Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
1Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеМеѓународен ден на предвремено родените бебињаАда Куртов родена почетокот на седмиот месец од бременоста со тежина од 680 грама, денеска е ученичка во второ одделение во ОУ „Браќа Миладоновци“. Мајката Сибел вели дека Ада не го памети тој период, а за неа тоа било најтешкиот период од животот. Сибел вели дека сите родители што поминуваат низ ова мора да имаат верба во персоналот на интензиванта нега на клиникита за гинекологија и акушерство. Малите борци денеска беа во клиниката по повод светскиот ден на предвреме родените деца, а нивните сестри и педијатри им се радуваа на денеска големите дечина. На клиниката најмалото бебе кое се родило оваа година тежи 630 грама. За персоналот најважно е вложувањето во нова техника обновување на кадарот. Оделот на интезивна нега постои две децении денеска на медицинскиот персонал од интензвното неонатлано одделение им беа доделени благодарници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград Рекордни околу 4,5 милиони граѓани или 70% од запишаните во избирачките список, излегоа на гласање на денешните вонредни парламенатрни избори во Србија.. Гласачките места се затворија во 20 часот и во тек е броењето на гласови.. Првичните резултати се очекуваат околу 22 часот... Во меѓувреме во центарот на Белград полицијата распореди големи полициски сили со околпни возила за разбивање на демонтрации... Таму е Михаило Донев.. Михаило, има ли некакави навестувања дека Белград го очекјува немирна ноќ, или тоа е само превентивна полициска активност? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook