КултураМеѓународен фестивал „Денови на комедија“ во КумановоВкупно 13 театри од Македонија, Србија, Бугарија и Косово ќе учествуваат 19. Меѓународен фестивал „Денови на комедија“ во Куманово, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Директорот на кумановскиот Центар за култура, Сашо Костовски на денешната прес-конференција рече дека речиси како по традиција и оваа година фестивалот ќе го отвори Театар Комедија од Скопје со претставата „Име“ на 1. октомври, а фестивалот ќе го затвори комедијата „Бегај еве ја жена ти“ во режија на Коле Ангеловски, а во изведба на Кумановскиот театар. Членот на советот на фестивалот, Петар Темелковски рече дека и годинава,како и претходните фестивалот ќе биде одличен, додавајќи дека е направен одличен избор, особено на комедиите работени во македонските театари. Ристо Стефановски, член на советот на фестивалот нагласи дека публиката и фестивалот прават една целина и дека „Денови на комедија“ не опстојуваат формално како фестивал, туку дека самата публика има потреба од овој веќе реномиран фестивал. Фестивалот „Денови на комедија“ се одржува со поддршка на Министерството за култура. Кумановската публика ќе има можност да ја проследи комедијата “Хамлет од Горно Дупени“ во изведба на Прилепскиот театар. „Границата на власта“ е насловена комедијата на Приштинскиот театар која ќе биде изведена во просториите на Кумановскиот театар. Охридскиот ќе ја изведе претставата „Парламентарки“, а струмичкиот „Народен пратеник“. Претставата „Кокошка“ ќе ја изведе Битолскиот театар пред публиката на шести октомври. Наредниот ден настапува Интермецо продукција од Белград со „Сокин и Босина“. На 10 октовмри Штипскиот театар ќе ја прикаже преставата „Љубовен маратон“. „Хот лајн“ во изведба на театар од Крагуевац ќе настапи на фестивалот на 12 октовмри, а наредниот ден и „Еден Џексон во повеќе„ во изведба на тетатарот од Габрово, Бугарија. „Вообразениот болен“ ќе се игра во Кумановскиот театар во изведба на „Трајко Прокопиев“ -албанска драма Куманово. На 14. октовмри ќе биде изведена претставата „Комедија на грешки“ на Турскиот театар -Скопје. Сите претстави започнуваат во 20 часот, а цената на билетите останува иста како и претходните години 100 денари. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook