Меѓународен фестивал денови на комедија од утре во Куманово - Канал 5

Меѓународен фестивал денови на комедија од утре во Куманово

Со изведба на претставата „Нешто пропуштаме“ на Театар Комедија-Скопје, утре почнува традиционалниот 18-ти по ред Меѓународен фестивал денови на комедија во Куманово, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, со поддршка на Министерството за култура.

Меѓународен фестивал денови на комедија од утре во Куманово
На годинешново издание на фестивалот, љубителите на комедијата ќе имаат можност од 1-ви се до 18-ти октомври да проследат 15 претстави, од кои четири од земјите од соседството. И оваа година фестивалот има ревијален карактер.

- На фестивалот ќе настапат 11 претстави од Македонија и четири на театри од соседството, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија, информира на денешната прес-конференција членот на Советот на фестивалот, Александар Георгиев.

Очекувањата на организаторите е дека ќе се надмине бројката на посетители во однос на претходната година кога беа прикажани десет комедии.

- Во однос на посетеноста, лани регистриравме најголема од 5.000 гледачи, годинава очекуваме таа бројка да достигне околу 7.000, изјави директорот на НУ „Центар за култура“, Роберт Павлевски.

Според Ристо Стефановски, долгогодишен театролог и член на Советот на фестивалот, кумановци ќе имаат можност да уживаат во најдобрите комедии.

Годинава, рече Сашо Костовски, драматург во кумановскиот театар, обрнавме внимание да бидат застапени македонски автори на комедија, така што имаме четири домашни автори на комедии.

На годинашново издание на фестивалот ќе настапи велешкиот театар со „Спанаќ со пржени компири“, продукција Видик Скопје со „Ни ваму ни таму“, Драмски театар од Скопје со „Чолак“, прилепскиот со „Премиера во сабота“. Во четврток ќе настапи штипскиот тетар со „Лулка“, а потоа тетарот од Тузла од БиХ со „Државен Лопов“, во сабота на репертоарот е Евробалкан Институт од Приштина со „Чехов му кажа збогум на Толстој“. На 12. октомври драмски тетар Силистра од Бугарија ќе ја игра претставата „Се бара нов сопруг“, „Слуга на двајца господари“ ќе ја изведе турскиот тетар од Скопје, наредната вечер ќе настапи битолскиот со „Без паника“,по што ќе следи охрдискиот со „Детектор за лаги“, по што ќе биде прикажана „Бонсерс во изведба на албанската драма од Куманово“. Во недела продукција Видик од Белград со „Љубовници“, а фестивалот ќе го затвори премиерата „Идиоти“ во изведба на кумановскиот театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Република Србија, Република Македонија, Република Грција и Република Бугарија, кој се одржува во Белград.

Министерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Република Србија, Република Македонија, Република Грција и Република Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Република Србија.

Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката.

Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите.

Во македонската делегација се и директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС.

Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер ја заврши сезоната!

Првиот тенисер од АТП листата, Италијанецот, Јаник Синер веќе некое време се соочува со повреди, па конечно пресече и донесе одлука – да ја заврши сезоната 2026.

Јаник Синер ја заврши сезоната!

Италијанскиот тенисер го пропушти Ју-Ес Опен, постојано го одложуваше своето враќање и конечно одлучи да не се враќа на теренот оваа година.

Синер истакна дека размислува за својата кариера на долг рок и дека тоа е причината за таквата одлука.

„Здраво на сите, би сакал да споделам со вас кратка информација за состојбата. Заедно со лекарите одлучивме дека ми е потребен третман на коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Изминатите неколку години, особено крајот на сезоната во Торино, ми донесоа многу убави чувства и емоции; оваа година ќе биде сосема поинаква, но во моментов морам да размислувам за мојата кариера на долг рок. Ќе дадам сè од себе за да се вратам во целосна форма. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека наскоро ќе се видиме на теренот“, изјави Јаник Синер во обраќањето на Инстаграм.

Неговите проблеми почнаа да се испитуваат во текот на летото, по здравствените тешкотии што првпат ги почувствува во полуфиналето на турнирот во Рим против Данил Медведев, а потоа и во Париз, каде што доживеа криза на Ролан Гарос и беше елиминиран во второто коло од Хуан Мануел Серундоло.

По паузата и освојувањето на Вимблдон, состојбата како да се стабилизираше. Сепак, за време на подготовките, се појавија нови проблеми со коленото.

Според италијанскиот извор, проблемот бил поврзан со воспаление на илиотибијалната фасција, односно ткивото што учествува во преносот на силите при движење и овозможува лизгање на околните структури. Оттогаш, тој постојано го одложуваше своето враќање и, на крајот, одлучи дека нема да настапува сè до крајот на 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топ десетте најбогати луѓе на светот: Маск, Безос, Пејџ...

Според најновите проценки на „Форбс“, дури седум од десетте најбогати луѓе на светот во текот на последниот месец го смениле својот пласман на листата.

Топ десетте најбогати луѓе на светот: Маск, Безос, Пејџ...

Листата на најбогатите луѓе во светот повторно претрпе значителни промени.Според најновите проценки на „Форбс“, дури седум од десетте најбогати милијардери во текот на последниот месец го смениле својот пласман, а најголемото поместување го направи основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој повторно се искачи на второто место.

Богатството на Безос за само еден месец пораснало за проценети 102 милијарди долари, достигнувајќи околу 370 милијарди долари. Огромниот скок е поврзан со новите проценки на вредноста на неговата вселенска компанија „Blue Origin“, како и на стартапот за индустриска вештачка интелигенција „Prometheus“.

Со ова Безос за првпат од мај 2025 година повторно се најде на второто место на листата на „Форбс“. Од таа позиција го потисна Лери Пејџ, еден од основачите на „Гугл“, кој сега е трет со проценето богатство од околу 286 милијарди долари.

На самиот врв и понатаму убедливо се наоѓа Илон Маск. Неговото проценето богатство достигнува неверојатни 936 милијарди долари, а само во последниот месец пораснало за околу 44 милијарди долари, главно поради зголемената вредност на неговата вселенска компанија „SpaceX“.

Маск сега има повеќе од двојно поголемо богатство од Безос

На четвртото место сега е Мајкл Дел, чие богатство за еден месец се зголемило за околу 28 милијарди долари и достигнало 268 милијарди долари. Причината е силниот раст на акциите на „Dell Technologies“, кои поскапеле за 18 проценти благодарение на зголемената побарувачка за сервери поврзани со вештачката интелигенција.

Основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, падна на петтото место, иако и неговото богатство се зголемило. Брин во последниот месец додал околу 7 милијарди долари, со што неговото богатство достигнало приближно 263 милијарди долари.

На шестото место останува Марк Закерберг, иако неговото богатство забележало еден од најголемите скокови меѓу најбогатите. Основачот на „Мета“ за само еден месец станал побогат за околу 55 милијарди долари, достигнувајќи вкупно 251 милијарда долари, поттикнат од растот на акциите на компанијата.

Од листата, пак, испадна шпанскиот моден магнат Амансио Ортега, основачот на „Зара“. Неговото богатство се намалило за околу 6 милијарди долари, на 141,8 милијарди долари, што било доволно да ја загуби позицијата меѓу десетте најбогати луѓе во светот.

Пад забележал и Лери Елисон, чие богатство се намалило за околу 13 милијарди долари и сега се проценува на 179 милијарди долари. Намалувањето доаѓа по падот на акциите на „Oracle“, компанијата чиј основач е Елисон.

Според „Форбс“, вкупното богатство на десетте најбогати луѓе во светот во октомври достигнало околу 3,1 трилиони долари. Тоа е значителен пораст во однос на претходниот месец, кога нивното заедничко богатство се проценувало на околу 2,8 трилиони долари.

Топ 10 најбогати луѓе во светот во октомври 2026 година:

Илон Маск

Џеф Безос

Лери Пејџ

Мајкл Дел

Сергеј Брин

Марк Закерберг

Џенсен Хуанг

Лери Елисон

Стив Балмер

Ворен Бафет

Сите десетмина на листата се Американци, а дури шестмина од нив имаат проценето богатство од најмалку 200 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер