3Обвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија
Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила
1Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила
СветМеѓународен ден на жената: Од Истанбул до Осло, масовни демонстрации за итна акција и еднаквостПод глобалното мото на Обединетите нации за 2026 година, „Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“, илјадници демонстранти денеска ги преплавуваат улиците на светските метрополи. Меѓународниот ден на жената годинава е обоен со барања за итна институционална пресметка со родово заснованото насилство и крај на економската дискриминација, додека во фокусот на светската јавност е заштитата на жените во воените зони и нивната улога во мировните процеси. Во балканскиот регион, за денеска е најавена масовна мобилизација како одговор на серијата трагични случаи на фемицид кои го одбележаа почетокот на годината. Србија: Во Белград, со почеток во пладневните часови, активистите под мотото „Ниту една повеќе“ ќе маршираат низ центарот на градот. Главните барања се насочени кон законско дефинирање на фемицидот како посебно кривично дело. Турција: И покрај засиленото полициско присуство, во Истанбул и Дијарбакир денеска се очекуваат илјадници жени. Како симбол на отпор против репресивните политики, жените планираат симболични акции со плетење на косата, што означува единство и нескршливост. Албанија: Во Тирана и Корча, денешните протести се фокусираат на социјалните последици од емиграцијата и зголемената ранливост на жените во руралните средини. Бугарија: Во Софија, за денеска се закажани низа конференции и маршеви со фокус на економската рамнотежа и целосно затворање на платниот јаз меѓу мажите и жените. Грција: Во Атина, женските организации денеска протестираат против влијанието на економската несигурност врз работните права на жените и мајчинството. Хрватска и Словенија: Во Загреб и Љубљана, денешните маршеви се насочени кон одбрана на репродуктивните права како одговор на обидите за ограничување на правото на безбеден абортус. Низ европските метрополи, 8 март 2026 година минува во знакот на барања за конкретни правни реформи. Франција и Шпанија: Во Париз и Мадрид денеска се очекуваат едни од најмасовните протести во Европа, со фокус на ревизија на законите за сексуална согласност и еднаквост при вработување. Германија: Во Берлин и Хамбург, денешните собири го акцентираат „невидливиот труд“ и бараат подобро вреднување на работата во домот и грижата за децата. Додека во Вашингтон и Њујорк протестите се фокусирани на репродуктивните слободи, во Аргентина и Мексико денеска продолжува силниот крик против убиствата на жени под слоганот „Ниту една помалку“ (Ni Una Menos). Авганистан: Со огромен ризик по сопствената безбедност, жените во Авганистан за денеска најавија протести во затворени простории, барајќи го своето право на образование и работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски: Како договорот за набавка на „Страјкерите“ поскапел за 36 милиони евра ?Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката .Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во вечерашното Само Интервју.. Министерот за одбрана повика надлежните да ја истражат постапката..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаМицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателствоПремиерот Христијан Мицкоски на ФБ објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп при неодамнешното учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“, објави Мицкоски во описот на фотографијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
ЗдравјеДеветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила Во мало клиничко испитување на персонализирана вакцина против рак на бубрег, болеста не се вратила кај ниту еден од деветте пациенти кои ја примиле. Учесниците биле следени во просек три години и четири месеци по операцијата, а резултатите се сметаат за охрабрувачки, иако поради малиот број испитаници не може со сигурност да се каже дека вакцината спречила болеста да се врати. Персонализирана вакцина против рак Научниците развија експериментална вакцина која го учи имунолошкиот систем да ги препознава клетките на ракот. Процедурата вклучува анализа на туморот на секој пациент, избирање уникатни делови од протеинот, таканаречените неоантигени и нивно користење за да се направи вакцина. Целта е да се стимулира одбранбениот систем на телото да нападне рак кој е специфичен за таа индивидуа. Охрабрувачки резултати од мало истражување Во истражувањето учествувале девет лица со проѕирно клеточен карцином на бубрегот, најчеста форма на оваа болест кај возрасните. Седум пациенти биле во трета и двајца во четврта фаза на болеста. На сите им беа целосно отстранети туморите и во моментот на вакцинацијата немаа видливи знаци на болеста, но беа изложени на висок ризик за нејзино враќање. Научниците се надеваа дека ќе ја искористат вакцината за да го обучат имунолошкиот систем да ги уништи преостанатите клетки на ракот кои се премногу мали за да бидат откриени со стандардни тестови. Сите девет пациенти развиле имунолошки одговор, а кај седум од нив Т-клетките активирани со вакцината успеале да го препознаат сопствениот тумор на пациентот. Потребна е претпазливост при толкувањето Истражувачите предупредуваат дека резултатите мора да се толкуваат со претпазливост. „Со оглед на ограничениот број на пациенти, мора да бидеме претпазливи во понатамошните толкувања“, велат Дејвид Браун од Универзитетот Јеил и Тони Чуеири од Институтот за рак Дана-Фарбер, кој ја водел студијата. Бидејќи студијата немала контролна група, не е можно да се одреди колку пациенти би имале релапс доколку не ја примеле вакцината. Исто така, оваа студија не може да потврди дали додавањето на лекот за имунотерапија ipilimumab, кој го примиле пет пациенти, дополнително го подобрил исходот. Предизвици во развојот на вакцините Развивањето вакцина за рак на бубрезите е посебен предизвик бидејќи овие тумори обично имаат помалку мутации од, на пример, меланомот, што значи помал број на потенцијални цели на вакцината. И покрај тоа, научниот тим успеа да произведе вакцина за секој учесник. „Нашата цел беше да изградиме траен имунитет на антигени специфични за туморот, што на крајот ќе доведе до имунолошки одговор против самиот тумор“, велат Браун и Чуеири. Следењето покажа дека имунолошкиот одговор трае со години. Клучен чекор беше да се потврди дека Т-клетките активирани со вакцина може да ги препознаат вистинските туморски клетки, а не само делови од нив во лабораторија. Во седум од девет случаи успеале да го потврдат токму тоа. „Истражувавме дали Т-клетките активирани од вакцината се способни да го препознаат сопствениот тумор на пациентот“, велат истражувачите, објаснувајќи дека ова е голем технички предизвик бидејќи тие морале да ги зачуваат виталните туморски клетки за секој пациент. Безбедност и идни истражувања Студијата од првата фаза се фокусираше првенствено на безбедноста и подносливоста. Најчестите несакани ефекти беа благи, како што се реакции на местото на инјектирање и привремени симптоми слични на грип. Ниту еден од учесниците немал сериозни несакани ефекти. Иако наодите покажуваат дека е можно да се развијат вакцини кои создаваат траен имунолошки одговор за овој тип на рак, останува нејасно дали тие навистина ги подобруваат резултатите од лекувањето. „Треба да тестираме персонализирани вакцини кај многу поголем број пациенти и да се увериме дека тие навистина ги подобруваат резултатите во споредба со сегашниот стандарден третман“, заклучија Браун и Чуеири. Во тек е поголема студија, INTerpath-004, која тестира друга персонализирана вакцина базирана на технологијата на mRNA во комбинација со имунотерапија. Студијата е објавена во списанието Nature.Тагови: вакцина рак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook