиот обичај Ѓурѓовден, кои традиционално сред село се реализираат секоја година. На фестивалот ќе учествуваат фолклорни групи од Кочани, од Пехчево, како и ансамбли од Банско, Република Бугарија и од Босилеград, Република Србија.На одржувањето на фестивалот се поканети и претставници на УНЕСКО,со цел обичајот и сите други придружни манифестации да бидат заштитени,изјави Марјан Иванов, претседател на Советот на фестивалот.

Инаку, овој прв меѓународен фолклорен фестивал се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Кочани. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода.

- Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . 

Од утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2.

Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар

Поквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. 

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар

Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе не поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, трговската соработка со земјите но и нови пазари за компаниите.

“ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, кој што значи директно поврзување со Црна Гора, автопатско поврзување и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето Бар. Имајќи предвид дека веќе имаме добра поврзаност со пристаништето Солун, градиме поврзување со пристаништето Драч и со изградбата на овој автопат ќе имаме едно одлично поврзување и со пристаништето Бар и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која што не излегува на море да имаме излез на најмлаку три пристаништа” – истакна Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер