Меѓународен ден на мајчиниот јазик: „Матица“ и „Алкалоид“ со донација за првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија - Канал 5

Меѓународен ден на мајчиниот јазик: „Матица“ и „Алкалоид“ со донација за првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денеска во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, донација од голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја тргнува кон Љубљана., соопштија од „Матица македонса“.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик: „Матица“ и „Алкалоид“ со донација за првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денеска во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, донација од голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја тргнува кон Љубљана., соопштија од „Матица македонска“.

Од „Матица македонска“, од каде што и почна иницијативата за дарување книги и „Алкалоид“, првата општествено одговорна компанија што се приклучи кон иницијативата, заеднички донираат капитални дела за македонистиката на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Во академската 1961/1962 година, во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за потоа, во академската 1984/85 година да прерасне во Катедра за македонски јазик и книжевност, којашто и денес успешно функционира во рамките на Одделот за славистика. Во пресрет на јубилејот 65 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот, се вели во соопштението, оваа донација од „Матица“ и „Алкалоид“ е и првата поддршка во ваков формат упатена од Македонија до љубљанската македонистичка Катедра по овој повод.

- Катедрата за македонски јазик и книжевност при Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана ѝ го честита на „Матица македонска“ јубилејот 35 години од основањето и ѝ посакува и натамошни успеси и што повеќе читатели и читателки. Со прекрасната иницијатива „Подари книга, подари свет“, тоа сигурно ќе се оствари. Ни претставува голема чест и многу сме благодарни за богатата книжна донација што во рамките на оваа иницијатива ни ја доделуваат првата издавачка куќа во самостојна Македонија и „Алкалоид“. Квалитетните современи изданија секако ќе ја збогатат нашата библиотека и ќе овозможиат потемелно изучување и истражување на македонскиот јазик, книжевност и култура на нашиот факултет. Овие изданија не само што ќе бидат од корист за студентите што ја изучуваат македонистиката во раките на трите циклуси на студии, туку ќе бидат и поттик за нови истражувања, анализи и научни согледби и ќе ни овозможат нови перспективи за афирмација на македонскиот јазик и на вредностите на македонската книжевност и култура. Онака како што и во изминатите децении, изданија на „Матица македонска“ беа референци во нашите проучувања и во пренесувањето на љубовта кон македонистиката кај нашите студенти. Посакуваме овој пример да го следат и другите оштествено одговорни компании, вклучително и за другите универзитетски центри низ светот на коишто се изучува македонистиката, истакнала раководителката на Катедрата за македонски јазик и книжевност во Љубљана, проф. д-р Намита Субиото.

Инаку, Филозофскиот факултет во Љубљана, прв во некогашниот заеднички југословенски образовен систем има распишано конкурс за лектор по македонски јазик, уште во 1960 година, иако и претходно, во рамките на студиите по јужнославистика, македонистиката официјално се изучувала и на универзитети во други земи. Академиците Блаже Конески и Харалампие Поленаковиќ, како тогашни раководители на македнистичките катедри на Универзитетот во Скопје, до Деканатот на Филозофскиот факултет во Љубљана ја имаат испратено својата стручна оценка за кандидатот Блаже Ристовски – првиот лектор по македонски јазик, којшто ја има почнато историјата на словенечката македонистика во академската 1961/62 година. Под палката на вториот лектор, проф. д-р Драги Стефанија, инаку ученик на Блаже Конески којшто повеќе од три децении ја водел љубљанската македонистика, Лекторатот има прераснато во самостојна Катедра за македонски јазик и книжевност, којашто денес, речиси дваесет и пет години под раководство на проф. д-р Намита Субиото се издвојува не само како прв академски македонистички центар надвор од Македонија, туку и како еден од најактивните во светот.

Донацијата од „Матица македонска“ и „Алкалод“ го вклучува речиси целото творештво на првиот лектор по македонски јазик, академик Блаже Ристовски, а опфаќа и огромен број други книги – клучни студии за македонскиот јазик и за македонската книжевност, монографии за македонската култура, избори од творештвото на дел од најзначајните македонски писатели, антологии на современата македонска поезија, проза и драма и историографска литература.

Иницијативата „Подари книга, подари свет“ беше почната од „Матица македонска“ неодамна, во рамките на чествувањето на 35-годишнината од нејзиното основање, заради поттикнување на љубовта кон читањето и за овозможување пристап до книги на читатели секаде каде што е потребно. Со оваа иницијатива, за првпат на ваков начин во Македонија се одбележа и Меѓународниот ден на дарувањето книги. Интересот за приклучување кон иницијативата на „Матица македонска“ е голем. Институции, општествено одговорни компании, јавни личности од повеќе сфери на општествениот живот и читатели од сите генерации искажуваат интерес за приклучување кон иницијативата на „Матица македонска“ за којашто засега е најавено дека активностите траат до крајот на месецов, при што кон неа и натаму можат да се приклучат сите што се заинтересирани да придонесат за овозможување пристап до книги во секој дом, во секоја институција и секаде каде што има сегашни и идни читатели, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert.

Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот.

Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта.

Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата.

На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови.

Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал.

Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја.

Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи.

Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид.

Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола.

Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра.

Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години.

Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“.

Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил.

Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување.

Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. 

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен.

Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните.

Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews.

Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер