Меѓународен ден на мајчиниот јазик – повици за зачувување на македонскиот јазик и идентитет - Канал 5

Меѓународен ден на мајчиниот јазик – повици за зачувување на македонскиот јазик и идентитет

Јазикот живее со говорителите и е пожив кога се зголемува бројот на оние што го говорат – порача Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на настанот за одбележување на меѓународниот ден на мајчиниот јазик. 

Меѓународен ден на мајчиниот јазик – повици за зачувување на македонскиот јазик и идентитет

Вели дека државата треба да издвојува повеќе средства за проекти врзани за македонскиот јазик, бидејќи, вели мајчиниот јазик е матична клетка на идентитетот и културата. Според неа интересот за македонски јазик почнува на катедрите по македонски јазик, а продолжува во лекторатите ширум светот.

-Јазикот е темелот на идентитетот, јазикот е како што рекоа пред мене чувар на колективната меморија, но јазикот е и единствениот мост што не води напред во иднината.Одговорноста што ја имаме кон јазикот како кон непроценливо културно наследство и богатство и како моќно нивотворно оружје секогаш и секаде.Чувајќи го и развивајќи го јазикот, ние се чуваме себеси, оти додека живее јазикот, ќе живее и последниот Македонец,- - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка.

Директорката на Институтот за Македонски Јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска вели дека глобализацијата создава голем предизвик на македонскиот јазик во кој се повеќе се користат странски зборови со доминација на еден светски јазик. Професорот на филолошкиот факултет, Гоце Смилевски потсети дека веќе е излезен првиот том од македонскиот етимолошки речник.

-Ние треба како македонисти, како лингвисти, меѓутоа и воопшто граѓаните сите, особено наставниот кадар да се погрижат независно на кој јазик ја одржуваат наставата во Македонија треба да се погрижат за негување и за зачувување на мајчиниот јазик,- - Елена Јованова Грујовска.

-Веќе македонскиот народ и јазик нема да бидат единствените на Балканот и поширокот што немаат свој етимолошки речник. Предизвиците секако се големи, но со екипираноста на институтот за македонски јазик продолжуваме со исто темпо и се надевам дека наскоро ќе видите уште многу, многу значајни дела од областа на македонистиката,- - Гоце Смилевски – Професор.

Настанот го отвори актерот Никола Ристановски кој интерпретираше стихови поезија на Блаже Конески, Ацо Шопов и Петре М. Андреевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Групната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот.

Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија.

Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.

Пинг-понгарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ.

С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер